Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
cestito pobeda.37-37 на полувреме во Струмица. Треба да се добие мечов со противник кој е можеби за нијанса посилен...
--- надополнето: Nov 12, 2011 6:48 PM ---
Аууууу што им направивме во третава четвртина ПАРТАЛИ!!!!
Третата четвртина Вардар ја добива со неверојатни 12-34!!!
Вардар има предност од 49-71 пред последните 10 минути и му се насмевнува втората победа сезонава.
Георгиевски ги уништува, 26 поени засега!
--- надополнето: Nov 12, 2011 7:22 PM ---
Ајде честито втора победа сезонава.
На крајот ќе беше за малку од готово вересија
АБА намали на -9 по само 5 минути игра и имаа напад за намалување на водството. Сепак работите се вратија во нормала, се разигра Радуле покрај неверојатниот Георгиевски за да се врати разликата на сигурни +15.
И како и секогаш хаварија во последните минути. Тоа го може само Вардар
Од -11 на минута до крај, АБА дојде до -4 на 23 секунсди до крајот.
Но направија техничка, Тасевски погоди две слободни, а Георгиевски во дополнителниот напад распали тројче. АБА вратија веднаш со тројка, но време за пресврт немаше. Конечниот резултат е 95-101 .
Загрижува тоа што во последната четвртина Вардар прими цели 46 коша
По четвртини: 23-25, 14-12, 12-34, 46-30!
Владимир Георгиевски сигурно ќе биде играч на колото. Постигна 37 поени со скор од 8/9 за 2 поени, 4/5 за 3 поени и 9/10 за 1 поен. На ова доаде и 9 скока, 5 асистенции и една украдена топка. Браво!
16 коша додаде и Радуловиќ, 14 Штерјов, 11 Костески а двоцифрен број кошеви имаше и Тасевски и тоа 10 поени...
Тој е.Овој Георгиевски е тој што играше за Мзт,носеше број 8 на дрес или грешка сум?
http://basketball.org.mk/?ItemID=163A17355338074886F450314857C246
Георгиевски МВП на колото. Плус има најмнгоу индексни поени, досега во првенството![]()