- Член од
- 31 август 2021
- Мислења
- 481
- Поени од реакции
- 2.758
"СКОК" кон еден поинаков Вардар !![]()
Скопските општини застануваат зад Вардар
Со Милорад Миленковски-Мики за Вардар (и околу него) пред баражот против ФК Скопје во Кавадарциyoutu.be
Мал пресек и ажурирање на информациите поврзани со 'трансформацијата' на ФК Вардар, тековни новини, како и информации за најавената преселба на голем број Вардарци, во Недела, во Кавадарци.
До сега, секаде каде одиме со презентација на проектот за спас на Вардар, наидуваме на одличен прием и разбирање од сите страни. Потврда за влез во приказната Вардар, имаме од општините:
1) Аеродром
2) Кисела Вода
3) Гази Баба
4) Карпош
5) Бутел и
6) Зелениково
Останува да се посетат Центар, Ѓорче Петров, Чучер Сандево, Илинден, Петровец, Сопиште, но се разбира и Градот Скопје пред се. Во Градот Скопје и формално е поднесено барање за средба со Градоначалничката.
Идеата и предлогот е сите општини и градот Скопје, да добијат акции на подарок, согласно бројноста и нивниот БДП, со тоа да добијат место во Управниот Одбор на ФК Вардар, а за возврат да издвојуваат само 1% од нивниот БДП.
Во тој нов УО покрај овие веќе 14 субјекти (12 општини, градот Скопје плус Комити), треба да има место за АДССДП (ПУИГ), и се разбира Компании инвеститори и спонзори, кско и евентуално доверители со трансформиран долг во влог.
Фер предлог и искрено подадена рака до сите кои сметаме дека треба да бидат основата на новиот Вардар.
Нека се ова што и ние правиме, им даде мотив плус на целиот тим, и нека им подари дополнителна сила, за во Кавадарци да имаме барем рамноправни шанси со противникот.
Што се однесува до Недела, повик за масовно гостување на навивачите на Вардар од сите генерации.
Нема оправдувања, нема изговори,
И млади и старци, СИТЕ ВАРДАРЦИ ВО КАВАДАРЦИ !