Фан Клуб: Вардар

  • Креатор на темата Креатор на темата gerard
  • Време на започнување Време на започнување
За некој саат тргаат 55 Комити за Гелзенкирхен за дербито у петок а на враќње идат некој и во Холандија, можам да замислам што ќе биде и навивачите на Твенте и на Нирнберг им доаѓаат и со нив се збратимени. Само коа ќе ми текне на тоа дека по патот што идат има дури 20 и нешто бензиски пумпи се загрижувам за нив :icon_mrgr
Предмалце коа поминав околу 9 на железничка се зачудив коа видов цел автобус Комити и се прашував каде одат,али по твојов пост дознав дека идат за Германија за дуелот Дортмунд - Шалке кој се игра во петок! Видов дека дечките беа све над 20 години,така да сигурно ке напават одлична атмосфера бидејки колку пиење видов само во багаж не сте свесни ! РЕСПЕКТ ЗА ДЕЧКИТЕ И ДА НЕ ПРЕТСТАВАТ ВО НАЈДОБРО СВЕТЛО!
 
Иначе добро е што сме го земале и Симов. Ќе имаме искусен и сигурен голман бар оваа полусезона. Одбраната ни е прилично засилена.
Не сум задоволен од носењето на бразилците кои се можеби и под нивото на тоа што го имавме од играчки кадар до сега. Како и да е добивме на искуство ( тоа што ни фалеше у есенскиот дел ) и очекувам да избориме опстанок. Ме радува и тоа што нема да бојкотираме веќе што значи на 5 Март идеме у Тетово :)
 
И ни се оствари желбата :) Симов се враќа во Вардар! Инаку натпреварот со Лисиче нема да се одигра поради тоа што терените во Скопје се во лоша состојба...

Супер, многу подобра варијанта од Јорде... :)

Инаку во Макарска најверојатно еден од противниците ќе биде и Хајдук.
 
Во петок тргаат играчите за Макарска. Можно е нивно испраќање од наша страна. Така мислам дека прочитав негде али не сум сигурен.
 
Во петок тргаат играчите за Макарска. Можно е нивно испраќање од наша страна. Така мислам дека прочитав негде али не сум сигурен.

И сигурно ќе има нивно испраќање. Ќе има известување утре што како.
Инаку Симов е веќе засилување на место. Конечно можам да кажам дека верувам во опстанокот. Вака-така склопивме солиден тим, а скоро 90% остануваат и Настовски и Фако. Да почнеме со победите :icon_mrgr
 
^ Ооо дај боже да остане Настевски,еден од мојте омилени играчи,а може некој да ми каже овој Симов што играч е што позиција игра добар некој? не сум ба информиран :helou:
 
^ Ооо дај боже да остане Настевски,еден од мојте омилени играчи,а може некој да ми каже овој Симов што играч е што позиција игра добар некој? не сум ба информиран :helou:

Голман, антика... :)
Ни бранеше ланската полусезона. За Маџаровски е Шмајхел...
 
^ Ооо дај боже да остане Настевски,еден од мојте омилени играчи,а може некој да ми каже овој Симов што играч е што позиција игра добар некој? не сум ба информиран :helou:
Брат Симов е голман бе:pos:
 
Ќе одите во Тетово а?:vozbud:Глеам Комити отишле во Гелзенкирхен,па во добро светло да се престават во дербито.
 
Ќе одите во Тетово а?:vozbud:Глеам Комити отишле во Гелзенкирхен,па во добро светло да се престават во дербито.
Бојкотот е прекинат така да на 5 март највероватно ке се иде во Тетово бидејки како што слушнав забраната за гостување е прекината!
 
Се збративмивме после нашиот дуел со Шалке. Од Скопје во таа 2004 година накај Гелзенкирехен се група Комити со обично комбе :)
Кога во Германија виделе какви лудаци има на светов, одма падна соработка. Воглавно луѓето од Лојал Фанс оставрија поголема соработка, па во наредните години често се случувашее они да дојдат тука, и дел од нашоте да присуствуваат на Шалке-Дортмунд :)
Инаку не го споменував досега ова патување на дербито, но ете чим веќе обелодени, во Март на дербито Дортмунд-Шалке ќе присуствуваат и дваесетина Комити. Ќе одат нормално поглавните, заедно со воџите и повидните преставници на подгрупите :)
Дортмунд сигурно паѓа, пошто Шалке ќе има македонска поддршка :icon_mrgr

Браво за Комити!
Ова не сум го знаел и пријатно сум изненаден. Шалке е мој омилен германски клуб. Кога почнав да ги сакам (девеесет и некоја, кога освоија УЕФА куп), сеуште важеа за работнички клуб од индустриска обаст, но од тогаш почнаа со елитизам, во позитивна смисла, а и областа полека прерасна во административен центар.
 
Брацо "игра" само како тој сака
ADEF0AABF398754A99B39A82CEBC666A.JPG

Со околу 100.000 евра од трансферот на Богатинов се "крпат" дупките во Вардар, а казната кон ФФМ е платена од парите за младиот Милан Ристовски од Тетекс
"Голем" спонзор е Слободан Брацо Вујчиќ. Сега во мисија да го спасува Вардар кој по многуте турбуленции стигна до самото дно што поради негова вина, но и по вина на останати лица кои "црвено-црната" авантура ги изеде како мали деца. А Вардар треба и мора да се спаси затоа што без Вардар и нема фудбал во оваа држава, со пари од Тетекс се "крпат" дупките на Вардар.
Брацо исто така во новата авантура ќе влезе со финансии добиени од продажбата на Мартин Богатинов во украинскиот тим Карпати. Околу 100.000 евра добива Вујчиќ од овој трансфер од кој кој мал процент отиде и на сметката на Работнички.

Мојсов: "Опстанокот не е спорен"
6368CC16EF857C45AA953445AAB88E41.JPG

"Со ваков тим Вардар не треба да стравува за опстанокот во прволигашкото друштво", вели Ѓорги Мојсов
Една од најзвучните новини, при преселбата на играчите од Работнички во црвено-црните редови, во пакет заедно со враќањето на ново-стариот финансиер во клубот Слободан Брацо Вујчиќ сигурно е фудбалерот од средниот ред Ѓорги Мојсов.
"Опстанокот не е спорен. Искрено верувам во тоа. Со ваков тим Вардар не треба да стравува за опстанокот во прволигашкото друштво", истакнува Мојсов.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom