Фан Клуб: Вардар

  • Креатор на темата Креатор на темата gerard
  • Време на започнување Време на започнување
FB профил на ФК Вардар (08.08.2023, 19:30ч.):

Соопштение до јавноста во врска со размената на членски карти, како и за натпреварот против екипата на Шкупи.

Во недела го играме првиот натпревар дома, против екипата на Шкупи.

За жал, иако сите очекувавме враќањето на Вардар во ПМФЛ да биде крунисано со настап на Градскиот стадион во Скопје, домот и душата на клубот, сепак поради технички причини стадионот е затворен и ќе биде недостапен за користење, се до 09.09.2023, кога токму на овој стадион ќе биде одигран натпреварот помеѓу репрезентациите на Македонија и Италија.

До тогаш, нашиот Вардар домашните натпревари ќе ги игра на стадионот "Борис Трајковски" во населбата Маџари, кој иако не го исполнува посакуваниот капацитет, во моментов е единствено и неизбежно решение. Ќе се потрудиме на сите можни начини тој капацитет да биде зголемен, но за сето тоа ќе известиме наскоро.

Ова никако не смее да влијае на продажбата на членските карти. Тие кои се борат за клубот, заслужуваат максимална поддршка и помош од страна на сите Вардарци. Приказната ја водиме волонтерски, искрено, се обидуваме најголемиот македонски бренд да го одбраниме и повторно да го воздигнеме, но за да се исполни сево ова, потребно е и СИТЕ да веруваме во истата цел.

Затоа, да не го чекаме првиот натпревар на Градски, да го наполниме уште сега, со купени членски карти. Јасно да им порачаме на сите дека народот ги превзема работите во свои раце, кога веќе станува јасно дека тоа не можат да го сторат надлежните институции, особено оние кои се обврзаа да помогнат. Нека видат сите како народот се бори за она во што верува, за Вардар - за својот клуб!

ВАЖНА НАПОМЕНА: Секој кој има купено членска карта ќе има предност при влез на стадионот "Борис Трајковски", на сите домашни натпревари кои ќе ги одигра Вардар. За сите останати, билетот ќе изнесува 200 ден. Принципот ќе биде следен: до 16:15ч ќе бидат пропуштани да влезат сите навивачи кои поседуваат членска карта. По 16:15ч, доколку капацитет тоа го дозволува, ќе бидат пропуштани и сите навивачи кои ќе си купат билет.

Подготовката на членските карти е исто така завршена. Првичната размена на ваучерите/билетите со пластифицирани членски карти ќе се одржи во недела пред стадионот. Размената ќе започне во 14:30ч и ќе трае се до почетокот на натпреварот. Но, повторно напоменуваме, по 16:15ч ќе започнеме со продажба на билети, за тие кои немаат членска карта. Затоа побрзајте и на време обезбедете си го местото!
Пред стадионот исто така, од овој, па за сите наредни натпревари ќе се врши не само размена, туку и директна продажба на пластифицирани членски карти, по цена од 1000 денари.

За крај, сакаме да упатиме порака до сите наши навивачи:
Во недела играме важен натпревар, во недела игра Вардар. Апелираме до сите навивачи, пред се навремено да дојдат, да ја извршат размената на членските карти, а потоа и на стадионот да навиваат ферски и коректно - 90 минути за црвено - црните!
Сега се зависи од нас, од нашата одлука. Комити, Вардарци - нема откажување!
Полниот стадион во недела и поддршката од трибините, тоа ќе биде нешто најголемо оружје, наш најголем адут во натпреварот против екипата на Шкупи. Затоа купи членска карта и дојди!

За прва победа дома - за Вардар наш!
1f311.png
1f534.png


На сите продажни места на "МК Тикетс"
 
Има ли некоја вест околу Лемос и другите, дали се заврши процедурата за работни дозволи?
 
Добро а што бидна со тој инвеститорот од кај ,,јужниот сосед"? Има ли некој информации во врска со тоа или оној будалана Мијалче само така ја тресна таа информација?
 
Кога купував членски карти видов на фискалната и ДДВ пресметано. Сите пари идат за Вардар или гомнава од УЈП го даночат ова?
 
Лемос ќе игра во недела стоперот од Андора ќе бил на клупа незнам во каква форма е ама сигурно е подобар од Вецески во топ форма.

Sent from my 2201116SG using Tapatalk
 
Манев во Ѓорче. А како ќе ни дојдеше...
Ама тие се финансиите.

Туку, дали мора ЦЕЛ НАТПРЕВАР, ВО СЕКОЈ МОМЕНТ да има барем еден играч на теренот кој е У-21? Нели порано беше да стартува само У-21 играчот, па екипите правеа замена уште во 1 минута и го вадеа младинецот, па после ставија да биде ЕДНО ПОЛУВРЕМЕ задолжително?
Ако е цела утакмица, тогаш ептен сме заебани...
 
Манев во Ѓорче. А како ќе ни дојдеше...
Ама тие се финансиите.

Туку, дали мора ЦЕЛ НАТПРЕВАР, ВО СЕКОЈ МОМЕНТ да има барем еден играч на теренот кој е У-21? Нели порано беше да стартува само У-21 играчот, па екипите правеа замена уште во 1 минута и го вадеа младинецот, па после ставија да биде ЕДНО ПОЛУВРЕМЕ задолжително?
Ако е цела утакмица, тогаш ептен сме заебани...

Така е. Мора да почне и да заврши у21 играч
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom