Фан клуб:Вардар!

  • Креатор на темата Креатор на темата Billa Bong
  • Време на започнување Време на започнување
Oва е за КК Вардар од Втората лига, тој оригиналниот... или не :confused: Во секој случај глупа одлука според мене, исто како и идејата за менување име на ЖРК Вардар


lg.php


ЦРВЕНО-ЦРНИТЕ ДОБИВААТ НОВ АМБЛЕМ

Кошаркарите на Вардар отсега ќе бидат познати како - „волците“ од Кале (ФОТО)

Најстариот македонски кошаркарски колектив, екипата на Вардар, кој е формиран далечната 1947 година, наскоро ќе добие нов амблем на кој ќе доминира – волкот.​
mkd-83520.jpg
Логото со волкот (лево) ќе го замени доскорешниот амблем на КК Вардар​
Ова е животно е избрано за заштитен знак на црвено-црниот тим, кој годинава настапува во Втората лига, поради што во иднина кошаркарите на оваа екипа ќе бидат познати како „волците“ од Кале. Постои сериозна шанса новиот грб со волкот на него да биде прифатен и од другите спортски колективи што се дел од спортското друштво (СД)„Вардар“.
Ќе се обидам идејата за нов грб во кој би доминирал волкот да им ја пренесам на останатите членки на СД Вардар каде што сум претседател. Мислам дека станува збор за интересна промена“, изјави претседателот на црвено-црните кошаркари, Владо Воиновски.
Вардар нема да биде првиот клуб што го искористил волкот како заштитен знак односно референца за своите кошаркари. Хрватскиот гигант одамна го има ова животно во својот амблем, а играчите на овој тим се познати како „волците од Тушкањц“.
И.К.
 
Комбат:
По сите гнасни работи што ни се случија минатата година околу нашето испаѓање во втора лига, по сите забрани и казни, по оној чуден за нас договор помеѓу КК Вардар и КК Апаве, еве се најдовме во ситуација да се укине второлигашкиот клуб а како што се објави по медиумите и да се води некој кривичен спор на релација КК Вардар-КФМ. Во разговор со управите на двата Вардара договорено е да се бодри единствениот во овој момент Вардар, нема да има никакви промени во логото и клубските бои и ќе се задржи традицијата и историјата. Нема крај за нашите маки но борбата продолжува, веќе во среда имаме натпревар и останува на нам да се адаптираме на новонастаната ситуација.
 
каква драма, каква пресвртница ајде па од година може и Самс ќе влезе :pos:
 
Извештај од Коњаникот Сабја :)

Откако се реши да се бодри Вардар Апаве (веројатно они ќе бидат налседниците на КК Вардар), решив да го проследам денешниот меч :)
Малата сала Кале беше полна, и сите очекувавме изедначен меч.
Карпош Соколи со неколку наши екс играчи. Кирил Павловски, Владимир Георгиевски и Ангел Тасевски. Сите носители на противничката игра.
Ептен се појаки од нас, така да многу тешко дека ќе завршиме трети од позади на крај. Имаме две победи над Фени и Пелистер на гости, ама не очекувам да бидеме пред Фени на крај, а Пелистер би требало да е последен.
Немаме центри, откако отиде Штерјов и откако си отиде ланскиот центар Керкез, немаме соодветна замена. Филип Кралевски делува истрошено веќе, додека надежта Костески беше уништен од Павловски денеска.
Овој Павловски втора младост доживува, колку е ослабен човек не може да го препознае. Поподвижен е од порано, го изеде денеска корпулентниот Костески. Има некоја шанса Костески да прерасне во добар играч, но мора да научи да игра подобро центарски.
Прв пат го гледам тимот во сегашен состав, така да некои играчи не ми беа познати. Трифуновски беше најпрецизен од наша, веројатно дечково доаѓа од екс Апаве. Солиден играч.
Најмизерен беше Ѓуриќ. Имаше промашени положувања на ниво на најслабите играчи од маалски баскет. Ау човече, каква цепеница беше денеска.
Од Гајовиќ очекував највеќе, но истотака се изгуби.
Додуша сите беа катастрофа денес. Дури и оние кои беа најперспективни во Вардар денес беа камењари. Ивановиќ и Пајиќ беа очајни во малата минутажа што ја добија. Лефковски беше камен, Лазаревски кој е можеби најсифорсиран имаше светли минути на крајот, но имаше и катастрофална реализација на слободни. Којзнае колку промаши...
На крајот сепак дојде до 11 поени, воглавно откако Соколи ја ставија втората постава.
Немавме никакви акции, само влезови на сила, кои завршуваа со пресмешни промашувања.

На спротивната страна Георгиевски не растури. Имаше 3/3 за тројка после 2 минути игра. На крај мислам дека 6-7 тројки ни даде. Само една или две утна...Сепак разликата ја правеа под кошевите каде што беа предоминантни преку Павловски и за мене непознат играч Сапунџиев. Одлично изигра дечково, чиста десетка.
Имаа и они еден куп млади играчи кои добија шанса во последната четвртина.

Прва четвртина беше израмнета иако гостите цело време водеа. Вториот дел од втората четвртина бевме хаварија. Затоа на полувреме отидовме со 29-42.
И кога мислев дека трета четвртина ќе биде подобро, буквално душата ни ја извадија :D
Прв пат гледам една екипа за минута и пол да искочи од бонусот :/
Нашиве се изгубија, одеа на лична на Павловски, судијава пробуваше да не врати во игра, но ни тоа не помагаше хахаха
Не растурија со огромна серија, одвај 3-4 поени дадовме за 7-8 минути. Од 25-та минута па до крај разликата беше над 20, а на моменти мислам дека губевме и 30-тина разлика...
На крај ублаживме на 59-80...
Мора да го спомнам тренерот на гостите, Ацо Петровиќ. Колку беше живчан цел меч, водат 25 разлика он се дере како мрднат зошто утнале некој напад :D Цел меч скокаше до линијата.

На трибини имаше одлична атмосфера. Комбат во бројка околу 60 души изнавиваа за чиста десетка. Постојано пеење, а во мала сала се слуша како грмење :D Цела трибина се тресеше во моменти кога се свиреше на противнички напади или кога се пееа одредени песни. Весели песни на репертоарот во текот на целиот меч :D
Некој да не знаеше колку е резултатот, ќе мислеше дека ние водиме со 20+. На крај кошаркарите беа доста фер и сите отпоздравија со навивачите, па се пееше паралелно публика и играчи :)
 
Извештај од Коњаникот Сабја :)

Вардар-Лирија 54-84!
Требаше денес Лирија да биде гостин, и којзнае како ја извртија работата Вардар да се води како домаќин. И двете екипи играат во иста сала, така да не прави разлика.

Иако Вардар се водеше како домаќин, на трибините сепак Лирија имаше многу повеќе публика. Сепак немаше навивање, само повремено рипање на неколку атрактивни коша на Наред.
Лирија е каде-каде појака од Вардар и резултатот горе доле е очекуван.
Многу мерак имам да видам како ќе напредне центарот Костески. Таква грамада од играч може комотно да го изделкаат во тешко центариште. Засега нема резултати, само играње на сила.
Ја изгуби битката со Симиќ денеска.
Лирија имала одличен состав. Тасовски, Симиќ, Наред, Самарџиев, Караколев, Мијовиќ и Ѓуришиќ или како и да се вика еден Србин :)
тасовски мека рака има крв му ебам, тројкине како слободни ги дава.
Краколев гнида невидена, за секоја судиска одлука се бунеше.
Судиите судеа лошо во корист на гостинската екипа, но тоа не влијаеше многу на резултатот.
Мечот почна со кош на Костески, но потоа Лирија имаше голема серија. Уште во втора четвртина направија огромна разлика, па на полувреме веќе водеа со 28-43. Во втора четвртина доаавме на 10-, а најблиску се приближивме во трета четвртина до 12 разлика.
Вардар од овие два меча што гледав, нема никаква замислена акција. Разочарувачки за состав кој реално подолго време игра заедно (со мали промени годинава). Се оди само на сила. Еден играч ќе ја фати топката и оди на некое бесмислено положување, или па рокаа шутеви за три од неизградени позиции. И нормално додавањето до Костески од кој очекуваат дека e Шекил ОНил...
Еднаш изигра добро центарски (кош и слободно) и во таа акција во налетот дури успеа и аркадата да му ја пукне на Лабинот Идризи па мораа да го извадат од игра :D

Ѓуриќ ако беше дрво со Соколи, денес беше единствен расположен за игра. Мада и он беше пресебичен. Кога ќе тргнеше во акција, ќе го удвојат и место да извади до осамени играчи он шутираше. Гајовиќ има доста брзи потези, ама типов не знае да положува. Само ќе се улета и ја шлака во табла...
Лазаревски беше солиден денес, и Кралевски не беше лош како центар. Костески почна очајно и поголем дел од мечот играше Кралевски.

Лирија беше доминантна цел меч. Симиќ и Тасовски шутираат тројки како слободни да се. Мијовиќ не ме импесионираше многу иако го испофалија на форумов :) Тој Ѓуришиќ ми се виде како покорисен играч. Кога се добилиживме на некои 12-тина разлика и бевме во налет во трета четвртина он со тројка и асистенција не отпиша. Имаа неколку убави акции за Наред кои завршуваа со цепелини. Но и Вардар имаше едно такво забивање за конечно атракција за мала радост од наша страна :D
Овој Наред какво мајмуниште е, при секој утнат шут скокаше по едно метро, не можеа топка да фатат од него.
Али ептен препотентно изгледаше, затоа си доби и свирежи во еден дел од мечот.

Има мала надеж во составов. Кочов го нема во составот, а он во првите неколку кола беше доста корисен...
Веројатно е повреден, не сум информиран.

Реално во лигава, против Работнички, Лирија, Кожуф и Куманово не можеме многу да се носиме. Фени ги изненадивме, Пелистер може да го мачкаме два пати, а со Карпош Соколи иако изгубивме катастрофално можеме ако ништо друго достојно да изиграме. Струмица е енигма, ама верувам дека на домашен со нив би гледале добар меч :)
 
Ste za edna komiti kajgana sobiranka slednata utakmica ( mislam protiv kozuv ) ? Ja nikoj osven Charlton ne poznavam pa taman prilika da se zapoznaeme :)
 
Ste za edna komiti kajgana sobiranka slednata utakmica ( mislam protiv kozuv ) ? Ja nikoj osven Charlton ne poznavam pa taman prilika da se zapoznaeme :)


Може да се договориме :)
Не се секирај ние те познаваме :P :D
 
Па Комбат излегоа со соопштение дека ќе го бодрат Вардар кој требаше да игра во втора лига, потоа излегоа со соопштение дека ќе го бодрат овој Вардар и така, ваљда се немаат договорено :icon_lol: Премногу глупости направија овие од Вардар секоја година фузии, измени на имиња, па ново лого, така да и најверните не знаат кој е вистинскиот Вардар и за кого треба да навиваат. Штета, само не ми е јасно нели тоа е свето име Вардар а така се дозволува да си играат поединци со него, зарем не треба некоја реакција од навивачите, или Комитите реагираат само таму каде што има успех ? Секоја чест за Комбат али и нив изгледа им скурчи со оваа рашомонијада.
 
Па Комбат излегоа со соопштение дека ќе го бодрат Вардар кој требаше да игра во втора лига, потоа излегоа со соопштение дека ќе го бодрат овој Вардар и така, ваљда се немаат договорено :icon_lol: Премногу глупости направија овие од Вардар секоја година фузии, измени на имиња, па ново лого, така да и најверните не знаат кој е вистинскиот Вардар и за кого треба да навиваат. Штета, само не ми е јасно нели тоа е свето име Вардар а така се дозволува да си играат поединци со него, зарем не треба некоја реакција од навивачите, или Комитите реагираат само таму каде што има успех ? Секоја чест за Комбат али и нив изгледа им скурчи со оваа рашомонијада.

Коа не знаеш не брза со проценките, ќе имаше реакција ама и овој Вардар во прва лига е истата управа од лани само што додаден е спознорот Апаве, имаат и тие некој челн во управата ама повеќето се од ланскиот Вардар, логото нема да се менува така е ветено.
Сепак има на форумов член од Комбат кој е најупатен во ситацијава па коа ќе види вероајтно ќе обајсни најубаво.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom