Фан Клуб: Вардар

  • Креатор на темата Креатор на темата gerard
  • Време на започнување Време на започнување
Мене па ми прави ќеиф нов стадион, само локацијата воопшто не ми се допаѓа :D
Ах да го изградеа во Кисела Вода на пример... :icon_mrgr:

Се помирив дека публиката веќе не се враќа на утакмици на Вардар од домашно првенство. Не дерби, не обична утакмица, Вардар над 2000 души тешко дека ќе собере во брзо време (барем не додека РК Вардар е во врвот на Европа). И овој стадион ќе биде преголем...
Цел живот сум сакал стадион во кој ќе бидеме веднаш до теренот, а не како на Градски каде што поради атлетските патеки сме на смак света...
 
„Стадион во моментов не е приоритет. Филип Втори арената ќе биде локацијата каде Вардар ќе ги игра натпреварите сезонава во домашното првенство, а доколку стартува изградба на стадион јавноста и нашите подржувачи и симпатизери ќе бидат благовремено информирани за локацијата и рокот на изведба, вели Ратко Капушевски проект менаџер на Сергеј Самсоненко и тежок гзолижач.


„Сликите и текстовите што се појавија по интернет порталите и фејсбук профили за изградба на стадионот на ФК Вардар се целосно невистинити и се шпекулации. Затоа сакам концизно да ги демантирам. Дека постои иницијатива за изградба на стадион, постои. Но се уште сме на фаза на анализи, студии и естимации за реализација на овој проект. Нашата групација има агенда.

Таа агендата поврзана со ФК вардар во делот на инфраструктурата е:

* септември 2015 година - отворање на професионален тренинг центар со 2 фудбалски игралишта и управна зграда со 20 апартмани за карантини

* Ноември 2015 година - Отворање на фудбалска академија на ФК Вардар во градскиот парк во Скопје, изграден по светски стандарди. Проект кој ќе биде директен импут за развој на фудбалот и развој на ФК Вардар.

* 2016 година отворање на Музеј на Вардар и фаншоп на ФК Вардар. Управна зграда на ФК Вардар и деловни простории на академијата со предавална за теоретска настава на дечињата, вели Капушевски.

- See more at: http://sportmedia.mk/fudbal/domashn...-momentov-ne-e-prioritet#sthash.N0nPQavo.dpuf
 
Глупост ќе биде вакво стадионче, ништо нема да ги кошта во споредба со парите што ќе се дадат секако за евентуална изградба, да го направат со 4 трибини, и малку поголем, до кај 20-25 илјади, па да играме таму и домашно и европски утакмици. Вака со селење едни утакмици ваму едни таму пак исто му доаѓа.. ако не ај дека не се пуни Градски да играме домашни у Ѓорче или Маџари, таман се тие
 
Точно на 8 септмеври се отвара тренинг комплексот, има само у него околу 30 вработени со одлични плати за наши услови, и за тоа што ќе го работата. Хаусмајстор 18 000 ќе зима.
А догодина место уште две игралишта, ќе се гради “Вила Русија“ ресторан за свадби и други свечености.
Исто за стадионот се разгледувале и други локации, некоја во Парк, и една преку Вардар карши Градски.
 
Според мене многу сакаме.. се ни е малку и ништо не ни е по кејф, некој си дал пари и ќе прави со клубот што сака, а ние нема да може да смениме ништо, почнавме да мрдаме малку не само уназад да одиме.. и не треба да се лажеме со некој работи туку да ја согледаме реалноста и да помогнеме и да направиме нешто што ќе се памети наредните години.. ФК Вардар единствен успех имаше 2003 се друго е само црнило, и само се враќавме назад дојдовме и до втора лига, на стадион публика повеќе од 3000 одамна немаме видено.. и се лажеме како нешто уништуваме што реално и не постои веќе неколку години, какви се не уринира по клубот и го упропастија неговиот имиџ веќе многу одамна, и да Вардар беше клуб кој го сака сите Македонци а некој ароганти типови што мислат дека Вардар е нивна сопственост го сменија и тоа.. Не гледам проблем во тоа што се гради наш стадион, во тоа што се гради тренинг комплекс и сл, гледам проблем во луѓето што секогаш нешто им сметаа.. И самите знаеме колку бевме назад без свој стадион без своја просторија, без ништо Вардар беше само историја без никаква иднина! Сега почнуваме полека да одиме напред а вие преку ноќ сакате ЛШ, сакате 30 000 публика, сакате тренинг центар како на Милан и сл.. Тоа може само на сон реалноста е друга и многу потешка..Се знаеше порано се живешее за викенд и за утакмица на Вардар, али љуѓето има пари,работа беа задоволни од животот а сега и не е така, проблеми колку сакаш и сл, да не забегувам од темата. Јас кој од Скопје живеам одалечен 50и нешто километри и кога и да можам одам на утакмица.. треба да се бунам Вардар да ми плати превоз и карта и ако може и сендвич и сокче да имам за по пат.. да не претеруваме момци, да не се лажеме себеси и да се споредуваме со други. Ни остана таков Вардар кој ние треба да го градиме и за кој ќе живееме, а Вардар кој живеше во Југославија е одамна мртов, заедно и со народот кој живеше во тоа време.. Поздрав до сите, се надевам ќе имаме поубави времиња во иднина, и дека барем малку ќе го вратиме стариот сјај на Вардар.
 

Посебната тактика е да го извадат голот? :icon_lol:

За ,,модерниот стадион во англиски стил" мене најмногу ме иритира, а на никој очигледно не му смета што никој не ги прашува фановите на Вардар дали се сложуваат со идејата. Комити никој не ги прашува дали им пречи што ќе треба да навиваат најверојанто на север/југ. Партијата си го гради и пак со МВР и ФФМ што ќе си решат тоа ќе си прават, ако сакаат и ќе не преселат на Градски за една утакмица, ако ВМРО си закаже митинг, ама ние сме во тежок филм дека некој бизнисмен од Русија со спортски дух решил Вардар да го прави европски... :гик: Ако се работеше за некој што стварно не знае што да им прави на парите и стварно сака да вложи во Вардар ок, ама на човек што е вплеткан со партија, што сакаше ЖРК Вардар да се преименува во РК Аеродром / РК Македонија и што сакаше боите на клубот да ги смени, мене ми е крајно сомнително...Лесно заборавивте, зошто во РК донесе играчишта ли?:pipi:Кој ни гарантира дека стадионот навистина ќе биде на Вардар? :unsure: Исто како што за 10, 20 години може да се вратиме со РК на Кале, ни салата во Аеродорм не е на Вардар... :нинџ: Градски е најголем клуб и треба на најголемиот стадион да игра, а не на стадион со капацитет од просечна сала. Градски не бил тоа што бил, па не е затоа што и Вардар не е тоа што бил, не е Градски како на времето кога се полнел и крцал, ама и Вардар не е како на времето, сега не игра со големата четворка од Југославија и другите интересни клубови, дури не игра ни со македонските клубови кои се симбол на мак фудбалот, Победа, Беласица, одамна не се во првата лига, минатата сезона испаднаа Пелистер и Тетекс, Струмица, Прилеп, Битола, Велес, Куманово, Охрид, немаат клубови во првата лига, Шкендија игра од Тетово, Зајас ќе го смени Напредок, ете и Кичево остана и ќе остане без прволигаш...Селски екипи влегоа во прва лига, а следната сезона уште едно село веројатно ќе игра во прва лига, селата немаат стадиони, овие и што имаат немаат услови да играат на нив, па оваа сезона пола екипи не играат на матичните стадиони, кој сакаш да ти дојде на Вардар - Царев Двор во Ѓорче човече? Камп Ноу нека му изградат на Вардар нема никој да ти дојде селски фудбал да ти гледа. Нека ви послужи за пример измамата што им ја направија на Аеродормците за салата на МЗТ, од нова модерна сала каде што ќе им игра клубот, со сиви столчиња, добија 100% сала за Вардар, цела црвено - црна, а од МЗТ добија само едно мало амблемче поставено на столб во дупка 10 метри под салата. Па вие уште верувајте на човек кој е најблизок со власта = ФФМ и МВР. Многу лесно заборавате дека истите луѓе плукаат по нас, дека ние сме штета на клубот, еднаш не излегоа со соопштение каде што клубот ќе застанеше позади своите навивачи. Од европски Вардар, можеме само европски навивачи да видиме и наместо англиски и модерен стадион, модерно навивање... ;) Јас на Градски израснав и целиот дел покрај стадионот, паркот, езерцето, кафаните, луѓето кои одат накај стадион во недела се симбол дека Вардар игра на Градски. Градски му припаѓа на Вардар, а тие што не гледаат како Вардар да привлече повеќе публика, и сакаат мало стадионче во некоја скопска населба која ќе им го изгради ВМРО слободно живејте во филмот ,,Мајка Русија, за скопски Вардар"
 
Минатата сезона што помина сфатив дека ова све е една голема фарса, дека никој кур не го боли уствари за клубот. Постоиме онака колку да се рече, без никаква идеја, и цел што понатаму. Зборам и за клубот и за групата. Игравме квалификации за ЛШ, никаква еуофорија, ко да сме играле пријателска со Љубанци исто ми беше. Секоја подгрупа сама за себе, закрварени едни против други, на обични утакмици ги нема нигде, а дербиња глумат најголеми хулигани, воџа што му е срам да води навивање ако сме 50 души, од толку многу песни, пееме само 5. На трибина наркомани и пијаници, и после се буниме кога така и ќе не викаат, од ајде да се зезаме си патиме и остали зафрканции. Од клуб со најголема традиција во Македонија, станавме маалско тимче што има едвај 500 души на стадион. Уште гледам некакви најави за нов стадион, све е тоа мачина кашљица... Кога ќе видам некое тимче у Англија или на друго место ми се плаче, како луѓето идат го сакаат клубот, го следат секаде, безразлика дали имале успеси или не. Немаме менталитет ние за фудбал, ние само за чаталење и изигравање јас сум над тебе, макар и двајца да биле. Навивачкиот свет е убав и интересен, само да имаш со кого да го живееш...
 
Незнам оти не го прават барем 17-8000 гледачи да собира.Вака нема убаво да изгледа 10 000 столчина на стадион ќе биде смешно.Борис трајковски собира 7-8000 а замислете си стадион каде што трибината ќе биде долга 100+метри ќе треба да има само по 15 реда столици.А и ако нема трибина од едната страна на ништо нема да личи стадионот.Ко селско стадионче ќе личи.
Зашто бе на ништо да не личи, еве на Рајо Ваљекао стадионот е сличен како овој на сликите, без трибина позади голот па делува интересно
1348433861_767390_1348434238_album_normal.jpg

14.000 народ собира а се игра прволигашки фудбал во Шпанија, во најјаката лига. И тука може да се напраи некое вакво слично стадионче со 2-13 илјади капацитет.
Боље 3 високи трибини отколку 4 мали на ништо што нема да личат. Просторот кај што ќе нема трибина може лесно да се искористи и да се напраи нешто слично како на Бомбоњера во Буенос Аирес што е, некои вип простории, ресторани кур се тресе.
 
Од секој меч ќе има стрим на страната на Вардар (бар така најавуваа).

И доста со стримови, доаѓајте на стадион :icon_mrgr:
Ај што е уџум, ај што играме и со Царевиот двор, абе уште не им текнува сезонски да извадат, па што е многу, многу е... Ќе си бидам дерби посетител :)
 
Од 0:31 е моментот :D
Ќе не надвикаат Царевдворците ако сите размислувате вака :D

За утакмицава ќе изгубиш пола ден, веројатно над 150 денари за превоз и карта, противникот е куртонски, еуфорија нема, ама сепак... :icon_mrgr:
 
Од 0:31 е моментот :D
Ќе не надвикаат Царевдворците ако сите размислувате вака :D

За утакмицава ќе изгубиш пола ден, веројатно над 150 денари за превоз и карта, противникот е куртонски, еуфорија нема, ама сепак... :icon_mrgr:
Sho mislsih more, edno grlo carev dvorsko vikat kolku za 20 grla. :P
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom