Ако остане Рибарот пишете однапред пропадната уште една сезона, не знам што се случува продолжува и понатаму молкот од управа, но и ние некако пасивни не бараме одговори на милиони прашања што постојано си ги поставуваме.
Дали некој ќе сноси одговорност за лошата сезона? Кој би бил тоа тренерот, дел од управата?
Зошто на полусезона се отпуштија некои од најважните алки во екипата и кога се случи веќе тоа не се донесеа квалитетни замени?
Зошто не се искористи потенцијалот на Хаџиевски, Спасески и ред други вардарови легенди?
Не го слушнавме ставот на управата околу заминувањето на Хаџиевски, но затоа поважно беше по своите интернет портали јда а шират веста за доаѓањето на Грнчаров.
До каде е планот за градење на толку најавуваниот и толку очекуваниот спортски комплекс заедно со клубски простории?
Деновиве постојано кружат шпекулации на некои играчи што се далеку од тоа што се бара: Европски Вардар
Зошто единствено ФК Вардар излезе помалку важно чедо од РК и ЖРК?
Сепак колку и да се радувавме оваа сезона на успесите на РК и ЖРК, остана горчливоста дека оваа сезона можеше и мораше приказната со ФК Вардар да биде поинаква и поуспешна.