Фан Клуб: Вардар

  • Креатор на темата Креатор на темата gerard
  • Време на започнување Време на започнување
Ма нема што да играат пријателска со таков тим бе, не смеат ни да помислат да закажат пријателска, а камоли да кријат од нас ццц

Abe mozea da napravat utakmica so stranski tim a ne so skapanici vakvi.
 
Браво, секоја чест за овој потег на Комити. Да се знаат некои работи до каде може да идат. Можеле да изиграат пријателска против било која друга екипа. Па уште и без да ве известат.. Тука има нешто што се крие. :) Можеле против Ѓорче(пример) да изиграат чим се одлучило вашето раководство за квалитетен тест дуел со слога за време на паузата поради репрезентацијата.
 
Мираијан ќе бил во во комбинација за со Ренова, можно е Фичо да не игра пошо тренираше оделно од другите без топка. А Адемович и Ацевски се целосно оздравени, и тренираат со екипата сеа не се којзнае во каква форма ама добредојдени ќе бидат за ширина на составот.
 
Ако има некаде стрим/пренос од утакмицата вечер дајте линк. Стрим повише ми одговара...
 
Ако има некаде стрим/пренос од утакмицата вечер дајте линк. Стрим повише ми одговара...
Ќе има на ффм страната.[DOUBLEPOST=1410714465][/DOUBLEPOST]Линк нема никаде а?
 
Последно уредено:
Дрва, само 1-1 со Ренова со примен гол во 88ма минута. Нашиот гол пак по грешка на голманот на Ренова, а стрелец Петковски.

Една единствена шанса имавме дури во 92ра, цел натпревар жива катастрофа.
 
Цела лига е изрежирана убаво, не дека овие играчи неможат да ги победат ренова, ке видите Работнички како ке го прими сув
 
Заслужен бод за Ренова-Тетова-Македонско Челзи...
Уште еден очајно изигран меч на домашен терен, да им ебам пичката материна неспособна :facepalm:
Една постава имаме, малце ако се направат промени, одма на аматерска екипа личиме.
Ги потроши кредитите Љамче, одма шут карта заслужува. Па уште го рачунавме како најголемо засилување после подготовките :place:
Очај невиден, никаква смисла за игра нема. Асани одново очаен на крило, пак ќе кажам, он може само како напаѓач да игра, како партнер на повисок шпиц, вака на крило е тотално бескорисен. Неколку пати проба да издрибла, ниеднаш не помина.
Петров, денеска дрво. Не може да чекаш Европски тим, а Петров ти е стартер.
Мора секоја сезона нешто да ни фали. Ако имаме добри крила, тогаш немаме добри бекови, ако играме добри бекови, немаме крила ВООПШТО... Хименез може беше дрво, ама како би дошол добро на екипава, леле мори мајко...
Со Фичо во напад не ни оди, ама без него уште помалце.
Нападот со Асани, Љамче, Петров и Петковски, со Влатче позади нив, беше мнооооогу лоша одлука на Кемал Монтено.
Одма живна играта кога Глишиќ и Дашијан влегоа во игра.
Петковски е џокер играч, не може он како стартер да игра.
Прво полувреме само на нафрлени топки се обидувавме, една асална акција не направивме. Имавме неколку полу-шанси во прво полувреме, ама игравме катастрофално со глава, не знам кој се не промаши при ударите со глава. И Глигоров имаше еден лошо зафатен шут од непосредна близина.
Со измените во второ полувреме живна играта. Имавме одлична акција, топка за Глишиќ по крило, нафрли, а Гроздановски успеа да промаши празен гол со глава од 5 метра од гол-линијата :facepalm:
Дашијан имаше некои добри влезови, ама џабе кога другиве немаат смисол за игра. Никој не знае да се извлече, да навлече некој играч, па да се рашири и да се добие добра ситуација. Дашијан имаше и една ситуација во која беше себичен, не проигра на крило со Љамчевски туку непотребно биеше од далечина.
Влезе и Миранјан. Од прво гледање, ако овој бил капитен на младинците на Шахтјор, тогаш какви биле другите...
Па овој не знае да трча бе, кога трча мислиш дека се сопиња и дека ќе падне во секој момент. Нели се работеше за брз и пробивен напаѓач? :вонзем:
Додуша овој го играше како десно крило, па може затоа не се покажа :confused:
Голот подарок од голманот на Ренова. Миранјан солидно се постави пред него за да не му дозволи баш најдобро да интервенира, лошо боксуваше, по што Петковски одбиената топка ја спроведе во празниот гол.
Ренова тука се отвори и остави огромен простор за игра, кој моравме да го искористиме. Ама, ќе ја пимпламе топката, ќе дојдеме во ситуација да направиме акција во противничкиот шеснаесетник, ама кога се нема идеја, ќе ја нафрли некој и ништо...
Ренова знаеше што сака и се избори за заслужен бод. Ренова се отвори, ама и нашиве се заборавија во напад. Одбраната заспа, на два наврати играч на Ренова претрчуваше од крилна позиција крај нашите играчи и успеваше да дојде до ситуација да го загрози нашиот гол. За среќа немаше погодок. За потоа, со една школска акција на мал простор да ни тртнат убав погодок за израмнување.
Се свестија нашиве ама доцна беше... Имавме уште една шанса за крај кога одново Глишиќ ја протна топката, Петковски клизна заедно со играч на Ренова, некој ја допре топката, но голманот на Ренова спаси на гол линија...

На крај играчите не ни имаа доблест да дојдат кај нас да отпоздрават за доброто навивање, кое никако не го заслужуваат. Дојдоа тројца, Петковски, Глишиќ и не знам кој беше третиот... Другите како попчиња свиткаа опаш и киднаа...
На трибина имавме задоволителна бројка и навивање кое на моменти беше баш она Аргентинското :icon_mrgr: На терен мртов фудбал, кај нас на трибина скокаат сите, урлаат, мислиш десет гола сме дале за 5 минути :icon_mrgr: Штета што не вадиме клипови годинава...
Не знам како после вакви игри на домашен терен, очекуваат да доаѓа публика...
Не успеаа на домашен терен да победат против факинг Ренова и Турново :facepalm:
 
Скапанциве не знаат да играат на домашен терен. :facepalm: Фалат уште 8 СТРАНЦИ за Вардар да заличи на тим.
 
Не е ништо страшно па сте први...а ако згусте ќе ги пуштете Штербик, Дибиров и Чипурин и пак ќе се вратите на врвот....
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom