Фан клуб: ЖРК Вардар

  • Креатор на темата Креатор на темата bobipp
  • Време на започнување Време на започнување
Натпреварот го доби дуото Лекиќ - Џокиќ, немаа лек за тоа данкињиве. :cuc:

Конечно второто полувреме и женскиве го добија вулканскиот Борис Трајковски, баш ми е мило ептен!

Но, мора многу примеси да се исполираат за да се осигура фајнл-фор.
 
Победа но со оваа игра ништо не ветува, таму од овие Митјиланд сигурно ќе изгубат а со овие Турнигер исто таму треба да играат доста зафркната е работава, иако имаат добар почеток и најдобра позиција сепак оваа група е доста послаба но со оваа игра против тие од другата група тешко да се добие некој..публикава на театар би била поактивна се слушаа само некој дечиња :)
Лекич во преслаба форма исто Хмирова игра доста слабо, на пикер оваа Ѓокич е подобра опција далеку пред шпанката. Суслина брани одлично исто и како против Савехов од кога влезе им тргна на Вардар.
 
Колку напнато, еден гол ни ја врати радоста :cuc: Браво девојки.
 
Пино ми игра многу убаво ама нема среќа. Коментаторов сврши на Лекиќ немаше некоја поголема причина далеку помалце пружа од нејзиниот капацитет. А и Радичевиќ треба малце да згази на земја кај нејзе навеќе се чуствува летањето во облаци.


Баш заради тоа што Лекиќ си ја крена играта во второ, и тимот изгледаше подобро. Она и асистираше за сите голови на Џокиќ, освен на еден Хмирова.

Слабо разбиваат нашиве. Дмитровиќ и Кликовац кои се таков тип на играчи не знам зошто се плашеа да шутнат, ко Филип Лазаров беа денеска. Се едно исто играме во напад, преку пикер или со финта еден на еден. Оној Вардар од првата фаза играше и на крило, и на блок а и со изразена полуконтра. Сеа ништо од тоа нема, полуконтра слабо, левото крило не го употребуваме ич.

И во одбрана, Џокиќ е цар, за во 4-2 или 5-1 одбрана како исфрлен бек е одлична, ги клешти ко скорпија ама во 6-0 премногу голови примаме преку неа заради нејзината висина. И против Турингер и сеа нивните леви бекови се изнашутираа.

Факт е дека многу индивидуалци играат во слаба форма, пред се Лекиќ и Јока, ама сигурен сум дека тие ќе ја кренат формата, еве Лекиќ веќе го стори тоа второто полувреме, само да го задржи истото.

Не е само до појаките противници како што викате, и до тоа е, ама се гледа дека и Вардар не е тоа што беше. :)
 
Јас ги гледав без коментар, публиката последни 20 минути ме воодушеви, алал вера и старо и младо на нозе се дере. Тоа е ракометот во мојата земја, тоа е навивање кое сакам да го слушнам и видам. Тјуринген ги земаме под нозе, наши се. Имаме слабост на скандинавци, само они ме плашат, ни Ѓер ни свети Ѓер.

Пино на висина на задачата денес. Сите акции од неа поминаа во пресвртот, Ѓокич ти си жено џокерот денес!

После ваков пресврт срцето на место ми иде, Кастратовиќ мајстор си!
 
Ајде ајде ајде Вардареееее Вардарееее Вардареееее :icon_mrgr:
Може лека полека да се слави влезот во фајнл фор, а таму не е битно со кој ќе играме :icon_lol:
Ја скинав од пцуење Инди дека не ја ставаше Ѓокиќ во игра.
Језда Бегоња се смета за една од најдобри одбранбени ракометарки, сепак не може да го пружи истото како и Ѓокиќ во нападот.
Тоа ни беше клучната замена за победа.
Плус Ина Суслина :cuc:
Какво голманиште, плус како слави по одбраните, одма ги провоцира противничките.
Нејзиниот одбранет пенал на нерешен резултат според мене беше клучен за победата. Судијата среќа што во таа ситуација досуди во наша корист иначе Пино беше печена за сдве минути. Сепак претходно имаа неколку грешки на наша сметка.
На неколку мечеви се покажува дека одбрана со Ѓокиќ, Пино и Дембеле, ни е најдобра опција. Плус Кликовац...
Така и со Ларвик ја свртевме...
Оваа Хмирова не знам што да кажам, многу јаки влезови знае да извади, ама кога ќе шутне од неизградена позиција ми иде да ја избркам од тимот :facepalm:
Многу некако несериозно влегуваме во мечевиве. Инди влегува со некои експериментални формации како во регионална лига да игра. Не гледам причина зошто не би почнала и со Пино и со Лекиќ во првиот состав...
Данкиве втор пат по ред губат добиена утакмица на гости. Слично им се случи и кај Турингер.
Грот какви додавања имаше :drk: Неколку пати проигра со криви очи до крилата нивни. Ст(Р)ине не искина, затоа што многу касно и излегуваа на блок, но се се подобри во вториот дел.
Пино колку банани им опна, повеќе отколку дечко и во цела негова кошаркарска кариера :icon_mrgr:
Радичевиќ се изглупира со пеналот. Алооо Јоке што ли мислеше во тие моменти. Језда им плесна еден таков на Подравка, ама тоа беше на +10 разлика, а не на меч во кој е тесна работата.
Сепак добро изигра денеска, една од подобрите во нашиот состав.
Лекиќ многу лошо влегува во утакмиците, среќа што имаме повеќе играчи за ротациуја, па откако ќе одмори се враќа во елемент.
И со Турингер имаше ваков старт, и денес исто. Во второ полувреме ги искина со асистенции. Севкупно гледано Грот како лидер во нејзиниот тим, денес беше подобро од Лекиќ, но сепак Андреа проработе во прав момент.
 
У право е. Или знае да ја одигра или да ја фатиш за уши и право во циганско маало да ја фрлиш да собира пластика.


Знам дека е у право, ја заради бркањето од тим го цитирав. :D

Топло-ладно е Хмирова, ама не може да игра на десен бек. Сите они (Лекиќ, Николиќ, Пино) имаат проблем кога играат таму. Јас цврсто стојам дека таму треба да игра левак, ко што е стандардно. Дмитровиќ или Кликовац, би требало да се надополнуваат и да формираат солиден тандем, па од наредната сезона таму јако име а Хмирова да си игра лево или на среден.

Инаку Портјанко/Николиќ како им ја бапна ендаш под зона, потсети на старите времиња.
 
Драматичен натпревар, јас почнав да го гледам од почеток на второ, сега ќе си го вратам на макс тв и прво да го изгледам. У секој случај, за мене се кралици, ги обожавам, посебно оној налетот кога ја зацврстија одбраната, па имаа две-три украдени топки по ред и изедначија. Тоа беше мерак да се гледа, уиграност на ниво! Кастратовиќ кога ја гледам како им збори, како се нервира и се заложува за девојките, едноставно немам зборови за жената. Ѓокиќ играч на натрпеварот, без трошка двоумење и Суслина која имаше клучни одбрани во најдобри можни моменти.
Последниот напад не дишев, ама и коментаторот убаво кажа, толку лошо и неорганизирано го почнаа нападот, што и уште 10 маркери да имаа џабе ќе им беше, а и нашите беа лавици во одбрана. :D
 
Знам дека е у право, ја заради бркањето од тим го цитирав. :D

Топло-ладно е Хмирова, ама не може да игра на десен бек. Сите они (Лекиќ, Николиќ, Пино) имаат проблем кога играат таму. Јас цврсто стојам дека таму треба да игра левак, ко што е стандардно. Дмитровиќ или Кликовац, би требало да се надополнуваат и да формираат солиден тандем, па од наредната сезона таму јако име а Хмирова да си игра лево или на среден.

Инаку Портјанко/Николиќ како им ја бапна ендаш под зона, потсети на старите времиња.

Хмирова треба да вежба. Незнам колку години има, али и гледам таква празнина во игра, ко дете некое се понаша. Треба да се уозбили, оти ми делува несериозна. Иде на шут на неизградена позиција и има 99% промашај во таков напад. Тоа е катастрофален процент зад себе. Јас ако се прашувам не би и дала таква минутажа. Провиден напад ми има. И фали техника, очекувам за две години да биде она што треба да биде.

Лекиќ се гледа дека е карпа човек, кога ќе шутне страв да те фати. Пино си е докажана. Дембеле, Ѓокич и Јованка би ги играла прва постава со Сусла. Не дека вториот голман ни е лош, сачуј боже тоа дете ми има искинато илјада нерви досега од спротивен табор, али ете Сусила ја има формата. И ова ми е прва постава, другите би ги ротирала на замена. Едно дете наше имаме на клупата со црна коса ама не ја пушта Кастратовиќ, а јас сакам да ја разигра на вакви натпревари не чека репрезентација. Па ако ме чита, ја молам да ги пушти Бица и нашено дете во Тјуринген чисто да ме поздрави. Фала Инди :icon_lol:
 
Јас ги гледав без коментар, публиката последни 20 минути ме воодушеви, алал вера и старо и младо на нозе се дере. Тоа е ракометот во мојата земја, тоа е навивање кое сакам да го слушнам и видам. Тјуринген ги земаме под нозе, наши се. Имаме слабост на скандинавци, само они ме плашат, ни Ѓер ни свети Ѓер.

Пино на висина на задачата денес. Сите акции од неа поминаа во пресвртот, Ѓокич ти си жено џокерот денес!

После ваков пресврт срцето на место ми иде, Кастратовиќ мајстор си!

Наредна пак играме против овие Митјиланд ама на гости ...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom