Пораз и победа за Вардар во Макарска
"Вардарците" во натпревар иако подобри од босанскиот прволигаш загубија од Рудар Приједор, а го совладаат хрватскиот нисколигаш Винјани
Најтрофејниот македонски клуб со пораз и победа ја стартуваше тест серијата на подготовките во хрватскиот туристички центар Макарска. "Вардарците" прво на првата своја контролна средба загубија од прволигашот од БиХ, Рудар Приједор минимално со 1:0, а со истиот резултат вчера го совладаа и хрватскиот нисколигаш Винјани.
Шефот на стручниот штаб на Вардар, Зоран Стратев, е задоволен од првите контролни минути за своите фудбалери најавувајќи дека веќе на следните пријателски натпревари, за разлика од стартот, ќе мора да се мисли и на креирањето на физиономијата на тимот за пролетниот дел од сезоната.
ВАРДАР - РУДАР ПРИЈЕДОР (БиХ) 0:1 (0:0)
Игралиште во Макарска. Гледачи: 50. Стрелец: Степиќ 78' (РП).
ВАРДАР: Маџаровски, Б. Ѓоргиевски (30' Нено), Ристов, Бојовиќ, Б. Џангаровски, Т. Џангаровски, Трипуновски, Ристевски, Пандовски, Фабио, Вандаир.
Уште играа: Симов, Стојковски, Нелоски, Никанчевски, Ацевски, Тодоровски, Алиевски, Мојсов, Р. Карлос, Шабани, Синковиќ, Василевски, Марковски
ВАРДАР - ВИНЈАНИ (ХРВ) 1:0 (1:0)
Игралиште во Макарска. Гледачи: 100. Стрелец: Р. Карлос 27' (В).
ВАРДАР: Симов (46' Ристевски), Нено, Алиевски, Нелоски, Никанчевски, Тодоровски, Ацевски, Мојсов, Р. Карлос, Марковски, Синковиќ
Уште играа: Гоцевски, Б. Ѓоргиевски, Ристов, Б. Џангаровски, Т. Џангаровски, Стојковски, Ристевски, Шабани, Тодоровски, Пандовски, Василевски
ТЕСТ НАТПРЕВАРИ ВО МАКАРСКА
12. февруари: ВАРДАР - Рудар Какањ (БиХ)
14. февруари: ВАРДАР - Хрватски Драговољац (Хрв)
16. февруари: ВАРДАР - Шибеник (Хрв)
18. февруари: ВАРДАР - полски второлигаш