Фан Клуб: Вардар

  • Креатор на темата Креатор на темата gerard
  • Време на започнување Време на започнување
Настевски официјално останува во Вардар!

Е ова е веќе вест на место :icon_mrgr
Ама па ко ќе ми текне дека на лето 100% ќе иде негде,станува се безвезе.Голем талент е во прашање!!!
 
Пораз и победа за Вардар во Макарска
7A2FD4D3E9D2A34087D21951174A1945.jpg

"Вардарците" во натпревар иако подобри од босанскиот прволигаш загубија од Рудар Приједор, а го совладаат хрватскиот нисколигаш Винјани
Најтрофејниот македонски клуб со пораз и победа ја стартуваше тест серијата на подготовките во хрватскиот туристички центар Макарска. "Вардарците" прво на првата своја контролна средба загубија од прволигашот од БиХ, Рудар Приједор минимално со 1:0, а со истиот резултат вчера го совладаа и хрватскиот нисколигаш Винјани.
Шефот на стручниот штаб на Вардар, Зоран Стратев, е задоволен од првите контролни минути за своите фудбалери најавувајќи дека веќе на следните пријателски натпревари, за разлика од стартот, ќе мора да се мисли и на креирањето на физиономијата на тимот за пролетниот дел од сезоната.

ВАРДАР - РУДАР ПРИЈЕДОР (БиХ) 0:1 (0:0)
Игралиште во Макарска. Гледачи: 50. Стрелец: Степиќ 78' (РП).
ВАРДАР: Маџаровски, Б. Ѓоргиевски (30' Нено), Ристов, Бојовиќ, Б. Џангаровски, Т. Џангаровски, Трипуновски, Ристевски, Пандовски, Фабио, Вандаир.
Уште играа: Симов, Стојковски, Нелоски, Никанчевски, Ацевски, Тодоровски, Алиевски, Мојсов, Р. Карлос, Шабани, Синковиќ, Василевски, Марковски

ВАРДАР - ВИНЈАНИ (ХРВ) 1:0 (1:0)
Игралиште во Макарска. Гледачи: 100. Стрелец: Р. Карлос 27' (В).
ВАРДАР: Симов (46' Ристевски), Нено, Алиевски, Нелоски, Никанчевски, Тодоровски, Ацевски, Мојсов, Р. Карлос, Марковски, Синковиќ
Уште играа: Гоцевски, Б. Ѓоргиевски, Ристов, Б. Џангаровски, Т. Џангаровски, Стојковски, Ристевски, Шабани, Тодоровски, Пандовски, Василевски

ТЕСТ НАТПРЕВАРИ ВО МАКАРСКА
12. февруари: ВАРДАР - Рудар Какањ (БиХ)
14. февруари: ВАРДАР - Хрватски Драговољац (Хрв)
16. февруари: ВАРДАР - Шибеник (Хрв)
18. февруари: ВАРДАР - полски второлигаш
 
30 минута измена на Бојан Ѓоргиевски? Се повредил? EDIT: Сега видов дека играл на вториот натпревар, значи веројатно не станува збор за некоја посериозна повреда.

Инаку, мала шега на сметка на ривалите. Вардар и Љубоја ќе го носеа, не па со Хајдук да играат. :)
 
30 минута измена на Бојан Ѓоргиевски? Се повредил? EDIT: Сега видов дека играл на вториот натпревар, значи веројатно не станува збор за некоја посериозна повреда.

Инаку, мала шега на сметка на ривалите. Вардар и Љубоја ќе го носеа, не па со Хајдук да играат. :)

Вардар на сите припреми до сега кои ги имаше во Хрватска играше против Хајдук, а ова е прва година каде што најверојатно нема да игра против нив, иако ништо чудно и да играат, така да споредбава со Љубоја и натпревар против Хајдук е небо-земја, барем Вардар никогаш немал проблеми да игра против нив :)
 
Вардар на сите припреми до сега кои ги имаше во Хрватска играше против Хајдук, а ова е прва година каде што најверојатно нема да игра против нив, иако ништо чудно и да играат, така да споредбава со Љубоја и натпревар против Хајдук е небо-земја, барем Вардар никогаш немал проблеми да игра против нив :)

Знам дека имаат играно и порано, затоа и реков мала шега на сметка на Вардар.
 
Останува мојот омилен играч во Вардар,па ајде нека шиба многу голчиња во црвено црниот дрес :)
 
Нов двегодишен договор за Настевски во Вардар
1C36F372F8EAED4885BF6CE6FC385BA5.jpg
"И дефинитивно моите идни фудбалски амбиции се тесно врзани со Вардар, токму затоа и се решив на двегодишен договор", вели Настевски
Од вчера и официјално, еден од најталентираните вардарови фудбалери, 19-годишниот Иван Настевски и во следните две години ќе го носи црвено-црниот дрес.
Откако не успеа да обезбеди за себе интернационален трансфер крилниот офанзивец на најтрофејниот македонски клуб, онака како што и претходно беше најавено, се одлучи за продолжување на соработката во клубот кој го промовираше на домашната прволигашка сцена, потпишувајќи нов двегодишен договор...














Превземено од: http://sport.com.mk/?ItemID=5C0002C94671C0498097E2A79C7A78C0




Одличен потег! Договори треба под итно да се потпишат со сите млади и надежни фудбалери...
 
Вака се работи со млади играчи. Цврст договор и кога ќе има заинтересиран клуб за трансфер да мораат да платат отштета. Да видат профит и клубовите како Вардар и Пелистер а не играчите да раскинуваат договори на штета на клуб и да си заминуваат како слободни играчи. Е сега, друго прашање е кај ќе одат парите од трансферот...
 
Значи сеа би можело,Вандаир центар фор,Ивче нека иде десно крило,и Пандо нека иде лево крило добар напад би имале мислам.Па здравје на Лето да се земе уште нешто,некој добар плеј и бекови...
 
И со Фако да се продужи договорот ќе биде екстра,т.е професионален договор да се потпише.
Вака треба да се работи,да се задржуваат талентите,и подоцна кога стварно ќе мора да се продадат да се зима прилично солидна оштета за нив.

Напред Вардар во срце те носам !!
 
Настевски во црвено-црниот дрес до 2013
Талентираниот фудбалер Иван Настевски (19 години) ја прифатил понудата од Вардар, а договорот што ќе го потпише со црвено-црните ќе важи до јуни 2013 година. Симпатизерите на најпопуларниот македонски клуб сега очекуваат позитивен исход на преговорите и со вториот талентиран напаѓач Фахрудин Ѓурѓевиќ кој има 18 години и е само 6 месеци помлад од Настевски. Двоецот тинејџери одигра квалитетно во есенскиот дел од сезоната за Вардар, со што го свртеа вниманието кон себе како идни надежи на македонскиот фудбал.

- Се радувам што ќе продолжам да играм за Вардар. Сигурен сум дека ќе избориме опстанок, бидејќи имаме квалитетен тим со одлични поединци. Поинаква ќе биде приказната за Вардар во пролетниот дел. Имам верба во себе дека ќе успеам да се изборам за место во стартниот состав. Со помош на многубројните симпатизери на црвено-црната боја ќе се обидеме да го вратиме клубот на патеките на успехот. Желба ми е да освојам шампионска титула со Вардар - ни изјави Настевски. Популарниот Меси денеска ќе замине за Макарска на подготовки со соиграчите. Се поблиску до останување во редовите на Вардар е и Ѓурѓевиќ, иако за него с` уште постои комбинација да замине во Франција во редовите на Ланс или Ле Ман.

Вардар со 13 бода е претпоследен со заостанување од 9 скалила во однос на најблиските конкуренти Брегалница и Скопје. Оптимистичките најави се дека уште пред стартот на пролетниот дел Вардар ќе стопи 3 бода, што му се одземени како казна за неодиграниот меч со Турново. Клубот загуби службено со 0-3 и згора на тоа беше казнет со 3 бода.

- Ние поведовме постапка за враќање на тие 3 бода. Тие не се ниту на Брегалница, ниту на Турново, туку се неправедна казна за нас - велат од Вардар.
(З.П.)

Превземено од: http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=56D3E0E8F8D8F54D97B7B4B884D45092
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom