Фан Клуб: Вардар

  • Креатор на темата Креатор на темата gerard
  • Време на започнување Време на започнување
Последен што сам ја има спремено екипата од А до Ш беше Вукашин Вишњевац, тренерот пред Донечевски од тогаш Вардар СЕКОГАШ имал кондиционен тренер како ДЕЛ од СТРУЧНИОТ ШТАБ.
Друг интересен момент беше интервјуто со Андреев. Е сега колку е тоа автентично преведено незнам, овој 3 збора ќе каже преведувачот 2 мин збори :pos: ама ДОБРО е што вика требаше уште барем 3-4 да им збрцаме. Добро е што е незадоволен од Фичо кој иако даде 2 гола требаше да даде уште барем толку. Добро е што сака и може (значи снимаме веќе од повеќе агли) да ги разгледа тие 1 на 1 шанси каде не дадовме гол, па ваљда ќе поработи индивидуално со играчите. За критика се и офсајтите. Имаше неколку сумњиви ама премногу беа, само во прво имавме 6-7 а имаше моменти кога Фичо и Петров заспаа напред па дури една акција кога некој одзеде топка дојде до последните 30тина метри а овие уште се у офсајт и нема на кого да подаде, мест одлична контра каде имаме 3 на 2 ние имаме 2 ца во офсајт и ни ја зимаат топката. Сеуште имам делови на кој треба да се работи со овој тим ама идеме напред и мислам дека тоа е очигледно.
Андреев зимоска работеше без кондиционен тренер за ова сум 100% сигурен.
А офсајдите ги имавме 8 вкупно на утакмицата, од кој 2 сигруно не беа офсајди.
За ситуацијата што ја зобриш Дашјан беше тоа, ама и он претереа, имаше двајца во офсјад, а лево од него втрчуваше некој и он не ја подаде го заглави и третиот играч во офсадј и лесно му ја одземаа на 30тина метри од голот.
Фали уште некоја шанса, како таа на Глишиќ кога место центаршут искочи дека е шут, па мораше да ја боксува Јовановски.
 
Нека е и така со кондициониот мада не се сеќавам да кажаа дека и него го сменија. Пак ќе кажам 2 недели во Анаталија каде е температурата и терените се различни не се доволни да се качи тој степен на кондиција. Еве направи грешка, човекот очекуваше играчи, не балерини. Како и да е тоа е веќе минато, КРИВО МИ Е што не изборивме место во европа не за друго мислам дека ќе имавме барем уште 2-3 екстра засилувања ама тоа е тоа. Дали го бива Кемал или не ќе видиме наскоро, се надевам дека Самс ќе нема никаква сентименталност кон него и дека ќе реагира ко што направи со Кастратовиќ ако е таква работата. До тогаш мислам дека глупо е да сме незадоволни сепак си е 2 од 2.

8 офсајди од кој 7 во прво полувреме.Многу е. Треба да се поправи тоа тачно и 2 да не биле.

Мислев дека Дашјан беше и ОК тоа што го збориш ама 2ца во офсајт е недозволиво. Значи тргни се на страна, кој идел и дали претерал Дашјан, јас проблемот го гледам во Петров и Фичо што не се вратија назад, имаа доволно време така? Заеби шансата, тепавме нема да очајуваме за тоа ама сепак ако сакаме европски Вардар такви грешки мора да се поправат. Неможе Фичо, Петров или кој било да си го прчи откако бил у шанса или се дочепал до противнички шеснаестник. Времето на такви „потези“ пројде, сакаме побрз и европски фудбал. Ова е ситница која тренер може лесно да ја поправи, ако сакаме на ставиме одговорност на Андереев еве ова е поента што мислам сите ја приметивме така да и он треба да ја приметил и да реагира. Може е барање влакно во јајце, ама јеби га за Вардар се работи.
 
Последно уредено од модератор:
Андреев зимоска работеше без кондиционен тренер за ова сум 100% сигурен.
А офсајдите ги имавме 8 вкупно на утакмицата, од кој 2 сигруно не беа офсајди.
За ситуацијата што ја зобриш Дашјан беше тоа, ама и он претереа, имаше двајца во офсјад, а лево од него втрчуваше некој и он не ја подаде го заглави и третиот играч во офсадј и лесно му ја одземаа на 30тина метри од голот.
Фали уште некоја шанса, како таа на Глишиќ кога место центаршут искочи дека е шут, па мораше да ја боксува Јовановски.
Супер им е замислава, ама дај нека си набават некоја асална камера да му се невиди. Очи си истерав...
Иначе вака генерално кога ќе се анализира играчкиот кадар, првите единаесет се одлична основа за силен тим, ама има премал квалитет во нивните алтернативи. Другине двајца голмани (оној дупачон од Хрватска го довлечкаа за да им аплаудира од трибина), лиглето Дино Најдоски, Темелков, Иванов, Петковски, па и Адемовиќ со толку долга пауза не можат да одговорат на предизвиците. Ќе го пишев и дрвото Стојчевски, ама ми текна дека го пратија на калење кутриот:D Треба обавезно да ја појачааат конкуренцијата до крај на преодниот рок зашто не се игра со 14-15 фудбалери цела сезона...
 
Не се секирај ако завршиме први наредниот преоден рок ќе бидеме многу поатрактивни за добри трансфери. 15тина фудбалери е сега се што ни треба, тогаш треба да сме активни за 2-3 ЕКСТРА засислувања. Од Металург 2цата + ако излезе некој есктра (репрезентативец) и таман сме.
 
Ако успеат да ги донесат Ефремов и Радески до крајот на трансфер периодов, зимоска ќе ни треба да се најде квалитетна замена на Деспотовски, он да седне на клупа, а Темелков да го вратат у Силекс. :)
А летоска здравје боже некој екстра напаѓач.
Ма уствари рано е за трансфер желби за зимоска и нареното лето, дај нека донесат уште сега квалитетни играчи, па кога ќе дојдат тие трансфер периоди тогаш ќе му ја мислиме.:)
 
Значи мора ако ништо друго, барем уште еден голман (дали Нурединоски или Ефремов не е битно) и напаѓач! Не сакам да помислам на алтернативите што ги имаме доколку се повредат Павловиќ или Ивановски. Тие не се за екипа што се бори за опстанок, а камоли што претендира да брка дупла круна...
 
Па сега би требало уште 2-3 засилувања да има до крај, добро почнаа ама не треба да ги излаже тоа и ништо да не земат.

Голман,крило и уште еден напаѓач мора.
 
Борјан Ристовски реално нема што да бара во тимот, така да треба ако ништо друго да го позајмат некаде или да му дадат шут карта во случај да го донесат Ефремов.
Ефремов е добра опција, само како што кажав од негов аспект не знам колку би било добро да дојде во тим каде што веќе има голман кој практично си го има заверено стартното голманско место. Сепак Ефремов како играч под 21 година, може да ни се најде во некои мечеви, па да стартува на некои мечеви за да се отвори простор за Љамче да не дреме на клупа на сметка на Асани поради новото правило за млади играчи.
Кобетиќ трет голман, се надевам нема ни да има потреба да го гледаме како брани...
Како што кажавте погоре, страшна е разликата меѓу стартната постава и резервистите. Да бидеме реални, 3-4-цата играчи од младинската школа не знам колку се способни квалитативно да одговорат на предизвикот и повеќе се тука да пополнат место, но и покрај се они не се главниот проблем, туку проблем се играчите кои се сметаат за добри замени, а далеку се од тоа. Со давањето на Стојчевски го намаливме бројот на непотребни играчи, останаа уште Темелков, Адемовиќ кој тешко дека одново би ни бил од корист, Илчо Наумовски кој според мене нема што да бара во тимот, а богами и Влатче и Деспотовски се далеку од бараниот квалитет.
Бојовиќ и Најдоски се тука да пополнат место. Не е толку лош Дино како што го опишувате, и онака ќе биде резерва покрај Грне и Таневски :icon_mrgr:
Петковски може да се покаже како џокер, но сепак нас ни треба некој првокласен напаѓач, подобар и од Ивановски...

Дашјан ни ја размрда средината, но од еден меч не може одма да се дава завршна оценка. Ќе видиме како ќе му оди на другите мечеви. Негова повреда на пример би ни претставувала огромен проблем, би се вратиле на ултра бавна средина...
 
Последно уредено:
Обавезно мора да се земе уште еден голман, Павловиќ е склон на повреди, а од Бобо и Коњот не може да се очекува да го заменат ни приближно од приближното до достојно.
Уште не ми се верува како можеа да дозволат една пачарва да им го ували нејзинито момче :facepalm:
На сметка на Захов кој три години играше за мизерна плата, а безброј пати не спасуваше.
А го имавме најдобриот голмански тандем у лигава.
Добра ли е барем смрдлата физички, играчки не ме интересира.
Како можеа ебате глупацитее

Иначе мислам Темелков би бил боље решение од Деспо. Една работа поголемо дрво од Деспо неам видено, втора работа поголем ропак исто така неам видено. Трета работа Темелков ни е лажна 9ка, па така да може и да очекуваме некој гол. Оу не
Мора да лета пред се Деспо, на негово место во екипа да влезе малиот Серафимовски.

И шо е со Седловски? До кога ќе ги прибираме алфа сељачиштата.
Ко што вика Колекционерот, тоа место како како би му легнало на Бајо.
 
A sto e so Acevski ?
Па сеуште се опоравува од повреда, мада и кога ќе се опорави ќе биде само замена за Дашјан.
@Коњаникот Сабја Љамчевски нема да дреме на клупа ради Асани, тој што ќе трпи ради Асани е Петров, Љамчевски и ова коло не стартуваше ради тоа што не беше доволно опоравен во Штип најверојатно ќе стартува.
Е сеа околу голманиве, грев е Павловиќ да дреме на клупа ама па кога го имаме на тацна Нурединовски тоа по уште поголем грев е да не го земеш.
За на позицијата на Деспотовски требаше да го донесеме оној србинот од металург што отиде во Грција да игра, тој беше одличен .
 
Ацевски може да биде квалитетна замена во среден ред, а со послаби екипи зашто да не играме и со Ацевски и Дашјан заедно во средината, нешто поофанзивно. Дефинитивно фали голман, Ефремов или Нурединовски еден од овие двајца. Фали и напаѓач, ама ако не најдат квалитетен сега подобро да оставиме за зима или на лето отколку да трупаме непотребни играчи. Уште се чудам зошто го пуштија Бујчевски, а ги земаа Адемовиќ и Петковски. Ако успеат да ги донесат Радески и Ефремов како што се збори, би било доволно за титула, па у зима или на лето уште две-три засилувања и во поход на Европа
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom