Фан Клуб: Вардар

  • Креатор на темата Креатор на темата gerard
  • Време на започнување Време на започнување
Читам прееска за отказов на Ѓуровски и на момент си помислив, „замисли Андреев го донесат место него“ каков дебакл тоа би било хаххаха.... (знаејќи какви будали го водат фудбалот ништо чудно)
 
Убави честитки има Љамчевски добиено за роденден на ФБ на рпфоилот на Вардар. :ROFLMAO:
 
Десно крило игра некое дете Петар Петковски.
Метар ипол е детето :D
 
Добар овој новиот малдинец Петковски доста брз.
Штета шансата на Ибричиќ што не влезе.[DOUBLEPOST=1428503088][/DOUBLEPOST]
Десно крило игра некое дете Петар Петковски.
Метар ипол е детето :D
Со Раднички Ниш на приајтелската што играше, и голот го постигна на таа утакмциа он.
 
Колку години има овој Петар Петковски?? Дефинитивно детево е поквалитетно од сите под 21 што играа досега.
 
Овој од младинциве крило што игра како Хазард е :D
 
Колку години има овој Петар Петковски?? Дефинитивно детево е поквалитетно од сите под 21 што играа досега.

96to godiste bil. mnogu dobro dete. Gi sobra simpatiite definitivno. So nekoja utakmica plus ke sobere iskustvo i ke gi anulira site nedostatoci sto gi ima. Bravo za maliot
 
Komiti.org

После одличниот навивачки почеток на пролетната полусезона и одлично одработените гостувања ни следува гостување во градот каде што започна нашата приказна за оваа календарска година. Вардар после неколку бледо одиграни натпревари конечно успеа да слави во првенствените дуели, а откако ги одигравме дуелите со условно полесните противници, ни следуваат натпреварите во кои ќе се решава шампионот. Нашата поддршка во Кратово може да биде клучна за нивниот успех. Во Кратово секогаш сме имале гостувања за паметење и оние кои го пропуштија делириумот на стартот од пролетната полусезона, сега имаат шанса за поправен испит. Еуфоријата во црвено-црните редови расте со доближувањето на викендот, затоа што не очекуваат натпревари кои се од клучно значење за понатамошниот тек на сезоната.
Сабота е ден во кој РК Вардар е на праг да го оствари најголемиот успех во својата историја и на македонскиот машки ракомет воопшто, па така од фудбал директно ќе се оди на ракомет, а картите за ракометниот натпревар ќе се продаваат по враќањето од Кратово.

Кој ќе придонесе за незаборавен викенд во време на најголемиот Христијански празник, доколку не сме ние Комитите?
ОДИМЕ ВО КРАТОВО, А ПОТОА СИТЕ НА РАКОМЕТ!!!

Собир за Кратово 12.00ч на железничка. Карта 100 денари.
За ракометот, карта со членска 100 денари, без членска 200 денари.
БИЛО КОГА, БИЛО КАДЕ!!!
 
Абе момци што е со Попов, зошто не е во тимот? :confused:
 
Абе момци што е со Попов, зошто не е во тимот? :confused:
Па демек е повреден нешто којзнае, мада поубаво вака, здравје сеа од со Ренова се враќа и Глишиќ, па ќе бидеме раат за таа позција, нема да ни е потребен тој ропак.
 
Победа во Кратово со 0-2...

Пак не импресиниравме којзнае колку, ама овојпат барем во одбрана игравме постабилно. Стартуваа Грне и Бојовиќ и изиграа доста добар меч. На Влатче душата му ја извадија на лева бековска позиција, ама откако ќе го претрчаа, скоро секогаш успеваше со клизач да избие во корнер :D
Во средина на терен сме мизерија, не знаат ниту да покријат, ниту да сврзат некоја топка, единствено откако Кратовци добија црвен картон ја добивме посесијата на топката. Тогаш пак никаква идеја немаа, само додаваа, додаваа, додаваа, да ти се смачи :D
Имаа еден куп контри на 0-2, ама пустото кога не се знае да се направи акција тоа е...

Младиот Петковски ме импресионираше против Тетекс, заборавив да пишам тогаш. Баш со RedBlack коментиравме на утакмицата со Тетовчани дека ќе го биде малиот. Има добар прием на топка, и веднаш има брзо движење, нешто што недостасува кај другите. Ама одново се работи за играч кој не е добар за физички дуели. Не може да добие воздушен дуел, тешко му е да се загради и денес не импресионираше којзнае колку. Имаше една шанса, но премногу чекаше и го изблокираа на крајот.

Блажевски беше убедливо најдобар во нашиот состав. За првиот гол он го изведе корнерот, Бојовиќ ја врати топката до Ивановски кој погоди со глава. Неколку минути подоцна Шиле изведе фантастичен корнер со надворешна, ама промашивме од неколку метри. Шиле имаше и една акција која сам си ја направи, ама биеше до стативата. Во второ полувреме му дадоа одлична топка, излезе сам пред Симов и го исфаулираа по што Горан доби црвен картон, а ние добивме пенал.
БЛажевски биеше силно, голманот на Силекс малку ја закачи топката, ама немаше шанси да одбрани.

Лагано победивме, на крај на утакмицата, а и за време на истата констатнто се скандираше против Андреев.
Во автобус лудило, 25 души :D Комедии беше, а релативно брзо стигнавме и за ракомет, од 20-та минута гледавме...
Сите што не дошле, многу пропуштиле, особено заебанциите со шоферот во автобусот :D
Имаше и десетина коли, ама повеќето си заминаа на полувреме.
Изненадувачки на крај откако играчите отопоздравија со нас, отпоздравуваа и со остатокот на трибината, бидејќи испадна дека пола трибина се во дресови на Вардар :D

Им киднавме на комшиките, сега ни стартува пеколниот период!
 
@Colt Willcox Што не кажеш дека ви кажав уште пред да се изваде корната дека е гол ова, да ставате сите пари оналјн, ан селдлен гол Вардар. :D
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom