Фан Клуб: Вардар

  • Креатор на темата Креатор на темата gerard
  • Време на започнување Време на започнување
Брдаровски пред кам-бек.
Не сме во ситуација да бираме, но во некое понормално и многу далечно време не би смеел ни да припари до дрес на Вардар.
 
Абе вие наместо свеќа да му палите шо ве ја нема блокирано жиросметката толку години шо му борчите пари па уште не смел да припари а немате 11 вие бетер од нас сте амазонци отоворете еднаш очи и не го чекајте грујо од Будимпешта оти со чичко Дончо ова е максимум само влез во прва лига
 
Признај си оти навиваш за Вардар и мирот да си го најдеш :icon_mrgr:
 
Извадок од објава на Дургутов :D

1) Од 28.06.2023 година клубот има в.д. раководство олицетворено во претставници на навивачката група Комити која го доби на писмено комплетниот пакет на акции на клубот;

2) Поранешниот сопственик Слободан Крстевски-Цобе (од летото 2021 до 28.06.2023) е без ингеренции и надвор од клубот;

3) Од в.д. раководството во писмена форма се доставени предлози до УЈП/Влада на РМ за помош и логистика на законски начин да се реши долгот на Вардар наследен од Сергеј Самсоненко (оставен како таков летото 2021 година) и до АД ПУИГ за трансформација на нивните побарувања во акционерски влог во клубот;

Ова го направи новото в.д. раководство за еден ден по преземање на клубот откако сопственикот во заминување на писмено им ги предаде акциите на клубот. Оваа постапка ќе се заврши формално правно во наредниот период и тоа најбрзо што може во зависност од законските рокови и надлежни институции.

Вчера (28.06.2023) имаше отворен интерес од бизнисмен од нашиот јужен сосед околу финансиската кондиција и актуелна менаџерска поставеност во клубот, односно интерес како скенирање на ФК Вардар и можностите за финасирање во неговата иднина со две опции: чист спонзорски договор или купување на дел од акциите.

Со други зборови, од вчера секој кој е заинтересиран за Вардар, може да се обрати до в.д. раководството и под прецизни услови да разговара за негов ангажман во Вардар.

Неофицијално дознаваме дека, барем засега, нема опција за нов сопственик, туку единствено за спонзорство и купување на малцински дел од акциите. Од причини што клубот веќе е во финишот на цврсти и децидни преговори со 12 скопски општини и Град Скопје.

Нема повеќе играње и манипулирање со ФК Вардар ...
 
Нели имаше договор Цобе да ги реши долговите со самото превземање?
Како сега, тој си напре бизнис со Шилегов излезе од Вардар, а долгот пак си остана??!?!?
 
Ако добро разбрав:
  • Комити се сопственици на Вардар,
  • ќе може секој да купи акции,
  • нема сопственици други, само спонзори и донатори,
  • продажба на сезонски карти и реквизити
  • соработка со бразилски клуб
  • Цобе е во аут
  • припреми од викендов
Дали се знае дали Грне и останатите од стручен штаб остануваат и секако Бајо?
Автоматски споено мислење:

Нели имаше договор Цобе да ги реши долговите со самото превземање?
Како сега, тој си напре бизнис со Шилегов излезе од Вардар, а долгот пак си остана??!?!?
Така мене ми изгледа мене, ама може има некоја друга позадина што ја знаат дечките од Комити
 
Почитувани,

Фудбалскиот клуб Вардар се враќа на Градски Стадион !

Ве известуваме и ве каниме денес во 18:00ч на првата прозивка и тренинг на нашиот Вардар, на Градски Стадион (Северо-источен службен влез).

По долго време се враќаме во нашиот дом, и повторно како некогаш го враќаме сјајот на најголемиот и најсаканиот Македонски Фудбалски Бренд.

Вардар е Клуб на Народот, така било, така ќе биде секогаш, но овојпат тоа ќе биде и формално. Отворен клуб кој ќе функционира транспарентно, и ќе биде достапен за сите свои навивачи, јавноста и се разбира народот...

Повелете, Клубот на Народот ве очекува.
 
Извадок од објава на Дургутов :D

1) Од 28.06.2023 година клубот има в.д. раководство олицетворено во претставници на навивачката група Комити која го доби на писмено комплетниот пакет на акции на клубот;

2) Поранешниот сопственик Слободан Крстевски-Цобе (од летото 2021 до 28.06.2023) е без ингеренции и надвор од клубот;

3) Од в.д. раководството во писмена форма се доставени предлози до УЈП/Влада на РМ за помош и логистика на законски начин да се реши долгот на Вардар наследен од Сергеј Самсоненко (оставен како таков летото 2021 година) и до АД ПУИГ за трансформација на нивните побарувања во акционерски влог во клубот;

Ова го направи новото в.д. раководство за еден ден по преземање на клубот откако сопственикот во заминување на писмено им ги предаде акциите на клубот. Оваа постапка ќе се заврши формално правно во наредниот период и тоа најбрзо што може во зависност од законските рокови и надлежни институции.

Вчера (28.06.2023) имаше отворен интерес од бизнисмен од нашиот јужен сосед околу финансиската кондиција и актуелна менаџерска поставеност во клубот, односно интерес како скенирање на ФК Вардар и можностите за финасирање во неговата иднина со две опции: чист спонзорски договор или купување на дел од акциите.

Со други зборови, од вчера секој кој е заинтересиран за Вардар, може да се обрати до в.д. раководството и под прецизни услови да разговара за негов ангажман во Вардар.

Неофицијално дознаваме дека, барем засега, нема опција за нов сопственик, туку единствено за спонзорство и купување на малцински дел од акциите. Од причини што клубот веќе е во финишот на цврсти и децидни преговори со 12 скопски општини и Град Скопје.

Нема повеќе играње и манипулирање со ФК Вардар ...
И најави дека буџетот до крај на годинава ќе биде меѓу 600 000 и еден милион евра, што делува на преголема сума за една полусезона, не знам од каде ја извади бројката само, а во принцип се гледа дека е добро информиран за секојдневните дешавки во Вардар.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom