Фан клуб:Вардар!

  • Креатор на темата Креатор на темата Billa Bong
  • Време на започнување Време на започнување
Слаба утакмица на Вардар денеска...
Вардар беше конкурентен само во првите 4-5 минути, а потоа двоецот Гече-Чековски си го направи своето.
Никаква одбрана немавме за нив, плус како пуцаа тројки, мисламдека ни Лејкерс неможеше вечерва да ги победи МЗТ:)
Радуле почна добро, после го затворија и се направи голема разлика од 20-тина коша, која беше намалена на 10 на полувреме.
Денес мислам дека Вардар даде само една тројка или пак ниедна...
Штерјов беше најдобар. Какви хорокчиња маваше секоја чест...
Дојде Вардар на -8 во втор дел и тоа беше се...
Се разиграа и Чековски и Далман, Гечевски стандардно и направија скоро +30....
Со крај можност добија и вторите постави...
Гечевски прави разлика во 10 класи. Да дојде во Вардар и Вардар ќе освои титула у пм :D
Мечот иако беше досаден пошто беше решен уште по една четвртина, ссепак имаше неколку убави моменти.
Имаше по некое куцање на двете страни и неколку атрактивни нлокади и на двете страни.
Штерјов ја бапна најдобрата кај Вардар (или Стефановски беше), а Стефановски на спротивната страна испи ненормална банана од Чековски.
Фемили навиваа солидно, лагано цел меч, а на споритвната страна имаше и 50-тина членови на Комбат 87(воглавно од Хром, Ѓорче, Карпош). Но голем дел од нив (80%) не сум ги видел на фудбал, иако пееа песни кои ги пееме на фудбал :D
Солидно навиваа како за група која сега почнува со навивање, иако Вардар губеше целиот меч. На крај сите заедно славевме. ФА си славеа победа, а огромен аплауз добија и кошаркарите од Вардар.
Идеше неколку пати и "Шампионе, шампионе...":D
 
Значи овој Георгиевски сите тесни утакмици ги заеба.
Што се дешава со него стварно не ми е јасно.
Ја усра со Работнички, со Куманово и сега ја продава и со Лирија.
Губи топка, и после утнува две слободни...
Ццццц
 
Победа од 85-75 над АБА обезбедена во последната четвртина која Вардар ја доби со 28-18 :)
Победа која најверојатно му носи опстанок на Вардар иако тимот сеуште има теоретски шанси за во Суперлигата.
Сега има мала пауза па следуваат два дуели со Кожув и Куманово.
Победи во двата меча, под услов победата да биде над 6 разлика (мислам дека толку изгубивме таму:)).
Иначе денес најдобар поединец Георгиевски со 26 коша, 22 на Радуле, 13 на Штерјов:)
 
Еве им огромна шанса на Вардар да одлучуваат на свој терен дали ќе играат во Супер Лигата.
Кожув се казнети со еден натпревар без публика а исто така и најдобриот поединец им е казнет Душан Домовиќ Булут.
 
Ме интересира чисто информативно дали во ситуација Вардар да има шанса да влезе во Супер лигата дали ќе има помасовна подршка од страна на Комити или било која навивачка група. И ве молам нека ми одговори некој зошто да се подржува ФК Вардар, РК Вардар, а не КК Вардар кога е убедливо најсимтичниот тим, составен од македонски играчи кои даваат максимум на секој натпревар.
 
Имам објаснето на некоја страна претходно зошто и како нема организирано следење на натпреварите на Вардар...
Меѓутоа во поново време голем дел од помладите фанови на ФК Вардар сакаат да навиваат и на кошарка.
Ете сезонава младите дечки од Комбат скоро редовно навиваат на домашен терен.
Мислам дека нема никогаш да се случи Комити како навивачка група да се појават како навивачка група на КК Вардар.
Ќе си остане на тоа подгрупата Комбат да си оди на кошарка.
Јас колку можам одам, ама тешко е да се постигне се :)
--- надополнето: 23 декември 2011 во 18:30 ---
Бтв младинците на Вардар се први на табелата со 7 победи од 7 меча :D
МЗТ беше победен со 22 разлика, Работнички 11 разлика, Торус 40 разлика, Фени 10 разлика...:D

Владимир георгиевски по втор пат е играч на колото оваа сезона. Два пати по дуелитен со АБА Струмица.
Сепак поголем дел од утакмиците кои ги загубивме во последни секунди, беа изгубени по негова вина...
 
Ме интересира чисто информативно дали во ситуација Вардар да има шанса да влезе во Супер лигата дали ќе има помасовна подршка од страна на Комити или било која навивачка група. И ве молам нека ми одговори некој зошто да се подржува ФК Вардар, РК Вардар, а не КК Вардар кога е убедливо најсимтичниот тим, составен од македонски играчи кои даваат максимум на секој натпревар.
Епа дај да ги поддржиме и Лирија ако не?! И они се многу симпатични. Комити се навивачка група единствено на ФК Вардар, а не и на СД Вардар. Колку пати треба да се објасни тоа? Ете и на ракомет се прекина со организирано навивање. Во Македонија не постои навивачка група што има капацитет редовно да прати екипи од два различни спортови на задоволително ниво, а камоли од три. Луѓе едвај наоѓаат време да дојдат на фудбал, па уште да ги убедуваш да ти доаѓаат на ракомет и баскет! Нема логика!
 
ОК, без нервоза. Мислев дека ако се подржува фудбалскиот и ракометниот клуб, зошто да не и кошаркарскиот клуб. Ова со Лирија е скроз друга приказна, во случајов се работи за ист клуб, различен спорт.
 
Епа дај да ги поддржиме и Лирија ако не?! И они се многу симпатични. Комити се навивачка група единствено на ФК Вардар, а не и на СД Вардар. Колку пати треба да се објасни тоа? Ете и на ракомет се прекина со организирано навивање. Во Македонија не постои навивачка група што има капацитет редовно да прати екипи од два различни спортови на задоволително ниво, а камоли од три. Луѓе едвај наоѓаат време да дојдат на фудбал, па уште да ги убедуваш да ти доаѓаат на ракомет и баскет! Нема логика!

Кој ве учи олку погрешно? Комити биле единствено навивачка група на ФК Вардар?!?! Кој стигне ја пишува историјата на Комити кој стигне навива кај сака и што сака. Жално... Combat 87 ја создадов токму ради овие работи во 1996 год.. ми беше смачено од типци кои се декларираат како Комити а навиваат за Кометал, МЗТ итн а им смета Вардар ракомет и кошарка. Пази и тогаш велеа ама исто, ние сме на фудбал Комити а кога игра кометал мзт работнички под друго име.. Еден ден се Комити друг ден се Jаничари... Се надевам денешнава младина ќе го побие тој комплекс.
 
Во Македонија не постои навивачка група што има капацитет редовно да прати екипи од два различни спортови на задоволително ниво, а камоли од три.
Да де затоа сите се Комити коа има кошарка се делат пола ФА пола ЦПБ, а коа има ракомет не иделе.... Дај ти се молам не збори глупости... Порано се поклопуваа термините, ама сега не се поклопуваат и може да се присуствува....
 
Кој ве учи олку погрешно? Комити биле единствено навивачка група на ФК Вардар?!?! Кој стигне ја пишува историјата на Комити кој стигне навива кај сака и што сака. Жално... Combat 87 ја создадов токму ради овие работи во 1996 год.. ми беше смачено од типци кои се декларираат како Комити а навиваат за Кометал, МЗТ итн а им смета Вардар ракомет и кошарка. Пази и тогаш велеа ама исто, ние сме на фудбал Комити а кога игра кометал мзт работнички под друго име.. Еден ден се Комити друг ден се Jаничари... Се надевам денешнава младина ќе го побие тој комплекс.
Знам на што целиш со муабетот. Правилен потег од твоја страна што ја оформи Combat 87, јас немам ништо против што навивате за КК Вардар, ама биди реален и кажи дека едноставно со ваква мала бројка не изгледа на ништо. Точно е дека се случуваа недозволиви преседани на времето во Комити, со организирано одење на Работнички и на Кометал (дел одеа со друга група да навиваат на МЗТ), ама тоа се искорени скоро целосно со тек на време. Денес може да се каже дека 95 % од групата одат само на ФК Вардар и не ги занима бодрењето на други клубови што немаат никаква поврзаност со овој клуб. За мене лично постои само Вардар. Не признавам никаков Кометал ЃП, ни Годел Работнички, ама ме вади од кожа кога ќе се најде некој лик (што сигурно не е ни навивач на Вардар) да попува чисто од радозналост зашто е црно, а не бело.
Да де затоа сите се Комити коа има кошарка се делат пола ФА пола ЦПБ, а коа има ракомет не иделе.... Дај ти се молам не збори глупости... Порано се поклопуваа термините, ама сега не се поклопуваат и може да се присуствува....
Полека, младичу. Не се пали ко циган на цреша. Кои ти се тие Комити што се делат на кошарка. Порано беше така, ама сега не е ни приближно веќе на такво високо ниво. Ако не се поклопуваат термините, зашто ти и ред други помлади напалени момци не одите на ракомет (салата зјае празна) или на кошарка да им помогнете на Combat? Јас колку што знам на никој не му е забрането да му дава поддршка на Вардар. Или ве бива само за лаење на интернет? Јас се кладам дека ти и на 70 % од гостувањата на ФК Вардар оваа година се немаш појавено, а си нашол тука да делиш памет на други!
 
Кој вика дека не им давам? Па како прво сум редовен и на кошарка и на ракомет кога сум во можност... Кога не не знаеш не збори воопшто повели дојди... Како имаше бе време за Кометал за Работнички и за МЗТ сеуште има ? Доста беше веќе лажења, ако се сака се може... Преку такво веќе од тие што се вадат дека нема време, а на МЗТ или Работнички се во први редови...
 
Термините да лоши се се согласувам најчесто кошаркарските ни беа од 18.00 часот кој на работа кој школо а ракометот уште полошо те понеделник те петок те во ист термин со кошарката. Ова е сефте сезона за Combat 87 со нови момци и ќе има подобра огранизација во 2012 а спремаме и бодрење на ОК и ЖРК. Значи 100% Вардар кој сака да дојде верувај ќе дојде. А тоа за мала бројка личи на искрена љубов и на момци со срце а баш ме радува што постојат такви млади момци во градов. Поздрав
 
Тоа е тој тренер на Вардар. :D
7 години ме тренираше и само со мојата генерација ( 1991 ) не освои прво место, иако последните години ги собраа сите талентирани деца од сите краишта на Македонија.
Најдобар тренер на млада екипа во женска конкуренција беше Александар Домлевски од Бадел, додека Бранко Андриевски сосема заслужено се закити со истото признание, но во машка конкуренција, откако овој млад стручњак му ја донесе на Вардар титулата во младинската лига.
7%20brane%20andrievski.jpg
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom