Според составот, нешто слично тактички и формациски би требало да бидат со Малме, и они фураат 4-4-2, исто како Малме, и ко што приметувам и они се без класични пробивни крила, туку повеќе како плејмејкери-крила, со двајца напаѓачи и двајца класични везњаци. Делуваат нешто поквалитетни, ама постојат шанси за пролаз сигурно. Би требало да играат и они офанзивно, што нас би ни одговарало. Ако е спремен Џигаури, можда треба и со него да се почне на крило, затоа што е играч што доста ќе помага и во дефанзива и во организирање на игра и во борбата на средниот ред. Од утакмициве со Малме малце ме разочара Барсегјан, очекував повеќе од него, не дека беше лош ама очекував он да ја прави разликата, еве на реваншот сепак Шиле се покажа доста подобар, така да можда треба со Шиле место него, или евентуално Балотели на клупа, мада Балотели доста работа вршеше, активен цело време, физички јак да задржи топка, иако истото и Барсегјан можда би го правел. Николов дефинитивно мора во средина, Глигоров не е за први 11, а Даре не верувам дека ќе издржи вакво темпо во среден ред, максимум 45-50 минути да ги изгура, а прашање е дали ќе се опорави