Сега oваа идејата за паралелна лига што реално ќе ни донесе освен можност поради конфликти во рамки на федерација да имаме некоја супсензија од УЕФА и таман кога добивме добра репрезентација се тоа да оди во вода, посебно што не верувам да има клубови кои би се нафатиле да играт во ваква лига, барем не од сериозен калибар.
Пред се погледнете ги работите како што треба, да сега со Гостивар ви се случи голема судиска неправда и лакрдија, но дали само тоа е причината или беше црешата на тортата треба сами да си проценете, напревете си споредба со Воска во секое поле, освен за навивачи во сите други полиња работата ви беше утната оваа сезона, погледнете си го играчкиот состав, па немате напаѓач а тоа во втора лига е најклучно каде речиси сите екипи играт дефанзивен фудбал, додека Воска донесе тренер кој секој свој клуб го внесе во повисок ранг експерт за втора лига вие експерементиравте со тренери, во прва лига тоа може да упали ама за во втора лига си треба искусен лицес кој знае што прави, дали покажавте добра игра на терен или се мачевте со кој ќе стигнете, дали искористивте барем еден кикс на противникот а ги имаше повеќе од доволно за да почнете да му дишете во врат, додека тие имат стална база вие менувате стадиони секое коло, за клуб кој атакува на висок пласман си треба да си има свое упориште без разлика дали ќе е тоа ФФМ, Маџари, Градски а не секое коло нов стадион, а најважно од се влезот од втора во прва лига бара многу многу повеќе пари отколку да се задржиш во прва.
Секогаш е лесно цела вина да се префрли на друг, нормално дека тие имат голем удел во тоа но далеку од пресуден за ситуацијава во која се најде Вардар исклучително вината треба да се бара во сопствен двор бидејќи се потфрли буквално во сите параметри, освен можеби во исплата на плати ама и тука различни приказни се вратат за што најдобро си знаат тие што се во клубот.