- Член од
- 23 април 2022
- Мислења
- 701
- Поени од реакции
- 3.358
Каде има пренос?
Буквално еден клик те дели од тоа да видиш каде има пренос
Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Каде има пренос?
Најдобриот коментар денес го даде еден дечко од трибина.@Saber Rider коментар за денес?
Секогаш даваш добри анализи и затоа те прозвавНајдобриот коментар денес го даде еден дечко од трибина.
"Подобро беше кога играме во недела, тогаш еден ден ти е ебан после пораз, вака цел викенд".
Депресија, ќутиме сите накај дома. Ми се плачеше кога го примивме голот, затоа што стварно очекував позитивен резултат денес.
Но, Воска ни покажа каде ни е местото - ВТОРА ЛИГА!
Не може да бараш опстанок со два порази со директниот ривал, со 4 порази на домашен терен од 7 утакмици.
Подобро одиграа од нас, за жал и они излегоа поквалитетни, особено во нападот.
Последниве утакмици Брда е дефанзивно камен. Го измешаа за првиот гол (или претходната акција). Не блокиравме, позади на другата страна спиеја Папули и Глишиќ и Јашаровски одмазнички ни ја откина мрежата. Како само добро ќе ни дојдеше кај нас...
Дадовме брз гол на среќа, ради единственото добро нафрлување денес. По мене тоа беше класичен автогол, не знам каде виделе дека Папули го дал голот. Па и порталиве само препишуваат од резултати.ком.
Мишко е класа дефанзивец, еден дирелтен дуел не му добија. Знае кај да застане, да прекине акција, машки влегува во секој дуел иако со годините е доста бавен.
Јас не знам кој ги учел фудбал младиве дефамзивци. Како глувци бегаат од дуели, не можат ни воздушен да добијат, ни ништо.
Овој Папули среќа спаси еден гол, кога го погодика случајно во гради, го издишаа. После го акнаа и Мишко во истата акција, ама он е како ѕид.
Кои школи ги поминале, божем во Стеауа младинци играше, Мишко за него е Јап Стам. Сериозно, ко од мочка да се правени сите млади кои ги вадиме како нација во поново време.
Воска беше поопасна во прво полувреме и имавме среќа два пати да го погодат Гача и два пати Папули и Мишко да спасат чист гол.
Во второ полувреме мислев ќе притиснеме. И Лемос ме разочарува. Ќе претрча по крило, не знае што да и прави на топката. Или некое лошо нафрлување или очаен шут. Ама па друго и не знаеме да одиграме и немаме со кого. Омерагиќ отсечен, Милосавиќ не го коментирам, затоа што само цупка и мрда со рацете, лесно неутрализиран. Многу го критикивам, не знам што очекувам од 18 годишно дете. Сепак и како таков ни е поопасен од другите кои ги имаме.
Жоглев се повредил, ќе ставал крај на кариера. Лука повреден, Панта изгледа е отпишан за цела сезона.
Одиме на Дурански. Една добра поврарна одигра Лемос и батето на калливиот терен зема со техничка шутира како баба. Абе опни ја шпиц, скини ја мрежата. Во очај не фрли, ми идеше да скокнам од трибината, од лимот.
Воска даде гол од убава акција, пак на втора статива сите спиеја, откако Гача убаво скина зицер.
Замените џабе влегуваат во игра, кога ќе смениме сме уште полоши. Божем поофанзивно одиме, уствари топка не може да сврземе, само рогаме и противниците ни прават шанси од контра.
Изведувањето на корнери очајно, само лесни нафрлувања на прва статива, а освен Мишко нема кој да добие воздушен дуел.
Атмосфера топ, на крај испратени со громогласно навивање. Одиме натаму, тие се можностите...
ДЕПРЕСИЈА!
Силекс нема шанси да ни пушти , тоа е еден од Македонските тимови кој уште од времето на Зинго највеќе го мрази Вардар ..Секогаш даваш добри анализи и затоа те прозвав.
Ако ништо друго барем бод требаше да извадиме денес ама тоа е што е.
Ако може некако да се договори со Силекс да ни ја пуштат на 26ти би било добро за да се доближиме со бодови за 10то место.
Ова беше утакмицата што ни покажа дека со овој состав местото е во втора лига Мк.. Единствено Мишковски изигра на ниво и Гача јубилејно одличен, ова другово не вреди ни да го збориме.. Се труди Азер ама реално дечкото ни е поголем ќар со татко му надвор од теренот него на него
Беа подобри вошкариве и во двете со нас треба да се признае, ама па колку пари толку и музика а у ситуацијава се нула пари и ич музика
П.С. Кога сме кај парите што бидна со ултиматумот ? не 48h него 480 поминаа а стана премногу тивко на таа тема
Треба да се наполни до 10.000 за да може да се извадат парите како што знам, ако грешам нека ме исправи некој што е поупатен во тоа.so toa GO FUND ME, sto stana? 7248e se tamu... gi imame li dobieno tie pari?
Треба да се наполни до 10.000 за да може да се извадат парите како што знам, ако грешам нека ме исправи некој што е поупатен во тоа.