Солидно пазаревме досега, иако покрај помладите играчи сеуште ги чекам и они кои ќе го имаат главниот збор во тимот.
Тимот го напуштија Петров, Деспотовски, Бојовиќ, Илчо Наумовски, Борјан Ристовски и Адемовиќ, играчи кои реално немаа што да бараат повеќе во Вардар (како и Ибричиќ на кого му заврши позајмицата), а на оваа листа задолжително треба да се додадат уште неколкумина.
Дино Најдоски не ја оправда довербата и задолжително мора да го напушти клубот. Имаме четири голмани, реално треба да го зашутираат Кобетиќ, ама од познати причини знаеме дека тоа нема да се случи, па многу веројатно дека Павловиќ ќе си замине.
Што е со Стојчевски кој се врати од Тетекс? Има ли сеуште договор со Вардар?
На почетокот изедов доста гомна за неговото ангажирање, ама со тек на време се претвори во играч кој барем во Македонска лига може достојно да си ги врши работите. За трета-четврта опција е сосема солиден играч.
Го донесовме Брдаровски како замена за десен бек и конечно после којзнае колку години имаме два избора на оваа позиција. Бековски странични позиции ќе ни бидат Попов/Глишиќ и Хамбарџумијан/Брдаровски.
Гледам сме го задржале и Љамчевски, уште еден играч кој мислам дека нема што да бара повеќе во нашиот клуб.
Таневски и Грне ќе бидат централни бекови, а тука се придодава веројатно и Мијушковиќ кој сеуште не е потпишан, туку е на проба во Австрија. На оваа позиција треба да се засилиме повеќе...
Очекувам Дино да си оди, а се надевам нема да го планираат Дарко Велковски за централен дефанзивец.
Одма би ги продал Темелков и Спировски во замена за Стјепановиќ, и во средина би ги оставил Стјепановиќ и Велковски како подефанзивни средњаци, Глигоров, Дашијан и Николов.
Во нападот имаме еден куп играчи кои се вишок, шут карта одма би им дал на Филип Петковски и на Миранјан. За Ивановски се двоумам, ама веројатно би го оставил во екипата. Овој дел од теренот задолжително треба да се засили со барем еден класа напаѓач.
Главен проблем се крилните позиции. Блажевски јас не го сметам за крило, туку за човек кој или ќе игра напад или како полушпиц. Ете ако Стојков го земеме како лево крило, ваљда не очекуваат дека ќе тераме иста сезона како лани, да крпиме со младите Асани и Петковски, и да се молиме дека ќе му тргне на Љамчевски
Асани и Петковски нека се борат за десната крилна позиција, ама овде задолжително ни е потребен уште еден играч, кој ќе биде првотимец.
Моја желба за составот:
Голмани: Пачовски, Павловиќ, Гачевски
Одбрана: Брдаровски, Хамбарџумијан (десно) Таневски, Грнчаров, Мијушковиќ, Стојчевски (централно), Попов, Глишиќ (лево)
Средина: Велковски, Стјепановиќ (подефанзивни средњаци), Глигоров, Дашијан, Николов (средина), Нов играч, Асани, Петковски (десни крила), Стојков, Нов играч (леви крила)
Напад: Блажевски (може и како полушпиц), Нов играч, Нов Играч, Ивановски
Секако, во клубот ќе бидат вклучени и младинци да пополнат места.
Реалноста:
Голмани: Пачовски, Павловиќ, Гачевски
Одбрана: Брдаровски, Хамбарџумијан (десно) Таневски, Грнчаров, Мијушковиќ, Најдоски (централно), Попов, Глишиќ (лево)
Средина: Велковски, Темелков (подефанзивни средњаци), Глигоров, Дашијан, Николов, Спировски (средина), Грозданоски, Асани, Петковски (десни крила), Стојков, Љамчевски (леви крила)
Напад: Блажевски (крило и напад), Ивановски, Петковски, Миранјан, Нов играч