Фан Клуб: Хајдук Сплит

  • Креатор на темата Креатор на темата P-S-G
  • Време на започнување Време на започнување
koreografija_torci_340648S0.jpg

ante_vuku_i__hajdu_340675S0.jpg
 
Каква голема победа,вистинска драма на крајот.....головите за победа во последната секунда одсекогаш биле врв за еден играч-кое е само чувството да дадеш гол во последната секунда и да му донесеш победа на својот тим...
А радоста на навивачите е уште поголема кога се извојувавани вакви големи победи....
Секоја чест за играчите на Хајдук,изгинаа на терен против силниот Андерлехт......
Аек изгуби со Зенит 4-2,Хајдук со оваа победа се замешува сериозно во борбата за место во нок-аут фазата....
Следува дуел со Зенит.....има време мечевите се играат на 21 октомври....
 
Мора еднаш во живо да ја почуствувам атмосферата на Пољуд. Колку емоции има само кај навивачите и играчите кога станува збор за Хајдук. Секоја чест! Им се дивам најискрено
 
Стигна казната од УЕФА, 60 илјади евра е казната плус доколку се случи уште нешто вакво, ќе игра Хајдук една европска утакмица без публика на Пољуд.
 
Одма ве стегнаа со казниве.БББ правеа поголеми глупости многу повеќе пати,ама тек кога стварно ја претераа ги казнија со натпревар пред празни трибини.Изгледа овие од УЕФА станаа многу построги.

Иначе за посетата.Стварно е добра,но Сплит нема баш 200 000 жители.Самиот град има 220 000 жители,а со околните населби стига и до 400 000.Каштел и Солин се посебни градови кои се физички споени со Сплит.Тоа ти се уште 55 000 жители.Плус Трогир е град на само 10 километри,а тој има околу 15 000 жители.Плус островите Хвар и Брач кои се одма до Сплит ( 20 000 луѓе).На само саат време од Пољуд живеат нешто под 500 000 луѓе.
 
Донекаде очекуван пораз од Зенит, 2-0..Но сепак има надежи за пласман понатаму, Зенит има 9 бода, Хајдук, аек и Андерлехт имаат по 3.
Очекувам победа дома против аек, на гости најмалку бод против Андерлехт, за со Зенит ќе видиме, не се надевам многу
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom