Фан Клуб: Вардар

  • Креатор на темата Креатор на темата gerard
  • Време на започнување Време на започнување
Нова победа на Вардар 3/3 сезонава.
Минимални победи но доволни за 3 бода како што тргнала работава Вардар ќе биде новиот шампион на Македонија.
 
Odlicno gostovanje. 3 pobedi po red,prvo mesto. Kolku dobro zvuci :D
Deneska neso poslaba igra od nasite,plus Ivanovski se povredi. Se nadevam ne e niso seriozno. Dosta tvrda i gruba igra. Nie iako ne utepa sonceto grmevme. Utre podetalen post ke pisam,sea treba da se ide da se slavi :D
 
Saber чекам извештај :)
Еве го...:D
Уф тешка и многу значајна победа на вардар во Кичево. Тргнавме од Скопје три автобуси и како и во Прилеп така и сега во секој автобус стоеа по десетина луѓе. КОга стигнавме во Кичево ни се приклучија неколку коли од Охрид, и плус по пат собравме пет навивачи на Вардар од гостивар. На мое чудо бевме поголема бројка и од Прилеп, скоро да се наполни тој дел од трибината наменет за нас. Така да бевме бројка од околу 250 Комити.
На крајот од нашата трибина беа 20-тина Ѓаоли, претежно деца кои не навиваа, и на полувреме си заминаа притоа поздравувајќи се со нас. Како што кажуваат управата на Напредок не дозволувала да навиваат:tapp:
Откако си плативме карти (едно десет минути не ни даваа да влеземе) ѓоуто започна. Одлично навивање, и Вардар одново играше како на домашен иако од спротивната страна целата трибина (околу 3 000 гледачи) беше полна.
Денеска вардар не одигра на ниво. Но им се опростува на играчите бидејќи не играа Оса, Стојаковиќ, Вајс и Бошкоски. Плус уште во 20-та минута се повреди и Ивановски (повредата мислам дека не е многу сериозна бидејќи по мечот беше фит), па на негово место влезе АЛи. Тони Вељановски мислам дека го замени Вајс, и според мене беше играч на натпреварот. Топка не помина крај него, заедно со Мичка и замената на Бошкоски заслужија чиста десетка. Се играше многу груб натпревар. Првото полувреме имаше 5 минутио продолжение...
Домаќибните играа многу остро целата утакмица особено врз Лико. Како што и самиот кажа ваквите терени не му одговараат. немаше простор за дриблинзи и беше само просечен. трет меч по ред имаме трет херој, овојпат не носеше Филип Петров:cuc:
Заедно со Ранѓеловиќ ја работеа домашната одбрана како сакаат. Но овие го имаа Кире Степановски кој заслужи десетка, па опасостите навремено беа расчистувани. Сепак го имаа и Никанчевски кој е можеби главен виновник за нашата победа. Денеска одигра многу слабо. Така Ранѓеловиќ асистираше до петров, овој излерзе сам пред голман (од косо) и можеше или да додаде или да шутира, и на крај шутна но домашниот голман одлично одбрани. Тогаш стегна напредок. Имаше полушанси на двете страни, а најзречата шанса на цел меч ја имаше еден од домашните напаѓачи. Ја одзема топката излезе сам пред гол (ова се случуваше во 45-та минута), пласираше доле лево и ја погоди стативата од внатрешна страна. Ако дојдеше Напредок во тој момент до водтсво тоа ќе беше и крај на нашите надежи. Во вториот дел тргнавме похрабро но играта беше тапа и на двете страни. Си помислував дека ќе бидам задоволен и со бод, се додека Петров не асистираше до Ацевски а овој со воллеј од неклку метри постигна прекрасен гол за делириум на триобините :D
До крај напредок тргна на се или ништо но напразно, а при крајот можевме да дојдеме и до 2-0 ако нововлезениот Дарко Ѓурчиновски ја искористеше својата сто процентна шанса.
Али беше ѕвер на мечов :pos: Не може да се мрдне, ама дрибла како што Перо Блажевски си поминува во кошарка:pos:
На крај на мечот не оставија подолго на трибина, па прославувавме долго време со нашите играчи.
Уствари точно си испланираа за да пристигнеме во Скопје, кога Балисти ќе го напуштаат Градски за да не се сретнеме :)
Веќе е јасно, идеме на титула. И ПАЗИ И ПАЗИ И ПАЗИ ВАРДАР ГАЗИ!!!
Инаку во среда не очекува екстремно тежок меч. Напаленото Лисиче не чека кај нив. Нашите многуи стравуваат за овој дуел...
 
Одлично гостување,и уште поубава победа.Значи Ацевски го даде голот,јас мислев дека е Рангеловиќ... Лико добар беше имаше добри дриблинзи пак по таа лева страна,имаме добар состав... се чека комплетирање,Оса,Гроздановски,Стојакович,Ивановски,Лико... се иде на титула оваа година па што сака нека биде.

П.С Колку ми е смешен Али,се гради и 3 неможат топка да му земат.
 
Одлично гостовање во Кичево,бевме околу 250 души и покрај топлото време му дадовме огромна подршка на Вардар во текот на целиот натпревар!Иначе слаба игра денес,имавме среќа што при резултат 0 - 0 Напрдок од чиста шанса погодија статива,а потоа во второ полувреме следеше казната со одличен погодок на Ацевски под пречка и урлање на трибина:vozbud:!До крајот све се заврши рутински,сепак треба да се напомене и тоа што ни фалеа 3-4 играчи од прв тим и со слатки маки дојдовме до овие 3 бода,иначе да кажам само дека и Влатко Гроздановски беше на трибина со нас и пееше:)
 
Симов не поздравува,и вика дека едноставно без нас не се може ... :)
 
Кој ден е утакмицата? И пријателска е?
Во среда е, 17-ти Август, куп на Македонија.
Мислам дека почнуваат од 16 часот мечевите...
Се ми иде на тоа дека ФФМ намерно ни го смени противникот. Знаеа дека Вардар лесно ќе ја мине Цементара и ни го тутнаа Лисиче после тоа...
Дуелот со Лисиче ќе биде многу тежок за нас, особено затоа што ќе имаат многу играчи кои ќе сакаат да го победат вардар и кои до годинава го носеа дресот на Вардар (Трифуновски, Ристов и Спасески). Имаме многу појака екипа нормално, но ќе треба добро да се испотат за да тепаат. Нзнам како ќе не собере на трибинчето со оглед на тоа што ќе биде полна од Лисичани кои се фанатици за фудбал :D
 
Кој ден е утакмицата? И пријателска е?
Не е пријателска , куп на Македонија со Еуромилк (Горно Лисиче) би требало да се игра исто од 16 - 30
--- надополнето: Aug 13, 2011 11:42 PM ---
Во среда е, 17-ти Август, куп на Македонија.
Мислам дека почнуваат од 16 часот мечевите...
Се ми иде на тоа дека ФФМ намерно ни го смени противникот. Знаеа дека Вардар лесно ќе ја мине Цементара и ни го тутнаа Лисиче после тоа...
Дуелот со Лисиче ќе биде многу тежок за нас, особено затоа што ќе имаат многу играчи кои ќе сакаат да го победат вардар и кои до годинава го носеа дресот на Вардар (Трифуновски, Ристов и Спасески). Имаме многу појака екипа нормално, но ќе треба добро да се испотат за да тепаат. Нзнам како ќе не собере на трибинчето со оглед на тоа што ќе биде полна од Лисичани кои се фанатици за фудбал :D

Во право си, тежок меч ќе биде ова, а за собирање и јас се мислам како ќе не собере :D исто и во Охрид кога ќе гостуваме :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom