Ајде ајде ајде Вардареееее Вардарееее Вардареееее

Може лека полека да се слави влезот во фајнл фор, а таму не е битно со кој ќе играме

Ја скинав од пцуење Инди дека не ја ставаше Ѓокиќ во игра.
Језда Бегоња се смета за една од најдобри одбранбени ракометарки, сепак не може да го пружи истото како и Ѓокиќ во нападот.
Тоа ни беше клучната замена за победа.
Плус Ина Суслина

Какво голманиште, плус како слави по одбраните, одма ги провоцира противничките.
Нејзиниот одбранет пенал на нерешен резултат според мене беше клучен за победата. Судијата среќа што во таа ситуација досуди во наша корист иначе Пино беше печена за сдве минути. Сепак претходно имаа неколку грешки на наша сметка.
На неколку мечеви се покажува дека одбрана со Ѓокиќ, Пино и Дембеле, ни е најдобра опција. Плус Кликовац...
Така и со Ларвик ја свртевме...
Оваа Хмирова не знам што да кажам, многу јаки влезови знае да извади, ама кога ќе шутне од неизградена позиција ми иде да ја избркам од тимот

Многу некако несериозно влегуваме во мечевиве. Инди влегува со некои експериментални формации како во регионална лига да игра. Не гледам причина зошто не би почнала и со Пино и со Лекиќ во првиот состав...
Данкиве втор пат по ред губат добиена утакмица на гости. Слично им се случи и кај Турингер.
Грот какви додавања имаше

Неколку пати проигра со криви очи до крилата нивни. Ст(Р)ине не искина, затоа што многу касно и излегуваа на блок, но се се подобри во вториот дел.
Пино колку банани им опна, повеќе отколку дечко и во цела негова кошаркарска кариера

Радичевиќ се изглупира со пеналот. Алооо Јоке што ли мислеше во тие моменти. Језда им плесна еден таков на Подравка, ама тоа беше на +10 разлика, а не на меч во кој е тесна работата.
Сепак добро изигра денеска, една од подобрите во нашиот состав.
Лекиќ многу лошо влегува во утакмиците, среќа што имаме повеќе играчи за ротациуја, па откако ќе одмори се враќа во елемент.
И со Турингер имаше ваков старт, и денес исто. Во второ полувреме ги искина со асистенции. Севкупно гледано Грот како лидер во нејзиниот тим, денес беше подобро од Лекиќ, но сепак Андреа проработе во прав момент.