Фан Клуб: Вардар

  • Креатор на темата Креатор на темата gerard
  • Време на започнување Време на започнување
"СКОК" кон еден поинаков Вардар !
Мал пресек и ажурирање на информациите поврзани со 'трансформацијата' на ФК Вардар, тековни новини, како и информации за најавената преселба на голем број Вардарци, во Недела, во Кавадарци.
До сега, секаде каде одиме со презентација на проектот за спас на Вардар, наидуваме на одличен прием и разбирање од сите страни. Потврда за влез во приказната Вардар, имаме од општините:
1) Аеродром
2) Кисела Вода
3) Гази Баба
4) Карпош
5) Бутел и
6) Зелениково
Останува да се посетат Центар, Ѓорче Петров, Чучер Сандево, Илинден, Петровец, Сопиште, но се разбира и Градот Скопје пред се. Во Градот Скопје и формално е поднесено барање за средба со Градоначалничката.
Идеата и предлогот е сите општини и градот Скопје, да добијат акции на подарок, согласно бројноста и нивниот БДП, со тоа да добијат место во Управниот Одбор на ФК Вардар, а за возврат да издвојуваат само 1% од нивниот БДП.
Во тој нов УО покрај овие веќе 14 субјекти (12 општини, градот Скопје плус Комити), треба да има место за АДССДП (ПУИГ), и се разбира Компании инвеститори и спонзори, кско и евентуално доверители со трансформиран долг во влог.
Фер предлог и искрено подадена рака до сите кои сметаме дека треба да бидат основата на новиот Вардар.
Нека се ова што и ние правиме, им даде мотив плус на целиот тим, и нека им подари дополнителна сила, за во Кавадарци да имаме барем рамноправни шанси со противникот.
Што се однесува до Недела, повик за масовно гостување на навивачите на Вардар од сите генерации.
Нема оправдувања, нема изговори,
И млади и старци, СИТЕ ВАРДАРЦИ ВО КАВАДАРЦИ !
 
Овие имаат сила да забранат на “нивна” трибина да немало луѓе? Хахахах
Ако нема место на цел стадион и дома ќе им влеземе, не па на трибина.

Прегледај го приврзокот 378903
Нивни стадион нивни правила, од кај знаеш ти како е тоа кога те шетаат од село у село.
 
Празни муабети се вртат само. ФК Вардар ќе ја добие големата централна трибина. Тоа се 1800 карти, продажбата ќе оди преку Комити. Штом ќе се добијат картите ќе има соопштение за начинот на продажба и организација на трибината во однос на навивачи и обични фанови. Никој нит забранил, нит пак бил консултиран. Следете ја официјалната страна на ФК Вардар и Комити, веднаш што ќе се добијат картите ќе имате информации. Се друго се рекла казала.
 
Браво верни комити за организација браво за Орце и за другите градоначалници вака обединети никој ништо не ни може и да знаете дека ќе не биде.Многу лекции научивме како народ за жал се на свој грб ама така најубаво се учи.Ајде одиме во Прва Лига !
 
Во поновата историја последниве 10-15 години јас барем од кога одам на трибина не памтам на гостување да сме биле повеќе од 400-500 луѓе ...

Брегалница - Вардар последно коло кога ни требаше победа за да влеземе во Уефа
Вардар - Малме ЛШ во Струмица
Пелистер - Вардар
Охрид - Вардар
Сите овие беа од 300 до 400 луѓе мислам ..

Чкембари имаа гостување од 600 луѓе пред 10 години на градски против Вардар вечерен термин што веројатно го прави едно од најголемите гостувања, сега во недела очекувам да се надмине таа бројка и да направиме рекорд на едно гостување во државава , дали се од Росоман , Неготино или Тетово луѓето е небитно , секој што ке дојде навива и скока за Вардар е дел од Комити и таа бројка ...

Кој сака нека се чуди , Кавадарци ке гори :uzi:
 
Последно уредено:

Капа до под на момаков и сите Комити кои работат на овој начин за враќање тамо каде што припаѓаме. Ваква борба на трибина а посебно на „терен“ не е видена никогаш во НГ Комити. Ова што се случува моментално, позитивниот прием од општините сплотеноста на сите, сите предлози за тоа како да се спаси клубот моментално и да се осигура неговата иднина е прекрасно. Често, ваквите ситуации знаат да бидат инспирација за издигнување од пепелта до самиот врв. Тоа е видливо кај Комити, фантастично ниво на кое се дигна групата буквално на секое поле. Вардар и КОмити се гордост на Скопје ( ова го кажувам не да го дистанцирам Вардар од останатиот дел од Македонија) него дека тоа е стварно така, а секако и гордост и на Македонија, па и во светски рамки до далечната Австралија, секаде каде тече вардаровата црвено-црна крв. Со вакви Комити полека ќе се враќа и обичната публика на стадион бидејќи знаеме дека таа врска е нераскинлива. Секој кој бил редовен на Градски знае дека покрај еурофоријата за натпреварот кој бил во исчекување, секогаш дел од таа возбуда било и очекувањето од тоа каков спектакл ќе направат Комити на стадион. Се сеќавам со татко ми покоен (човекот кој ми ја всади вардаровата љубов од мали нозе) беше нешо сјебан тој ден, не му беше до ништо, и му кажав дека ќе идам на Вардар. Прво ме праша со кој ќе играме, а второ прашање беше дали ќе има Комити? Му реков нормално, и ми кажа дека ќе дое и он пошо сака да види каков спектакл ќе напраат Комитите. Поентата ми беше само да доловам колку се е тесно поврзано едно со друго. Ептен кејф ми се прави кога се случуваат вакви ствари, ако ништо друго сигурен сум дека децава ќе изгинат во недела до последна капка крв. Не можеш да уништиш нешто што не умира.ПРКОС, БОРБА, НЕПОКОР! ВАРДАР!
 
Последно уредено:
Орце значи ќе превземе и дел од идното финансирање на клубот што значи дека сепак ќе има некои стабилни финансии иако можеби не мн големи.Ако и Данела со советот успеат да договорат нешто тогаш веќе ќе бидеме во добар правец.
 
Муабетов е скроз нестабилен али коа веќе го спомнавте Орце да споделам и јас дека се спрема да влезе во Вардар и тоа преку Омерагиќ(Руле турс), кој мислам е сега газда или спонзор у Фк Скопје
 
ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА БИЛЕТИ!

Билетите за бараж натпреварот ќе го може да ги набавите на следните локации:

Петок (19.05) од 19:00ч пред хотелот "Холидеј Ин", каде што од 20:00ч, навивачите на клубот, со песна низ улиците на градот ќе ја најават инвазијата на Кавадарци.

Сабота (20.05), ќе има продажба на фонтата во Градскиот Парк, од 12:00ч, се до 19:00ч.

Недела (21.05) ќе има продажба на билетите, на собирот пред С.Ц. Јане Сандански. Од 11:30ч, па се до тргнувањето кон Кавадарци.

Цена на билетите: Билет + превоз = 200 ден.

ВАЖНО: Одреден број на билети се наменети и за навивачите од другите градови. Ќе известиме наскоро на кој начин ќе можат да ги купат. Секој навивач ќе биде испочитуван, зошто Вардар е клуб на народот!

FB_IMG_1684495017429.jpg
 
Дали ќе има карти на стадион пред утакмица?
 
Дали ќе има карти на стадион пред утакмица?
Би требало да има ама имај предвид дека само 1800 карти се доделени, а има преголем интерес. Ќе има инфо за фанови од другите градови, подобро е да се набави тогаш. Пред стадион ќе има илјадници луѓе и џандари, којзнае како ќе биде организирано сето тоа од мвр.
 
Би требало да има ама имај предвид дека само 1800 карти се доделени, а има преголем интерес. Ќе има инфо за фанови од другите градови, подобро е да се набави тогаш. Пред стадион ќе има илјадници луѓе и џандари, којзнае како ќе биде организирано сето тоа од мвр.

Значи тешко да има карти за неутрални фанови, кои што би сакале "неутрално" да ја изгледат утакмицата
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom