Воска ќе биде прва сигурно, највеќе пари фрлаат, кешираат каде што треба, Беса играат за нив, први се и со сите најјаки играат на домашен терен.
Плус имаат топ тим за втора лига.
Гостивар игра топло-ладно, а имаат добар состав, пари, Арсими игра за нив итн. Не знам колку е паметно да се бркаме со нив, ако веќе сме решени да целиме на второ место, тогаш треба со сите сили да бараме да им скратат уште 3 бода. Добро е што со нив играме дома и на добар ден можеме да ги добиеме.
Според мене најреално е да одиме на трето место и шансата да ја бараме во бараж со Скопје.
Пелистер е многу подобар од прва полусезона, благодарение на Спиркоски, кој е одлично засилување. Со составот од прва полусезона, немаше шанси да не бидеме во топ 3, ама во моментов ние де факто сме ЧЕТВРТИ ПО КВАЛИТЕТ, особено по повредата на Панта. Ако се додаде и моментот што играчите НЕ ЗЕМААТ ПЛАТА, јасно е дека ако дојдеме до едно од првите три места, ќе биде рамно на чудо.
За мене дури и е лошо што вчера Пелистер зема бод во Гостивар. Ако избегавме на 7 бода, ќе им требаа три утакмици за да не стигнат. Инаат гостување кај Воска, каде што веројатно ќе кикснат и ќе можевме сами да си ја кроиме судбината.
Гостување со Локомотива во Синѓелиќ ќе биде многу тешко за нас, ако не ги наредат работите.
Најкритични се гостувањата кај Беса и Беласица. Беса игра за Воска, таму не верувам да победиме. Со Беласица е при крај, ама тие и во Скопје ни скинаа два бода, не па таму.
Покрај овие 2 гостувања, ги имаме трите дербиња дома со Гостивар, Пелистер и Воска на гости.
Најважно е сега да се добијат двете наредни со Караорман и Локомотива, па после ќе му ја мислиме...