Tomasino
За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
- Член од
- 19 март 2009
- Мислења
- 9.241
- Поени од реакции
- 19.440
Со цел да се разделат мислењата и да не доаѓа до спамирање машки-женски ракомет во темата за РК Пелистер мислам дека е добро и женската екипа да има своја посебна тема..
Популарнните АМАЗОНКИ(како шо ги нарекува легендата на битолското спортско новинарство Славчо Стефановски)
Околу историјатот,успесите на екипата и слично...
Нема што да се каже,екипата во неколку наврати згаснуваше па повторно се враќаше..
А почетокот беше добар,и ветуваше доста,зборувам за периодот на почетокот на 90ите.....
Силен спонзор зад себе,штедилницата ТАТ,доста се вложуваше,солидна екипа за тоа време..
Мал куриозитет е тоа што тогашниот Пелистер Тат беше единствена екипа која во прволигашка конкуренција успеала да добие полувреме против Кометал Ѓорче Петров..(во купот ако не се лажам имаа пораз од Вардар)...
Постарите љубители на ракометот се сеќаваат на Биљана Чурлевска(сестра на прославениот ракометар на Пелистер Боро Чурлевски),на Маринковиќ,голманката Мечкаровска,на странските ракометарки Вдовина,Соколова итн..
Доста солидна екипа беше,за тоа време...
Имаше и неколку настапи на Евро сцената..
Но за жал сето тоа кратко траеше,женскиот клуб за брзо се распадна,по пропаѓањето на главниот спонзор...
Оттогаш клубот егзистираше во стилот падни-стани,со финансии и амбиции колку да се остане на ракометната мапа...
Повремени промоции во супер лига,екпсресно враќање во прва лига,па привремено згаснување на тимот,па обиди со помош на неколку ситни спонзорства како оние на Мултитекс,Саитис,Божур итн да се врати женскиот ракомет,но без некои моменти кои вреди да се спомнат...
Последниот обид за враќање на женскиот клуб е за поздравување,клубот се врати во супер лига(со чија помош не знаеме.велат од општина)се врати тренерот Борче Марковски кој работи во клубот уште од пред две децении кога беше помошник на тогашниот тренер на Пелистер Тат,Мирсад Карабеговиќ...
Се работи за млада екипа,освен голманката Шијакова и средниот бек Мурговска и на Кармата ќерката(ќе ми извини зошто не и го знам името и презимето) останатите ракометарки ми се непознати,па ако е некој запознаен подобро нека даде еден опис за позициите на кои играат...