Фан Клуб: Вардар

  • Креатор на темата Креатор на темата gerard
  • Време на започнување Време на започнување
Ма некој од битолчани да ни објасни што карикатура и напатена душа е Даниел Јованов главниот фб комплекс, мислам беше. Баш би сакал да го запознам и да му се извинам во името на цел спортски колектив Вардар, за претрпените стресови и трауми задниве месец дена. Јадниот сигурно е на тешки лекарства, или пак си има некои психички проблеми, па полесно ги пребродува ваквите моменти, со смеа и лупање глава од ѕид. :D
 
Има негде снимка за ние во странство што сме?
 
Играч број еден денеска е Хуан Фелипе. Незнам како делувал на ТВ, ама во живо покажа дека е светска класа. Ваков странски играч Вардар немал никогаш (секоја чест на Вандаир) и ова денес што го видов е за секоја пофалба.:cuc:
Шиле денес исто за пофалба, ја размрда играта, влезе силно мотивиран и одигра и повеќе од солидно. :bravobe:
По мене денес најслаб беше Глигоров, очигледно е дека е преспор и без креативност.
Овој успех денес е направен без Даре, Дамир и Џаба... со нив уште сме посилни.

Копенхаген биди спремен, Вардар надоаѓа :cujte:
 
Ова е тој пристап што се бара веќе со години, ова е тој вардарски пристап во натпреварите кој што сигурно носи успех !!! Фала богу увидоа и нашиве дека Малме е екипа со која што вреди барем да се обидеме да се надигруваме и на крајот сето тоа донесе успех кој што го чекавме милион години. Презадоволен сум од сите играчи и од тоа како Седло ја постави играта, а посебно би ги издвоил само Грне кој што е прав лидер на екипата, Фелипе кој што по којзнае кој пат покажа дека е класа играчиште и Балотели кој што дефинитивно на овие две утакмици изгина за црвено-црниот дрес како никој до сега. За утакмицава нема што многу да се зборува освен дека ќе ја добиевме со 6:1 ако судеше како што треба тоа копилето украинско. Пеналот за нив беше чист како солза и тука нема простор за приговор, но за кој кур се правеше слеп при очи и не покажа црвен картон за тој жутоглавецот (или подоцна втор жолт) и зошто не досуди чист пенал при очигледно играње со рака ?!? :busi: Ова можеби беше мотив плус за нашиве па во второ полувреме проработе вардаровиот инает и ги изгазивме како мали деца. Нека запалат свеќа во црква што не продолживме да напаѓаме после голот за 2:1 инаку ќе летаа партали и ќе ја памтеа Струмица уште долго време. Кога сме кај Струмица само да кажам дека нема потреба да ги играме европските утакмици на Градски во Скопје...таман си е ваму. :icon_lol: Шукурац бајо мој, на Градски не може да шутнеме, а ваму земавме бам бам 3 комада и конечно тоа за нас недостижно 3то коло станува реалност. :cool: Шалалалаа Вааардар Струмицааа :pipi: Сега наредно коло што сака нека биде. Убаво би било да елиминираме екипа која што е голем фаворит за тој двомеч, но во секој случај остануваме во игра за ЛЕ и со самото тоа и јас останувам во игра за кладбата што ја имам од пред некоја недела дека Вардар годинава ќе игра во групната фаза од ЛЕ. :D
 
Супер супер ја мислам дека од оваа година натака ке се гледа се подобро и подобро.Само те тоа е проблем Марибор улезе си 1 пат у лига на шампиони и сеа 3то коло ке си игра со Hafnarfjordur(copy-paste иде неможам да и го напишам името).Така да треба да си ги млатеме овие фаворитите догодин да си се паднеме со некој полесни.Значи со Копенхаген сме засилени со Дарко Велковски и Џиагури,нема предавање а нема ни што да загубиме се е за нас плус.
 
Балотели многу вреди за ова екипа, многу трча брз е подвижен покрива многу у одбрана(неколку пати спречуваше добри напади од нашата лева страна, како да игра бек) и добро гради топка, знае да изнесе, затоа подобро би играл како крило. За класичен напаѓач нема концентрација.
 
Milionce si lapna Vardar do sea?

1 200 000 €, најмалце, и сите да се изгубат до крај (пу, пу), плус од влезници, ТВ права, реклами...
Вардар во ракомет стана Европски шампион, и за тоа доби бедни 500 000€ награда, во фудбал, Вардар со едно поминато коло ќе заработи скоро трипати повеќе.:brlav:
Газда Самс, стај прст на чело.:anco:
 
Погледнете ги головите и користете слушалки за звукот. Неверојатен отслик на одличната атмосфера во Струмица.
Замислете полн стадион на Плеј-оф меч за ЛШ на градски и групи за ЛЕ во џеб. :)
 
Еве сум, честито победата нека се множат.
Ајде речи дека не можат да го поминат Копенхаген.

09af900313d7b1f0374ccc9dc40a67d9f4a93c10189cc357b7298c264bb26635.jpg
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom