FB профил на ФК Вардар (08.08.2023, 19:30ч.):
Соопштение до јавноста во врска со размената на членски карти, како и за натпреварот против екипата на Шкупи.
Во недела го играме првиот натпревар дома, против екипата на Шкупи.
За жал, иако сите очекувавме враќањето на Вардар во ПМФЛ да биде крунисано со настап на Градскиот стадион во Скопје, домот и душата на клубот, сепак поради технички причини стадионот е затворен и ќе биде недостапен за користење, се до 09.09.2023, кога токму на овој стадион ќе биде одигран натпреварот помеѓу репрезентациите на Македонија и Италија.
До тогаш, нашиот Вардар домашните натпревари ќе ги игра на стадионот "Борис Трајковски" во населбата Маџари, кој иако не го исполнува посакуваниот капацитет, во моментов е единствено и неизбежно решение. Ќе се потрудиме на сите можни начини тој капацитет да биде зголемен, но за сето тоа ќе известиме наскоро.
Ова никако не смее да влијае на продажбата на членските карти. Тие кои се борат за клубот, заслужуваат максимална поддршка и помош од страна на сите Вардарци. Приказната ја водиме волонтерски, искрено, се обидуваме најголемиот македонски бренд да го одбраниме и повторно да го воздигнеме, но за да се исполни сево ова, потребно е и СИТЕ да веруваме во истата цел.
Затоа, да не го чекаме првиот натпревар на Градски, да го наполниме уште сега, со купени членски карти. Јасно да им порачаме на сите дека народот ги превзема работите во свои раце, кога веќе станува јасно дека тоа не можат да го сторат надлежните институции, особено оние кои се обврзаа да помогнат. Нека видат сите како народот се бори за она во што верува, за Вардар - за својот клуб!
ВАЖНА НАПОМЕНА: Секој кој има купено членска карта ќе има предност при влез на стадионот "Борис Трајковски", на сите домашни натпревари кои ќе ги одигра Вардар. За сите останати, билетот ќе изнесува 200 ден. Принципот ќе биде следен: до 16:15ч ќе бидат пропуштани да влезат сите навивачи кои поседуваат членска карта. По 16:15ч, доколку капацитет тоа го дозволува, ќе бидат пропуштани и сите навивачи кои ќе си купат билет.
Подготовката на членските карти е исто така завршена. Првичната размена на ваучерите/билетите со пластифицирани членски карти ќе се одржи во недела пред стадионот. Размената ќе започне во 14:30ч и ќе трае се до почетокот на натпреварот. Но, повторно напоменуваме, по 16:15ч ќе започнеме со продажба на билети, за тие кои немаат членска карта. Затоа побрзајте и на време обезбедете си го местото!
Пред стадионот исто така, од овој, па за сите наредни натпревари ќе се врши не само размена, туку и директна продажба на пластифицирани членски карти, по цена од 1000 денари.
За крај, сакаме да упатиме порака до сите наши навивачи:
Во недела играме важен натпревар, во недела игра Вардар. Апелираме до сите навивачи, пред се навремено да дојдат, да ја извршат размената на членските карти, а потоа и на стадионот да навиваат ферски и коректно - 90 минути за црвено - црните!
Сега се зависи од нас, од нашата одлука. Комити, Вардарци - нема откажување!
Полниот стадион во недела и поддршката од трибините, тоа ќе биде нешто најголемо оружје, наш најголем адут во натпреварот против екипата на Шкупи. Затоа купи членска карта и дојди!
За прва победа дома - за Вардар наш!
На сите продажни места на "МК Тикетс"