Фан клуб: ЖРК Вардар

  • Креатор на темата Креатор на темата bobipp
  • Време на започнување Време на започнување
Ѓокиќ: “Будуќност не може со ништо да не изненади”

Вардарки продолжуваат со подготовките за завршниот турнир во Будимпешта. Се испробуваат новите тактички замисли, се темпира формата и се е насочено кон дуелот со Будуќност. Пикерот во составот на “црвено-црните” Ана Ѓокиќ смета дека само со напорни тренинзи, ракометарките на Вардар може да го дочекаат полуфиналето физички спремни.

Подготовките течат во одличен ритам. Во мислите ни е единствено Будуќност, и покрај сите други натпревари кои ги игравме во овој период. Се подготвуваме напорно, бидејќи само така може да ја одржиме врвната форма. ‘Фајнал-форот’ следи за 15-тина дена и сега сме максимално сконцентрирани на тој дуел. Ги испробуваме сите варијанти кои треба да се искористат во тоа полуфинале, како во играта во напад, така и во одбраната.”

Според Ѓокиќ противникот е добро познат, бидејќи со екипата на Будуќност Вардар СЦБТ се има соочено неколку пати сезонава, но и голем дел од ракометарките се знаат меѓу себе.

“Морам да кажам дека Будуќност ни е многу позната екипа и според мене не може со ништо да не изненади. Тоа се натпревари во кои решава една топка, еден прецизен удар, едноставно очекувам израмнет дуел до самиот крај. Нашиот противник е познат по цврстата игра во одбраната, што според мене е нивното најсилно оружје. Од тоа што може да се види сезонава, тие сите дуели ги добиваат со цврстата игра во одбраната. Очекуваме така да играат и на овој натпревар и соодветно се подготвуваме”.

Во второто полуфинале се среќаваат Митјиланд и Ѓер. Ѓокиќ смета дека на тој меч во блага предност се наоѓа Ѓер, но на вакви натпревари тоа не мора ништо да значи.

Благ фаворит е Ѓер, но тоа е само еден натпревар и се може да се случи. Унгарскиот првак доминираше оваа сезона, но и Митјиланд има што да понуди. Штом се пласираше во полуфиналето на завршниот турнир,сигурно едека станува збор за квалитетна екипа. Иако сите очекуваат сигурна победа на Ѓер, сепак мислам дека и тој натпревар ќе биде неизвесен како и дуелот меѓу Вардар и Будуќност”– изјави Ѓокиќ.

http://www.zrkvardar.mk/mk/news/vardar/815-2014-04-18-08-22-41
 
Вардар СЦБТ – Кожувчанка 49:13 (26:4)

Вардар СЦБТ: Саидова (19 одбрани), Лејно, Костјукова 5, Радичевиќ, Џокиќ, Пино 2, Штериова 7, Николиќ, Дембеле, Фернандез 1, Кликовац 7, Црвенковска, Хмирова 10, Лекиќ, Лојпур 6, Дмитровиќ 6.

Кожувчанка: Кузманова, Јованова 2, Атанасова 1, Стојанова Д. 3, Стојанова П. 2, Алачева, Анониева 2, Ампова 2, Петрушевска, Мамудова 1.

Денес силување, штета имаше шанса и за 50-ка ама ја прекина судијата контрата :mad:
На трибини Џокиќ и Зебиќ и освен овие две денес сите влегоа во игра.Инди излегува со најјак состав мислиш Ѓер ни доаѓа :pos:
За една недела играме со Крим регионална на Кале.Последна утакмица ни е и потоа следи playoff.
Ќе биде добар тест пред да отпатуваат девојките за Будимпешта.
 
Суслина и Ѓокиќ прашина фатија на трибини. Ептен тапа термин инаку ќе дојдев. Ајде во голем број да не има против Крим, да ги испратиме на Ф4.
 
Суслина и Ѓокиќ прашина фатија на трибини. Ептен тапа термин инаку ќе дојдев. Ајде во голем број да не има против Крим, да ги испратиме на Ф4.

Абе ептен се поклапа терминот за со маживе. ЖРК се на 26ти од 16.00, а РК се од 17.00. Дај сега нека го сменат терминов бар 2 саати порано. И у 8.30 да го стаат со Крим ќе идам, само нека го сменат :D
 
Абе ептен се поклапа терминот за со маживе. ЖРК се на 26ти од 16.00, а РК се од 17.00. Дај сега нека го сменат терминов бар 2 саати порано. И у 8.30 да го стаат со Крим ќе идам, само нека го сменат :D
Со крим нема да се игра, се откажале од женската регионална лига, имаше објава на ракометни вести
Инаку победа на вториот тим на ЖРК Вардар во Прилеп
Жито Прилеп - ЖРК Вардар 27-33 (13-16)
ЖРК Вардар- Љубјанаја 11, Саздовски 5, Виноградова 5, Стојановска 4, Трпковска 4, Маневска 2, Митова 1, Ангелевска 1
Во добро светло голманките Петковска и Крстевска
:D
 
Со Ген-Загорје играа со младинки и првин се изјаснија дека ќе го доиграат првенствово со младинките.Ама сега целосно се откажуваат еве ја и потврдата и на нашиот сајт ;)

Крим Меркатор се откажува од регионалната лига

Актуелниот словенечки шампион Крим Меркатор ја напушта Женската Регионална Ракометна лига, а за ваквиот потег раководството испратило известување за официјално повлекување на екипата од ова регионално натпреварување...

http://www.zrkvardar.mk/mk/news/vardar/818-2014-04-19-10-22-29
 
Фотографирање пред Ф4

Ѓер

38.jpg


Мидтјиланд

380.jpg


Вардар

10151924_280234438818868_4638234862708916240_n.jpg


Будуќност

tanks.jpg
 
Ја па само Цвијиќ ја гледам на сликава :unsure:
физички најспремен состав имаат, сите се ѓулиња ако делуваат витко :D Валтеринг кревала триески во теретана :ROFLMAO: А ние имаме фаци ко Црвенковска која се кара зашо Доминос не носат до кај неа дома :icon_lol:
 
Пу јаз'к, до 5 сум на работа. Ќе гледам да дојдам после тоа, ваљда нема да е завршена.
 
На утрешниот натпревар против Металург Скопје ќе настапи првата постава на ЖРК Вардар СЦБТ
 
од сега само во Доминос ќе се јаде :D сите играа, Суслина само се загреваше, не настапи. Анализи после :р
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom