Фан клуб: ЖРК Пелистер

  • Креатор на темата Креатор на темата Tomasino
  • Време на започнување Време на започнување

Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.254
Поени од реакции
19.591
Локација
Битола
10574530_566215200174700_8098426987436584408_n.jpg

Со цел да се разделат мислењата и да не доаѓа до спамирање машки-женски ракомет во темата за РК Пелистер мислам дека е добро и женската екипа да има своја посебна тема..
Популарнните АМАЗОНКИ(како шо ги нарекува легендата на битолското спортско новинарство Славчо Стефановски):vozbud:
Околу историјатот,успесите на екипата и слично...
Нема што да се каже,екипата во неколку наврати згаснуваше па повторно се враќаше..
А почетокот беше добар,и ветуваше доста,зборувам за периодот на почетокот на 90ите.....
Силен спонзор зад себе,штедилницата ТАТ,доста се вложуваше,солидна екипа за тоа време..
Мал куриозитет е тоа што тогашниот Пелистер Тат беше единствена екипа која во прволигашка конкуренција успеала да добие полувреме против Кометал Ѓорче Петров..(во купот ако не се лажам имаа пораз од Вардар)...
Постарите љубители на ракометот се сеќаваат на Биљана Чурлевска(сестра на прославениот ракометар на Пелистер Боро Чурлевски),на Маринковиќ,голманката Мечкаровска,на странските ракометарки Вдовина,Соколова итн..
Доста солидна екипа беше,за тоа време...
Имаше и неколку настапи на Евро сцената..
Но за жал сето тоа кратко траеше,женскиот клуб за брзо се распадна,по пропаѓањето на главниот спонзор...
Оттогаш клубот егзистираше во стилот падни-стани,со финансии и амбиции колку да се остане на ракометната мапа...
Повремени промоции во супер лига,екпсресно враќање во прва лига,па привремено згаснување на тимот,па обиди со помош на неколку ситни спонзорства како оние на Мултитекс,Саитис,Божур итн да се врати женскиот ракомет,но без некои моменти кои вреди да се спомнат...
Последниот обид за враќање на женскиот клуб е за поздравување,клубот се врати во супер лига(со чија помош не знаеме.велат од општина)се врати тренерот Борче Марковски кој работи во клубот уште од пред две децении кога беше помошник на тогашниот тренер на Пелистер Тат,Мирсад Карабеговиќ...
Се работи за млада екипа,освен голманката Шијакова и средниот бек Мурговска и на Кармата ќерката(ќе ми извини зошто не и го знам името и презимето) останатите ракометарки ми се непознати,па ако е некој запознаен подобро нека даде еден опис за позициите на кои играат...
 
Абе пред 2 недели се решив да одам еднаш да гледам женски ракомет гледам низ град плакати Жрк Пелистер-Жрк Металург и ај си викам ќе одам ќе погледам, знам дека имаат сега добра екипа, одење гледам пижлачиња 15 години, тие кадетите да ти биле, на трибина појќето скопјани со нив шо дошле Битола, па малите скопјанчиња играње алал да му е, особено средниот бек по по по, не отворија како паштета 0:13 ни напраја и не беше појќе интересно...
Иначе ова екипа ја барав не катедите, дечкото од Драчево одма го познај квалитетот во екипата :D
 
17ката една клоца и артритис ќе фатиш.
 
Доста манијачите бе цаури едни...:drk:
 
:vozbud:Сега ја загледав сликата, леле луѓе чим 9чето стигна да биди ракометарка тогаш не ме чуди поќе шо Битола и Македонија немат ракомет.
 
Екипата на Пелистер доживеа хаварија на денешната средба против тимот на ЖРК Металург. Нашите девојки победија со огромни 47:18 (27:7), во меч во кој Металург ја имаше улогата на гостинска екипа.:facepalm:.
 
Ги фати мајата од машката екипа...
Не знам оти не ги изиграја двете утакмици вчера,да не се мачат на пролет да одат и така беа дојдени жените на Сајкало:icon_mrgr:(уште еден Битолчанец од Скопје,шо збори скопски,шо се замишља као чистокрвен Скопјанец човече.Шо му е на он бе човече?):pos:
Ах леле мајко,кој ојде Скопје Скопјанец се напрај....:pipi:
На чело со Јани Макрадули буљашо,кој во кампањата за парламентарните избори 2011 изиграваше локал патриот,демек имал Битолски корени бла,бла,па после за само 1 година се кандидираше за градоначалник на Скопје и глумеше староградски скопски фраер...:pos:
Ах леле шта речи кој послуку порати?:гик:
 
во меч во кој Металург ја имаше улогата на гостинска екипа.:facepalm:.

Еднаш на 5 години иди нивна екипа во Битола, не можи тукутака да се прекинва традицијата. :rolleyes:
Со ова се гледа колкави амбиции имат овие нашите... во мај одново ќе го згаснат клубот. :unsure: Џабе отворавте тема.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom