Фан клуб:Вардар!

  • Креатор на темата Креатор на темата Billa Bong
  • Време на започнување Време на започнување
По сите гнасни работи што ни се случија минатата година околу нашето испаѓање во втора лига, по сите забрани и казни, по оној чуден за нас договор помеѓу КК Вардар и КК Апаве, еве се најдовме во ситуација да се укине второлигашкиот клуб а како што се објави по медиумите и да се води некој кривичен спор на релација КК Вардар-КФМ. Во разговор со управите на двата Вардара договорено е да се бодри единствениот во овој момент Вардар, нема да има никакви промени во логото и клубските бои и ќе се задржи традицијата и историјата. Нема крај за нашите маки но борбата продолжува, веќе во среда имаме натпревар и останува на нам да се адаптираме на новонастаната ситуација.

Ова беше нашето официјално соопштение пред извесен период, од тогаш новост е демек клубот е исфрлен од сите такмичења тој 2лигашкиот а догодина демек ке почнел од најнизок ранг. А нема...нема затоа што тој клуб не го платил долгот претходен од вардар 2000 и не планира да ги плати дефакто ке се укине, сега сите тимови од вардар се префрлаат во вардар апаве највероватно да се нема никакви стари долгови и да можат да функционираат младите школи. Нам ни е кажано дека овој клуб ќе го продолжи континуитет од СД.Вардар, Ако видиме матни игри баталуваме...старата управа слушнавме дека се соочува со течки кривични но немам некое поконкретно инфо за тоа
 
За мечот со СОколи...
Си викам кој е овој Сапунџиев што не растури. Си викам од кај волку добар Македонец да има, а не го знам. А тој Србин да ти бил, Милошевиќ се презивал :D
И Вардар и Соколи играа со мешани дресови тогаш. Пола одс играчите имаа дресови од други играчи.
Со Лирија тоа не беше случај :D
 
тој од соколи е купен само за месец дена му дадоа 3000 евра да им донесе некои победи за опстанок, инаку играл и за репрезентација на Србија и во партизан заедно играл со лестер бо нашиов, симултанка играл против Работнички за малку сам ќе ги победел
 
Страхиња Милошевич, со Партизан и Бо играше фајнал фор.
Одличен играч. МВП на 6то коло со најмногу индекс поени до сега во сезоната.

Kога Дедиќ би имал малку повеќе пари би направил тим кој ќе се бори за титула.
 
масакр денес ни се случи... јес да бевме без двајца играчи али она не се гледаше....
 
Вардар е синоним за успех во младинската кошарка


Ако сакате вашите деца да тренираат напорно и квалитетно, под будно око на млади, квалитетни и максимално амбициозни тренери, тогаш КК Вардар Апаве е вистинското место за нив. Станува збор за клуб што со години важи за еден од водечките. „Црвено-црните“ доминираат кога станува збор за генерацијата играчи до 20 години, со која во последните пет сезони освоија дури осум трофеи (по четири во домашното првенство и во Купот на Македонија).

Во најновиот свој број, магазинот ЕКИПА ви ја пренесува токму приказната за една од најдобрите наши кошаркарски школи. По фузијата со КК Апаве, сега „вардарци“ имаат свои екипи и во категориите до 16, до 14 и до 12 години, па слободно може да се каже дека станува збор за една комплетна младинска школа во која се работи максимално сериозно.

„Во последните шест години слободно може да се каже дека сме најуспешна школа кога станува збор за освоените трофеи во младинска категорија, со што го симнавме од тронот Работнички, кој претходно доминираше. По сплотувањето со Апаве се проширивме и на помладите генерации, но продолжуваме со стручна работа, тука би ги споменал како спортски директор Никола Данев и тренерот Младен Јегдиќ, како и тренерите што беа дел од КК Вардар и во минатата сезона“ - истакнува Бране Андриевски, стручњакот што неколку години по ред освојуваше низа трофеи со младинците на Вардар, па сега е задолжен за работа со првиот тим на „црвено-црните“.

http://ekipa.mk/magazin-ekipa-vardar-e-sinonim-za-uspeh-vo-mladinskata-kosharka/

(y)
 
Ауууу ама гадно згазна Ѓуриќ, ми се згади животов :place:
Крај на сезонава за него...
Дури и противничкиве играчи за глава се држеа...

Врти-сучи он ни беше можеби и најдобар поесдинец во составот, иако имаше некои слаби мечеви, благодарение на неговата симултанка ги издвојувавме двете победи.

Кај сме со очаен состав, уште ова ни фалеше...
Meanwhile после 15 минути игра губиме 47-22 :giggle:
 
Со овој Костески 15-та колку сум играл баскет.Каде со овој во Прва лига бе :D
 
Ауу каков очобол беше ова. Знаев дека ќе изгубиме ама барем достојна борба да пружеа. К Сигурно барем три пати од тројка го промашуваа цел обрач :facepalm: . Седмицата и оној бушавиот на К што се презива се едни од полошите високи играчи што сум ги гледал. Такви непознавачи на центарската игра не сум видел во животот. Колку ни вали еден Керкес сега :love: . Со него опстанокот ќе беше сигурен.

Комбат солидно навивање со оглед на тоа што поголемиот дел од мечот разликата беше 25+ . Дечките бележат одличен напредок. Лани на почеток на сезона 30+ беше успех, а сега дупло ако не и повеќе во ваков лош термин. :)

пс. колку беше ладно во сала ко уличен баскет да играа, а не прва македонска лига. Без бубрези останав :mad:
ппс. Штета за Ѓуриќ без него многу тешко ќе биде да се обезбеди опстанок..
 
Гајовиќ игра мизерна сезона. Под итно треба да го отпуштат и на негово место да се донесе поквалитетна замена.
Какви бунари правеше од чисти позиции мајко мила...
Ви реков ја дека е измачување да се гледаат утакмиците на Вардар... :icon_mrgr:
За Костески коментирав многу пати претходно така да што и да кажам е излишно :D
Кралевски веќе нема душа да игра. Слаб е кондициски, некако и помлитав е за разлика од порано, така да тешко ги добива битките со другите центри.
 
Ни фалат "само" едно 5 играчи за да можеме да се носиме со Работнички:facepalm:
 
Алелуја една асална утакмица да видиме :icon_mrgr:
Вардар-Куманово 74-84!
Да му ебам мамицата у пичка на оној Мандиќ. Едно 40 коша ни даде, од дома да ја фрлеше топката ќе дадеше тројка. Сам не победи :tapp:
И прв пат за судењето да коментирам. Очајно судење. Не утепаа со исклучувањето на Трифуновски. Не сум сигурен зошто му дадоа исклучувачка техничка.
Мечот почна со водство на Куманово. Губевме во разлика од 6 до 12 поени, а од наша страна имаше симултанка од Костески. Одлично изигра во напад, го утепа Луковиќ. Имавме проблеми со покривање на Луковиќ во нападот, мораше да го усдвојуваат па повеќе простор добиваа Мишковиќ и Мандиќ.
И двајцата не растурија. Кога не му одеше на Мандиќ, погодуваше Мишковиќ. Од кај ги откопаа овие му ебам мамата.
И нели имаше некое правило во лигава за лимитиран број на странци?
Па човече освен Јанески и Радуловиќ друг Македонец немаат во тимот или грешка сум? :eek:
Вардар имаше убава втора четвртина. Лека полека го топевме противничкото водство со кошеви на Костески и со добрата игра на Кочов кој многу ни фалеше во претходните дуели. Плус ова беше прва утакмица кај што изигравме добро во одбрана. Дојдовме до израмнување ако не се лажам и имавме напад за водство или пак губевме 2 разлика и имавме напад за израмнување. Утнавме зицер под кош но повторно се изборивме за топката. Лефковски се лизна и ја изгуби, Куманово имаше контра, ја заглавија малку топката, но мислам дека Паран искочи пред кош и беше фаулиран од Трифуновски. Беше фаул, но ИСКЛУЧУВАЧКА ТЕХНИЧКА?
Господ знае зошто ја досуди судијата. И тука не пресекоа, останавме без еден висок кошаркар кој ни беше битен во одбраната, и во игра мораше да влчезе Кралевски. Кралевски од очаен поочаен... Катастрофа беше денес особено во нападот.
Куманово одново се одвои.Притоа пред исклучувањето на Трифуновски судијата не виде 2 коша на Вардар. Луковиќ денес мавна 100 банани, ама две од нив беа кога топката беше во паѓање и тоа беа ЧИСТИ ПОЕНИ...
Вардар одново дфаде гас во третата четвртина и тоа во нејзиниот втор дел. Проработе Гајовиќ. Човеков има некои финти, ама завршницата му е нула. Мора да најдат подобар странец од него, па и од оној Василевиќ...
Цела трета четвртина резултатот беше меѓу 2 и 10 поени, а Куманово беше одржуван воглавно од кошевите на Мишковиќ, но на крајот со тројката на Гајовиќ во последните секунди дојдовме до -5.

Последната четвртина почна со нова тројка. Проработе Предраг Пајиќ кој погоди за -2. Ама се одново проработе Мандиќ. Здена тројка од неизградена позиција...
И тука на -5, судијата не досуди чист фаул при наша акција, топката падна кај противниците кои погодија за -7...
Потоа досуди фаул за Куманово иако последен со топката играше некој од гостинските кошаркари и Мандиќ одново погоди за тројка за навестување на победата на Куманово.
До крај само рутински се доигра мечот, а Мандиќ погоди уште некоја тројка.
Како слободни ги шутираше матер му ебам. Мислам дека 4-5 тројки даде во последниот период и тоа од не толку изградени позиции...

Ваквата игра влева надеж дека можеме да добиеме уште некоја утакмица.
За нас многу е важно да го добиеме Карпош Соколи во гости. Голем минус е што толку многу изгубивме дома од нив, ама толку лош меч нема шанси уште еднаш да изиграме.
Сега играме со Фени на гости ако не се лжам, па со Пелистер дома меч кој мора да го добиеме, па со Соколи во гости.
 
Коњанику да си бил на минативе 3 утакмици на Куманово на домашен терен и ти ке го пцуеше Мандиќ,човеков од соблекувална шутира цело време и од неизградени позиции вчера го тргна,а против Кожув на домашен немаше кој не го пцуеше во сала,нашиов тренер авторитет 0,му вели на тајмаут „Вуле јебо те бог што се не вратиш“.А иначе гледам си пишал од кај ги ископале играчиве Мандиќ и Мишковиќ,па нашиот екс тренер Љубисав Луковиќ е скаут на Феникс Санс,се занимава со тоа и тој ги нашол играчите.

Имаме 5 странци во моментот Вранеш е повреден,а кога ке се врати после нова година,ке се ротираат со Ројс Паран,а во Библ ке играат сите пошто таму нема правило.Димчевски се враќа после нова година,во полна пареа,плус изгледа ке продолжи уште една сезона му било понудено во четвртокот,на него му одговара и онака само искача и дреме по Куманово,кога ке ми текне лажеше масата дома дека му ја скршила ногата,а тој се тепал навечер кога излегувал и гурнале маса накај него и му паднала врз ногата,трагедија... :icon_lol:

Како немаме бе друг Македонец бе. :D
Маневиќ(детево е кумановец),Јовановски,Диневски,Мачки,Младеновиќ,Радуловиќ,Станимировиќ,Димитар Илиевски итн...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom