Фан Клуб: Вардар

  • Креатор на темата Креатор на темата gerard
  • Време на започнување Време на започнување
Инфо за Дарко Стојанов ?

Потпишал за нас!

дарко стојанов е дете на вардар тренираше со првиот тим кога тренер беше ратко достаниќ а потоа беше на позајмица во маџари солидарност и локомотива
 
До крајот на месецот, ќе се знае разврската околу ФК Вардар. Како и да е, што и да биде, групата ќе функционира мошне организирано и перспективно следната сезона. Имаме прослава 25 години постоење, потоа имаме и регионална лига во ракомет. Значи има моменти каде што ќе блескаме во текот на сезоната. Побрзајте со членските, тоа е за поволни услови на сите нас, цената е симболична бидејќи важи за цела сезона. Таа варијанта со членските е најевтина, сметајќи ги сите математики. Проверете сами. Со тоа што со членската вклучени се и натпреварите од ракометната регионална лига ! Исто така првите 100 Комити кои ќе уплатат за членски, ќе добијат маици бесплатно. Затоа побрзајте, уплатите веќе течат, и први членови со членски веќе имаме.

КРВТА МОЈА, БОЈАТА ТВОЈА !!!
 
Бајо: "За Вардар и во Втора лига"
014042E0818EF941B8ED19425D3A34FD.JPG
"Не е срамно за Вардар да се настапува и во второлигашка конкуренција. Јас сум подготвен, како и многупати претходно, да се вратам во клубот, но досега со никого немам никаков контакт околу таквата идеја", вели Бајевски
Во моментите кога комплетната фудбалска јавност, пред се неговите најверни навивачи, го очекуваат финалниот резултат околу идниот статус на најтрофејниот македонски клуб, очигледна е подготвеноста на веќе спомнуваните низ фудбалските кругови идни големи засилувања за кам-бек во "црвено-црните" редови...
И покрај тоа што, како што вели, досега нема никаков контакт околу евентуална идна заедничка соработка со новото раководство на Вардар, поранешниот македонски репрезентативец Александар Бајевски е подготвен да му помогне на клубот и во најтешкиот негов период.
"Искрено своето име како идно евентуално засилување во новиот Вардар го прочитав од медиумите, меѓутоа досега немам никаков контакт или разговор со новото раководство за евентуално враќање во клубот", ни изјави вчера миленикот на "Комитите", Бајевски.
 
Пак ни мачкаат очи, со овој се преговарало, со оној се преговарало а уствари со никого не се преговара :D
Времето си тече, другите клубови веќе почнаа со подготовки, а ние уште незнаеме ни кој е моменталниот состав на Вардар...
Не ми мириса на добро работава...
 
Ее да ве прашам барем вие што сте членови на Комити на форумов.. би прифатиле Вардар да влезе на местото на Тетекс во прва лига ?
 
Ее да ве прашам барем вие што сте членови на Комити на форумов.. би прифатиле Вардар да влезе на местото на Тетекс во прва лига ?
Многу јасно дека НЕ...
 
Ее да ве прашам барем вие што сте членови на Комити на форумов.. би прифатиле Вардар да влезе на местото на Тетекс во прва лига ?
на местото на тетекс никогаш.
 
Сомнително е ова што се случува, сега читам имало некои шпекулации да се носат бнекои играчи како Пеев, Филип Петров, Кировски (првиот минус играч, вториов којзнае колку стагнирал откако отиде од вардар, третиов најомразен), но и играчи како Пјер Боја, Амбурет и Лена. Пјер Боја во Вардар?
Незнам за Лена дали е странец али го ставив во оваа група на странци, ама во втора лига странци не смее да играат...
За каде се спремаат нашиве???
Нешто се крчка, али се е на база на шпекулации...
Се мислам дека на крај со младинци ќе се бориме за опстанок во втората лига...
Нешто маткаат нашиве со Миравци...
 
Koлку што знам јас Џери има договор со Аполон (Кипар)..
Иначе Лена е македонец кој во минатото настапуваше во Макеоднија ЃП а минатата сезона со Фљаму.... (не ми текнуе на името :D) беше шампион на Албанија се работи за многу квалитетен играч од средината на теренот..
Пеев заглави у Турција а Петров грее клупа у Србија ми се чини во Јавор//
 
Лена се презива, само незнаев дека бил од Македонија, пошто на менаџер ми играше како странец од АЛбанија :D
Лани во Фљамуртари играше, Пеев мислам за Ордуспор настапуваше. Кировски не ни сакам сда го гледам, повеќе би се израдувал ако го видам Марко Симоновски од Металуѕрг назад во нашиот тим, заедно со Ејупи и Костеноцвски :)
Незнам Симеон Христов колку напредувал али сигурен сум дека јне се изнаиграл баш во Унгарија...
Сакам Глигор Глигоров да го видам тука. Ќе ми се исполни ли некогаш оваа желба:(
 
Комити, официјален став.

По неодамнешните шпекулации и најави, навивачката група Комити е приморана да даде свое соопштение.
Деновиве во домашните и странските весници излегоа доста шпекулации, како Комити се организирале за натпреварот шкендија-партизан. Новинарите како по обичај, пласираат лаги за да имаат поголема читаност.

Официјален став на групата е дека нема да земеме никакво учество во овој натпревар, поради тоа што не игра нашиот Вардар ниту некој од нашите братски клубови. Комити нема да навиваат со гробари ниту со навивачите на шкендија. КОМИТИ НАВИВААТ САМО ЗА ВАРДАР.

Нашето непријателство со навивачите од тетово е на националистичка база, а према гробарите имаме неутални ставови, со негативна наклонетост према оние кои ја негираат нашата нација/црква и го подржуваат братството со Паок. Така да испраќаме апел до сите наши членови, да не се излажат од медиумите и да завземат било каква страна и да одат да навиваат на тој ден.

Потсетуваме дека непочитување на официјалниот став на групата од страна на членовите, се санкционира со отстранување од групата !
 
Лена се презива, само незнаев дека бил од Македонија, пошто на менаџер ми играше како странец од АЛбанија :D
Лани во Фљамуртари играше, Пеев мислам за Ордуспор настапуваше. Кировски не ни сакам сда го гледам, повеќе би се израдувал ако го видам Марко Симоновски од Металуѕрг назад во нашиот тим, заедно со Ејупи и Костеноцвски :)
Незнам Симеон Христов колку напредувал али сигурен сум дека јне се изнаиграл баш во Унгарија...
Сакам Глигор Глигоров да го видам тука. Ќе ми се исполни ли некогаш оваа желба:(

пеев игра во болуспор а за ордуспор играат јован костовски и муарем муарем
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom