Очекувано <3
Потајно се надевав дека ќе ја платат казната и ќе ги доведат тие играчи какви и да биле, ама ни тоа не бидна. Ајде да видиме каков состав имаме сега

Кои се тие девет искусни играчи кои што останале

Хмм, досега ми текнуваат Симов, Милевски, Ристов, Трипуновски, Нухију, Пандовски (веќе може да се смета во тие искусните иако е млад) и Џангаровски. Избројав 7 души, на другите двајца не ми текнува:raz::raz:
Од овие што дојдоа од Ѓорче незнам дали останаа Ѓурѓевиќ и Иван Настевски

Имаме релативно очајна екипа. Добро е што во екипата останува Милевски, бидејќи иако е прастар сеуште може да придонесе за некакви резултати. Тука некаде треба да помага и Ристов, а по бековските позиции незнам кој би играл, можеби некој од младинците кои се на солидно ниво.
Средината покрај голманската позиција, би требало да биде една од посилните алки. Предводник младиот Пандовски кој акумулираше доста искуство во изминативе две сезони, потоа Трипуновски и Џангаровски, а како замена би влегувал стариот Арбен. Не дека Трипуновски и Џангаровски се некои екстра играчи, но во еден ваков состав се солидни, па и во една ваква лига (мислам во борбата за дното, а не за врвот). И доаѓаме до младиот напад. ААко останал барем еден од Ѓурѓевиќ и Настевски, тоа би му доло како добвра поддршка на ланското откритие Симеон Христов.
Да не заборавиме дека ги имаме и младинците, и дека скоро секоја година вадиме некои добри играчи. Не напуштија скоро сите кои израснаа во нашиот тим. Пеев го носи дресот на Тетекс, Ејупи и Костенцовски на Металург, Петров се запусти во Србија, Ристовски отиде за Парма, Најдоски во Белинцона и тн.
Оваа година највеќе надеж имам во Шикмановиќ. Се надевам дека ќе биде дел од една нова генерација фудбалери, која подоцна ќе биде носител на играта на Вардар, а не на останатите Македонски екипи...
--- надополнето ---
Од еден фејсбук муабет, па ќе видиме дали е вистина (мада од тоа што е напишано од висок член ми личи како приближна вистина). По завршувањето на двомечот Работниќки-Ливерпул, еден од досегашните нивни акционери се враќа во Вардар. Брацо 2 дел <3