Од прилика составот на Вардар изгледа вака во моментов.
Голмани: Филип Гачевски (29, капитен),
Игор Алексовски (23), Филип Илиќ (21).
Одбрана: Кристијан Тошевски (24, десен бек), Владица Брдаровски (28, десен бек), Тодор Тодороски (19, десен бек), Евгениј Новак (29, централен бек), Горан Попов (33, лев бек),
Филип Антовски (17, лев бек),
Никола Серафимов (18, централен бек).
Средина: Филип Најдовски (25, дефанзивна средина), Битанг (25, дефанзивна средина), Дарко Мицевски (26, дефанзивна средина),
Фитор Реџепи (18, дефанзивна средина),
Али Адем (18, дефанзивна средина), Јуфо (25, средина или офанзивна средина), Бесар Исени (21, средина),
Вања Марковиќ (23, дефанзивна средина),
Алекс Талески (18, офанзивна средина), Матеј Цветановски (20, лево крило), Јован Попзлатанов (21, десно крило),
Тигран Барсегјан (24, десно крило или напаѓач).
Напад: Максим Максимов (22),
Бојан Колевски (17).
Доста млад состав собравме. Играчите со црвено е извесно дека ќе си одат, особено тоа важи за Алексовски и Вања Марковиќ.
Да се надеваме дека ќе успееме да го задржиме Барсегјан.
На ваков состав очигледни се неколку работи. Имаме солиден голман за во Македонско првенство, за ниво на Европа не е ништо посебно. Недостасува уште еден солиден голман или да му се даде целосна доверба на Гача, а да покрива Илиќ.
На десен бек веројатно нема да се засилуваме повеќе, бидејќи имаме три десни бека и плус уште двајца кои можат да играат на таа позиција (Најдовски и Мицевски). Имаме само еден централен искусен бек, а тоа е Новак. Играчите со зелено се бајаги млади и не знам колку ќе добијат шанса. Серафимов би бил во ред за замена, но задолжително ни треба еден стартен централен. Мијушковиќ ќе дојдеше одлично, а ете признавам дека би посакал Кире Ристевски да влета во една ваква ситуација во која е евидентно дека нема да правиме козјнае каков тим. Секако е подобар од Попов кој веројатно се смета за опција на оваа позиција. Попов е единствен лев бек кој има искуство. Што е до мене, ако не се носи засилување, би му дал шанса на Антовски на оваа позиција, иако верувам дека принудно ќе покриваме со Брдаровски.
Средината е енигма. Ете се изнакупувавме дефанзивни средњаци, тоа што најмногу ни недостасуваше. Најдовски и Мицевски се новодојденци, Битанг остана, а во составот се' уште фигурира и Коњарски.Патем, клубот потпиша професионални договори и со Фитор Реџепи и Али Адем, кои играат на истата позиција. Сепак, ова се млади играчи кои може да претрпат промена на позицијата. Јас го памтам Најдовски како десен бек од времето, па сега игра на сосема друга позиција.
Но, кој ќе ја води топката? Тешко нас ако останеме само на Јуфо (новак во екипата) и Исени (не покажа којзнае што) на оваа ВИТАЛНА позиција во тимот. Прекуси сме и на позиција крило и напад.
На Вардар задолжително му требаат нови лев бек, лево крило, креативец, стопер и напаѓач. Со носење на пет поискусни играчи, составот мислам дека би бил конечен. Но, ова нема да се случи