Се слагам дека многу подобро за нашава лига е да наместо Турново биде Беласица, наместо со Металург да играме со Слога, Ренова да ја нема во Првата лига, да се вратат Победа, Борец и Тиквеш, но мислам дека не е само тоа клучно. Луѓето препознаваат кога се работи добро, а во Вардар освен што се инвестирани брдо пари, не глеаме некои позначајни ефекти во поглед на поквалитетно функционирање на клубот на секое ниво.
Друже, аман веќе со тој потценувачки однос. Па ај ако да не играме во нашава лига зашто не ни било ниво останатите и да бараме да не приклучат кон српската лига?! Дај прекини да леташ во облаци. Вардар не е ни бледа сенка од времето во бивша Ју или почетоците на самостојна Македонија. Ние паднавме на истото ниво на оние што ги гледаш со потсмев. Да те потсетам Вардар лани заврши 5-ти, зад Турново и Металург. Кажи ми по што се разликуваме од останатите, освен што имаме поголем буџет и пар квалитетни фудбалери. Неаме свој стадион, иаме сеуште мизерни услови за тренинг, немаме свои клупски простории, трофејна сала, фан-шоп, неаме сезонски карти за фудбал (пази треба да купиш за ракомет за да ти важи и за фудбал како да сме нечија филијала) и ред други ствари. Луѓето знаат да препознаат кога некој е ставен во подредена улога.
Пошто си постар сигурно паметиш дека до кај 2000 и некоја, на натпревари со Слога, Силекс, Победа, Пелистер, Ѓорче, Балкан, Беласица имало по 5-6, па понекогаш и до 10 илјади. Луѓето одеа да го гледаат Вардар, а не им беше битно дали сме имале некаква традиција со било кој од споменативе клубови. Раководоството треба повторно да направи утакмиците на Вардар да бидат случка за која во градот ќе се зборува, односно да биде традиција да си иде на стадион, а да не чекаме само европски мечеви. Со ваков „ангажман“ од нивна страна, така и ќе остане уште долго. Ќе бидеме пандан на Металург и Вардар во ракометот...