Фан Клуб: Вардар

  • Креатор на темата Креатор на темата gerard
  • Време на започнување Време на започнување
И така значи џукачки отстранет без никаква најава или објава уште еден член на златната екипа која издржа се во нечовечки услови. Како да никогаш не ни бил дел од тимот...
 
Кога ќе земеш некој играч на зуб, значи ти нема рамен :D Па не дека Србинот сега е некоја екстра класа, ама е једини играч што е во стање да влезе во прилика. Денеска едиствен конкретен шут го имаше тој при активен резултат за нас. Претходно коло пречка со Брера, со Работнички сам си создаде шанса од ништо (изврсна одбрана на голманот, но од која произлезе корнер при што падна голот за победа), со Шкендија и Брегалница голманите му фатија тешки топки со глава. За разлика од нашиот што плива во празно на скоро секој меч.
Ај да биди реален и кажи што е учинокот на другите во нападот. Омерагиќ и Љутви не можат со топка да се состават, Лемос џабе е едини во тимот што знае да задржи лопта кога константно компликува и избира погрешни решенија. Уште не ми се верува дека за сметка на Љутви, беше тргнат Десниќ. Па дека и моментално добива прилика на сметка на Жоглев.
За остатокот на тимот што да се коментира. Сем Брда, Мишко, Панта, Дурански, Лемос, Глишиќ под сериозен знак прашалник (можеби како играч од клупа), Нијаз евентуално, другото не е материјал за опстанок во прволигашко друштво. Само кога ја гледаш клупата и ги читаш имињата на Јовчев, Војнески, Папули, Педрињо, Цветков, Спасиќ, веќе споменатиот Љутви, ме фаќа дијареа...
Овие другите не ги ни сметам за играчи реално, нема што да ги коментирам некои што грејат клупа или принудно добиваат шанса :D

За Љутви нема потреба да се трошат зборови. Како што прртооставував уште кога го потпишавме, донесен е како играч на Ѓоко што си го носи во сите тимови. Многу луѓе од навивачката група се побунија на играчите кои ги донесе, ама му се остави простор, за да му се суди на крајот. Од друга страна овие играчи не земаат никакви пари, едноставно се тука да пополнат место. Проблемот е што Хаџиевски не беше способен да донесе подобар играч од нив (а ветуваше и ги подигна очекувањата на навивачите), што донекаде е и јасно во финансиската ситуација во која се наоѓаме.
Љутви е играч кој веројатно во моментов е на ниво на трета лига.
Гледам Мујо Ејупи се вратил да игра за Студеничани во општинска на Кисела Вода, па гарантирам дека е подобар од него и по враќање од фудбалска пензија.

Омерагиќ е принудно решение, во ситуација кога се нема шпиц. Има подобар ефект од Љутви, ама едноставно не е дораснат за прва лига. Пробува да се гради, да трча, ама слаб е едноставно. Сега кога играме и со други младинци во прв состав, може да биде заменет со Цветановски (не дека е којзнае колку подобар).

Не знам каде исчезна Лука Трајкоски?
Лемос ми е многу поопасен на десно отколку на лево крило, ама џабе кога нема кој да покрие лево.

Милосавиќ е млад, имав надеж дека ќе се покаже. Ама не можам бе, кога ќе го видам како трча со тоа лактињата кренати... :D

Инаку, Митрев го нема веќе, а Демир се здебели 650 кила и претпоставувам не ни игра фудбал веќе.
Во поаледно време и Жоглев го нема на клупата, така што опциите во офанзива ни се сведени на нула.
 
Не знам каде исчезна Лука Трајкоски?
Мислам дека и он се повреди на истата утакмица како Панта и најверојатно и кај него беше преден вкрстен, така да и он долга пауза ќе има...
 
 
Денес Брегалница - Воска 0-1 во купот од 1/4 , играле со прва постава ..

Воска ке има само два дена одмор , ова мора да се искористи и во сабота да победиме ..
 
Каква каша е теренот во Маџари (денес се одложи Работнички-Слога) не верувам дека во сабота ќе може да играме таму со Воска особено што и тој ден ќе врне цел ден.
Ова и не ни оди баш во прилог.
 
Каква каша е теренот во Маџари (денес се одложи Работнички-Слога) не верувам дека во сабота ќе може да играме таму со Воска особено што и тој ден ќе врне цел ден.
Ова и не ни оди баш во прилог.
Епа тогаш изгледа ќе се игра на Петар Милошевски стадионот на ФФМ. Секако ако не им текне во Велес да ја стават да се игра.
 
Епа тогаш изгледа ќе се игра на Петар Милошевски стадионот на ФФМ. Секако ако не им текне во Велес да ја стават да се игра.
Нема шанси во Велес да се игра , ке се игра во Скопје тука нема дилеми , знаете сите дека сега Комити се во управа и утакмицава со Воска е многу битна , така да ако не се игра во Маџари(ради лошиот терен) втора варијанта ни е Автокоманда , ФФМ тек како трета опција ..
Ама како што кажав Вардар и Комити сега како управа одлучува каде ке игра Вардар ..
 
Среќа па теренот во Автокоманда е Сантијаго Бернабеу :pos:
Ако Маџари е нива, Автокоманда може да е подобна само за ватерполо да играме.
Освен на ФФМ, ако врне во петок и сабота, никаде на друго место во Скопје нема шанси да играме.
Работнички и Слога ја закажаа за утре на ФФМ.
 
Nema da se opravi stadionot vo Magari sigurno uste edna nedela,ke baraat drug stadion samo da vidime kade ke bide,najdobro e FFM mislam deka nemame poraz tamu.So Tikves oficijalno se vrakame na Gradski, eve prav moment i za gostuvanje na druga navivacka grupa.
 
Nema da se opravi stadionot vo Magari sigurno uste edna nedela,ke baraat drug stadion samo da vidime kade ke bide,najdobro e FFM mislam deka nemame poraz tamu.So Tikves oficijalno se vrakame na Gradski, eve prav moment i za gostuvanje na druga navivacka grupa.
Имаме еден пораз на ФФМ од Силекс пред две сезони , кога еден од играчите на Силекс на крај не провоцираше ...
Иначе според мене не е лошо теренчето , мислам дека е добро решение ...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom