Фан Клуб: Вардар

  • Креатор на темата Креатор на темата gerard
  • Време на започнување Време на започнување
Ве читам и ви се чудам. Зошто сме им пуштиле на Тетекс. Кој се тие кировски и калц? Па тие 2ца уште 2 кола и ги нема од Тетекс. Нека опстанат, иначе у 3та лига не се враќаат. Кој да остане оние пациентине ли Фортуна? Сите на стадион у вторник да ги наградиме момците и да се спремаме за бараж.
 
Не верувам дека некој ги сака Калц и Кировски, ама утакмицата им беше пуштена на Тетекс како колектив на нашите браќа од Тетово, а не на нив двајца. На Вардар не му менуваа ништо овие бодови, ако изгубеше Гостивар, друг тек ќе имаше нашиот натпревар. Повеќе сакате Фортуна да опстане во лигава? Вака се отвора шанса и Саса и Тетекс да опстанат.
Убаво е за македонците во Тетово да има македонски клуб барем во втора лига, се знае дека од трета лига запад нема шанси да се вратат назад. Гледајте како е заглавен Напредок таму.

Тетекс лани им ги пушти утакмиците на Силекс, ама они ин ги платија подготовките и котизацијата за лигата, нормално дека ќе им пуштат. Ние 3 пати го победивме Тетекс лани, а они еднаш им скратија бодови на Воска и уште еднаш изгубија при крајот од утакмицата. Ако затребаше да играат за нас, сигурно ќе одиграа.

Па ако не освоиме еден бод со Пелистер и Кожуф на гости (читајте меѓу редови од претходниот мој пост :D, подобро да не ни играме бараж. Таман одморија првотимците за дербито во вторник.

Се изнаместија утакмици последниве кола. Гледајте Беласица како се расфрли со бодови, Саса тепа кај Караорман, Гостивар ги купи сите гостувања итн.
За кои македонски екипи да сакам да останат во лига!? Оние што Нефи им плаќаше котизација за учество или што сами се нудат на продажба кај шконтурските екипи за 3-4.000 евра, како пример Детонит Плачковица викендов? Баш ме брига да бидам искрен. Што фајде од нив. Дали они или Локомотива т.е. Фортуна... еписибир. Која е разликата. И едните, и другите во служба на Воска и Гостивар.
Првотимците требаше да одмораат последните два кола за да се чуваат за баражот и само ревијално да ги одиграме тие утакмици, ама не сега ќе се трошат зашто на поединци им биле побитни идеалите што не ни постојат одамна во оваа скапана држава. Неверојатно колку плитко размислување.
A па и не се прајте многу мајки Терези, Вардар низ годините а и било кој клуб у државава не дека не знаеле да наместат утакмица, па не глеам никој дека се откажал од бодрење на клубот ради такви лакрдии.
Бар ние сме имале доблест да се спротиставиме на такви работи. Да те потсетам дека на финале на Куп во 2007 година против Победа, висеше транспарент Лакрдија втор дел, за разлика од Тетово каде го славевте Гризли што ви донесе наместен трофеј со Работнички.
 
За кои македонски екипи да сакам да останат во лига!? Оние што Нефи им плаќаше котизација за учество или што сами се нудат на продажба кај шконтурските екипи за 3-4.000 евра, како пример Детонит Плачковица викендов? Баш ме брига да бидам искрен. Што фајде од нив. Дали они или Локомотива т.е. Фортуна... еписибир. Која е разликата. И едните, и другите во служба на Воска и Гостивар.
Првотимците требаше да одмораат последните два кола за да се чуваат за баражот и само ревијално да ги одиграме тие утакмици, ама не сега ќе се трошат зашто на поединци им биле побитни идеалите што не ни постојат одамна во оваа скапана држава. Неверојатно колку плитко размислување.

Бар ние сме имале доблест да се спротиставиме на такви работи. Да те потсетам дека на финале на Куп во 2007 година против Победа, висеше транспарент Лакрдија втор дел, за разлика од Тетово каде го славевте Гризли што ви донесе наместен трофеј со Работнички.
И?
Поради тоа куп финале ти престана да навијаш за Вардар, срам ти е тебе да навијаш за клуб кој мести утакмици? Или прошло тоа, па се забраело сеа ќе солиме памет за други.

И имаш грешка, Брацо го славеле не Гризли.
 
Овде поединци намерно ја извртуваат тезата за да го оправдаат ова пуштање. Не се работи за тоа зашто му се дало на Тетекс, туку дека му се дало во ситуација кога ние не сме сигурни сеуште а имаме утре утакмица со директен конкурент. Или муабетот, уживајте наредена е во Гевгелија. Богами ако видат они паричка од Битола ќе заборават дека е наредена.
 
A dali Teteks zemale paricka od Voska da im gi dadat utakmicite?
"Земале" за едниот натпревар да заврши 0:0 едниот да го загубат минимално.. да точно е земаа пари од Силекс за припреми и котизација зошо беа на раб на егзистенција нишо повеќе од тоа. Силекс ги зеде сите 9 бода а исто и Вардар сеедно како на Тетекс не им беа потребни затоа што немаа амбиции за +
 
И мене воопшто не ми се допаѓа ваквиот пристап, поготово што овојпат иницијативата доаѓа од навивачите, а не од самите клубови, и како што пишаа погоре, сеуште сме и ние во игра и за 2-ро и за 3-то место и спортски е до крај да се изигра и да се надеваме. „Братството“ е створено на трибина, и таму треба и да остане, вчера имаше 3-ца дебитанти на теренот, како да очекуваме некој од нив во иднина да „гине“ за клубот кога дебито ќе го памти по наместена утакмица? Уште пожално е што ваквите натпревари се редовна пракса, без разлика дали бил Вардар, Пелистер, Слога, Шкендија или некој 10-ти во прашање и сите сме неми посматрачи, вклучувајки ги и ФФМ и судиите, па после чукаме со глава во ѕид зошто немало фудбал. Меѓудругото, сме виделе досега многу пати, колку тие „македонски“ екипи што ги зборите му помогнале на Вардар, и кога испаѓаше, и кога му беа потребни бодови за Европа во Штип, и како навиваше Струмица кога таму бевме домаќини против Слога.

Бидна сега што бидна, нека се затвори темава, ама самите на себе си ставаме црна дамка тотално без потреба, лани први беа истите што сега се океј со ова да плачат што на Воска им пуштале другите бодови. Вардар не е Воска, ниту било кој друг клуб од државава, за да го споредуваме со другите, да не го забораваме тоа самите ние!
 
"Земале" за едниот натпревар да заврши 0:0 едниот да го загубат минимално.. да точно е земаа пари од Силекс за припреми и котизација зошо беа на раб на егзистенција нишо повеќе од тоа. Силекс ги зеде сите 9 бода а исто и Вардар сеедно како на Тетекс не им беа потребни затоа што немаа амбиции за +
Abe sto e do mene ubavo se sredi za Teteksse nadevam I ke ostane u liga tuku za godinava muabetot mi bese
 
Abe sto e do mene ubavo se sredi za Teteksse nadevam I ke ostane u liga tuku za godinava muabetot mi bese
Годинава Тетекс не можеше да се надигрува ни со Слога Виница и Саса а камо ли со Воска, Гостивар и слични порази ко планина
Автоматски споено мислење:

П.с со среќа утре во дербито
 
Без превземање на клубот од сериозен инвеститор како ќе учествуваме во прва лига, ќе немаме играчи, кој ќе уплати котизација и се останато што е потребно за натпреварување во прва лига???
 
Без превземање на клубот од сериозен инвеститор како ќе учествуваме во прва лига, ќе немаме играчи, кој ќе уплати котизација и се останато што е потребно за натпреварување во прва лига???
Ќе се најде некој. Јас сум сигурен дека ќе влезе некој, барем тие трошоци да се покријат, а за долг план ќе бараме чараме или ќе се молиме унгарците да влезат.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom