Фан Клуб: Вардар

  • Креатор на темата Креатор на темата gerard
  • Време на започнување Време на започнување
Спартак Варна - 13 настапи / 2 гола
Сливен - 28 настапи / 1 гол

http://en.wikipedia.org/wiki/Adriano_Miranda_de_Carvalho

Сабајле пишуваше дека игра во некој бразилски клуб, а сега е сменето во Вардар...

Инаку, Ристе Наумов е ослободен од Славија Прага, па мислам дека вреди да се проба среќата и со него :)
 
Да беее Ристе Наумов скоро церлосно го заборавив :)
Убаво би било9 да се врати во клубот. Очекуван раќање и на младиот Симеон Христов.
 
Спартак Варна - 13 настапи / 2 гола
Сливен - 28 настапи / 1 гол

http://en.wikipedia.org/wiki/Adriano_Miranda_de_Carvalho

Сабајле пишуваше дека игра во некој бразилски клуб, а сега е сменето во Вардар...о

сигурно го фаќа носталгија за местото каде даде најдобро партии во својата кариера,едноставно му угодија место во тимот и одлично си ја вршеше работата.....изгледа татарите го запустија детето...
 
Малце оф топик, нашиот екс играч младиот Стефан Ристовски е пратен на позајмица во Фоџа :)
Можеле тука да ни го позајмат :D
 
читај те што има(имало) во светот,без овде да кажувате бајки како,што останал Вардар во 1МФЛ...

http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=628111057476&id=19&prilog=0&setIzdanie=22316
--- надополнето: Jun 29, 2011 12:30 AM ---
Малце оф топик, нашиот екс играч младиот Стефан Ристовски е пратен на позајмица во Фоџа :)
Можеле тука да ни го позајмат :D
да се надеваме дека ќе има слична кариера како Пандев и него го позајмуваа со години па стигна до Интер..
 
Митев: Цел на Вардар е излез во Европа

Вардар отсега ќе има нов имиџ и сакаме да почнеме коректно да работиме, без матни зделки и неисполнети ветувања кон фудбалерите како во минатото, вели новиот спортски директор на Вардар, Горан Митев

Сите фудбалери што ќе играат во Вардар ќе бидат пријавени, нема да има „црни пари“ и нерасчистени сметки. Нема да работиме како порано, кога едно им се ветуваше на играчите, а друго се исполнуваше - тврди Митев, кого управата го назначи на функцијата спортски директор минатиот петок.

Вардарци во саботата ја имаа и првата прозивка, но само со играчите што останаа во клубот по егзодусот што се случи на крајот на сезоната, со заминувањето на спонзорот Слободан Вујчиќ.

- Многу сме слаби кадровски, а време воопшто нема. Во од ќе се екипираме, но сето тоа тешко оди. Сепак, нашата цел за идната сезона е излез во Европа. Нема да биде грев ако Вардар не освои титула во првенството или во купот, но сакаме по секоја цена да играме во Европа - категоричен е Митев.

За оваа цел Вардар веќе најави неколку засилувања со поранешни македонски репрезентативци и интернационалци, а засега е разговарано само со напаѓачот Александар Бајевски. Во план е и разговор со Александар Васоски, но Филип Деспотовски отпаѓа од игра.

- Бајевски ги кажа своите услови и сега ние сме на потег. Ќе разговараме со Васоски кога ќе дојде во Македонија, а јас лично зборував и со Деспотовски, кој ми рече дека го продолжил договорот со Интер Баку од Азербејџан. Тој потврди дека кога ќе заврши со својата интернационална кариера, единствен клуб за кој ќе игра е Вардар. Околу плановите со новите играчи денеска ќе имаме состанок со луѓето од градот Скопје, а сé ќе биде објавено на прес-конференција утре или задутре - објаснува Митев.

Тој потврдува дека на проба во Вардар ќе дојдат и неколку странци од Србија и од БиХ, а се преговара и со репрезентативец на Габон. „Црвено-црните“ на 5 јули заминуваат на подготовки на Златибор (Србија), каде што ќе одиграат неколку контролни средби, а и ќе ги тестираат новите кандидати за вардаровиот дрес.

извор:Нова Македонија
 
Дино Најовски раскина со Белицона па би можел повторно во Вардар или не ? :D
 
Дино Најовски раскина со Белицона па би можел повторно во Вардар или не ? :D
Само што сакав ова да го пишам :D
Дај боже :)
Инаку деновиве на проба во Вардар доаѓале, екс Литванскиот репрезентативец Егидијус Мајус , екс младиснки репрезентативец на камерун Беконо Нитап Нгом, како и фудбалери од Србија ио Бих. Се очекува да потпишат и Бајо, ОСа, Амбурет, Де Брито се најавува...
 
Спартак Варна - 13 настапи / 2 гола
Сливен - 28 настапи / 1 гол

http://en.wikipedia.org/wiki/Adriano_Miranda_de_Carvalho

Сабајле пишуваше дека игра во некој бразилски клуб, а сега е сменето во Вардар...

Инаку, Ристе Наумов е ослободен од Славија Прага, па мислам дека вреди да се проба среќата и со него :)
Ристе Наумов би бил џек-пот за нас во моментов.
 
Само што сакав ова да го пишам :D
Дај боже :)
Инаку деновиве на проба во Вардар доаѓале, екс Литванскиот репрезентативец Егидијус Мајус , екс младиснки репрезентативец на камерун Беконо Нитап Нгом, како и фудбалери од Србија ио Бих. Се очекува да потпишат и Бајо, ОСа, Амбурет, Де Брито се најавува...
Овој е сигурно исто како ''големото засилување'' пред едно 6-7 години што играше во Вардар, Летонецот Олег Бајковс :D !!! За вториов болд се прашував баш... зошто Вардар освен Блесинг, Вандаир и Оливеира не е кадарен да донесе еден странец од надвор ??? Додуша ни овие најпрвин не играа за Вардар Оливеира играше за Работнички , Вандаир и Блесинг за Цементара !!! Се спомнуваат имиња што играле веќе за други клубови во Македонија...Оса,Де Брито,Амбурет,Вашингтон,Миранда...едно време нели и овој другиот во Пелистер што беше напаѓачот требаше да дојде во Вардар Мачадо Жуниор мислам дека беше па изгледа дека и една Победа порано со Жилсон (и Итуа можеби, а имаше и еден одбранбен играч позади црнец со Хамбургер играше на Градски го забораив како беше) успеала и била кадарна да донесе добар играч од странство а Вардар не !!! Ми го капирате муабетов нели ??? :)
 
Оливеира играше најпрвин за Победа и беше избран за најодбар странец во лигата! Заедно дојдоја со Жилсон.
 
Да точно, имаше најави дека че се врати да ја заврши кариерата во Победа годината ко беше дисквалификувана!
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom