Фан Клуб: Вардар

  • Креатор на темата Креатор на темата gerard
  • Време на започнување Време на започнување
Не ми се верува дека предпоследниот дуел го изгубивме... Ништо од титулата без пораз :(
 
Тоа е тоа ништо страшно.Се олабавија и нашиве веќе се спремаат за официјалното славење на титулата.Во среда Скопје ќе гориии..
 
Абе да не знаете некој пач со Вардар за ПЕС 2012 ?!
Моментално го користам SMOKE patch BLACK EDITION со Македонската репрезентација ?! Ако знаете, оставете линк ако може, фала :)
 
Ај бе големо чудо, нека им е честито победата :D
 
Ај бе па и ние многу сакаме,до лани се боревме за опстанок сеа и без пораз сакаме:D,титула си е титула ,во среда е она најбитното Скопје ке гори :vozbud:
 
КАко сме изгубиле бе лелел сеа неможам да и се израдувам не освоената титула на Рк Вардар :( ,а со душа чекав да ја славиме титулата без пораз и да бидеме единствени покрај Јувентус без пораз
 
Точно девет години поминаа откако нашиот Вардар за последен пат му се радуваше на насловот во македонското фудбалско првенство. Од дното до врвот, патешествието на најтрофејниот македонски фудбалски колектив, верно го следеше македонскиот навивачки бренд, навивачката група Комити.Денеска со радост и задоволство можеме да Ви соопштиме, дека чекањето заврши. Вардар повторно е на врвот, а ние, сакаме нашата радост да ја поделиме со сите скопјани. Со оние кои својата младост ја поминаа на трбините живеејќи со црвено-црната боја, но и со оние, кои немаа време толку често да доаѓаат на стадионите, а сепак, срцето им чукаше за Вардар.
Сакаме да ја споделиме нашата радост со сите во нашиот град, кои знаат каков фудбалски бренд е името на ФК Вардар и што со години чекаа, пехарот да се врати во скопските витрини.
Затоа скопјани, а секако и навивачи и симпатизери на нашиот Вардар од цела Македонија, браќа Војводи од Тетово, пријатели од Гелзенкирхен. Со особена чест и задоволство Ве повикуваме заедно да ја прославиме титулата. Навивачката група Комити за овој специјален повод подготви досега невидено шоу.
Прославата на овогодинешната титула започнува во вторник 22 мај, по скопските улици. Ве повикуваме сите, со своите автомобили, мотори, велосипеди или пак пеш да се приклучите во најголемото навивачко кортео кое во 19 часот тргнува од последната автобуска станица бр. 5 во Ново Лисиче. Понесете ги Вашите навивачки реквизити и придружете и се на досега најдолгата навивачката колона која ќе ја направиме низ скопските улици. Кортеото, како најава за спектаклот во среда ќе ги помине сите скопски населби за во секој дом да ја пренесе радоста на скопјани, што после долги години, Вардар, конечно е на врвот.
Во среда, кога се игра и последниот натпревар од оваа сезона, ве повикуваме на трибините на стадионот во Ѓорче Петров. Натпреварот започнува во 17 часот а навивачакта група Комити подготввува огромно пиротехничко шоу, проследено со кореографија и атмосфера каква што досега не е видена на македонските прволигашки натпревари.
По завршувањето на мечот, Комити заедно со управата на ФК Вардар, Ве повикуваат сите на големата журка во Градскиот Парк. На Школка, во 20:30 часот во среда на 23 мај, започнува големата комитска фешта. Сите кои ќе одвојат време за својот Вардар, ќе уживаат во ретко видена атмосфера, која ќе кулминира кога на Школка ќе се појават играчите на Вардар заедно со Управата на клубот, стручниот штаб и долго посакуваниот пехар. Очекувајте огромно пиротехничко шоу и многу забава.
А за тоа покрај Комити ќе се погрижат и голем број музички ѕвезди. На сцената во Парк се очекуваат ВЕП дружината, Лоши Деца, Кацар, Сиги, Аго, Мизар, Сашо Гиш, Соња Тарчуовска, Дј Чваре, Дј Никифор и многу други.
Затоа Комити уште еднаш ве канат на големата фешта, на која заедно, ќе ја прославиме шестата титутла на нашиот Вардар.
Ве очекуваме..
 
Не треба покана за у среда. Такво нешто не се пропушта, оддамна си го резервирав слободниот ден за 23ти :D
И глејте побарајте од пивара штанд да отворат у парк :pos:
Да не трчаме по продавнички :icon_mrgr:
 
Една маса за екипата од Кратово ако може да резервираш по можност некоја вип :pos:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom