Saber чекам извештај
Еве го...

Уф тешка и многу значајна победа на вардар во Кичево. Тргнавме од Скопје три автобуси и како и во Прилеп така и сега во секој автобус стоеа по десетина луѓе. КОга стигнавме во Кичево ни се приклучија неколку коли од Охрид, и плус по пат собравме пет навивачи на Вардар од гостивар. На мое чудо бевме поголема бројка и од Прилеп, скоро да се наполни тој дел од трибината наменет за нас. Така да бевме бројка од околу 250 Комити.
На крајот од нашата трибина беа 20-тина Ѓаоли, претежно деца кои не навиваа, и на полувреме си заминаа притоа поздравувајќи се со нас. Како што кажуваат управата на Напредок не дозволувала да навиваат

Откако си плативме карти (едно десет минути не ни даваа да влеземе) ѓоуто започна. Одлично навивање, и Вардар одново играше како на домашен иако од спротивната страна целата трибина (околу 3 000 гледачи) беше полна.
Денеска вардар не одигра на ниво. Но им се опростува на играчите бидејќи не играа Оса, Стојаковиќ, Вајс и Бошкоски. Плус уште во 20-та минута се повреди и Ивановски (повредата мислам дека не е многу сериозна бидејќи по мечот беше фит), па на негово место влезе АЛи. Тони Вељановски мислам дека го замени Вајс, и според мене беше играч на натпреварот. Топка не помина крај него, заедно со Мичка и замената на Бошкоски заслужија чиста десетка. Се играше многу груб натпревар. Првото полувреме имаше 5 минутио продолжение...
Домаќибните играа многу остро целата утакмица особено врз Лико. Како што и самиот кажа ваквите терени не му одговараат. немаше простор за дриблинзи и беше само просечен. трет меч по ред имаме трет херој, овојпат не носеше Филип Петров

Заедно со Ранѓеловиќ ја работеа домашната одбрана како сакаат. Но овие го имаа Кире Степановски кој заслужи десетка, па опасостите навремено беа расчистувани. Сепак го имаа и Никанчевски кој е можеби главен виновник за нашата победа. Денеска одигра многу слабо. Така Ранѓеловиќ асистираше до петров, овој излерзе сам пред голман (од косо) и можеше или да додаде или да шутира, и на крај шутна но домашниот голман одлично одбрани. Тогаш стегна напредок. Имаше полушанси на двете страни, а најзречата шанса на цел меч ја имаше еден од домашните напаѓачи. Ја одзема топката излезе сам пред гол (ова се случуваше во 45-та минута), пласираше доле лево и ја погоди стативата од внатрешна страна. Ако дојдеше Напредок во тој момент до водтсво тоа ќе беше и крај на нашите надежи. Во вториот дел тргнавме похрабро но играта беше тапа и на двете страни. Си помислував дека ќе бидам задоволен и со бод, се додека Петров не асистираше до Ацевски а овој со воллеј од неклку метри постигна прекрасен гол за делириум на триобините

До крај напредок тргна на се или ништо но напразно, а при крајот можевме да дојдеме и до 2-0 ако нововлезениот Дарко Ѓурчиновски ја искористеше својата сто процентна шанса.
Али беше ѕвер на мечов

Не може да се мрдне, ама дрибла како што Перо Блажевски си поминува во кошарка

На крај на мечот не оставија подолго на трибина, па прославувавме долго време со нашите играчи.
Уствари точно си испланираа за да пристигнеме во Скопје, кога Балисти ќе го напуштаат Градски за да не се сретнеме

Веќе е јасно, идеме на титула. И ПАЗИ И ПАЗИ И ПАЗИ ВАРДАР ГАЗИ!!!
Инаку во среда не очекува екстремно тежок меч. Напаленото Лисиче не чека кај нив. Нашите многуи стравуваат за овој дуел...