Другари, иам едно прашање... Многу од големите европски ултра групи(посебно у Италија) се политички определени, дали лево ориентирани или десно ориентирани како навивачка група. ме интересира дали Комити Запад се (или биле) политички определени? (без лутење, само онака прашувам)...
Значи вака, Комити како група немале, немаат и нема да имаат јавен официјален став дали се поддржувачи на некоја политичка партија. Како поединци, нормално во приватниот живот секој си има сопствено право кон која партија ќе се определи, но тоа е во приватен живот на секоја личност.
Признаваме дека во минатото, можеби еднаш имаме направено таква демонстрација, да бидат јавно истакнати натписи со поддржувчки зборови кон десницата, тоа беше во 1998 година, беа извадени натписи со текст ПРОМЕНИ, но од тоа ние не бегаме, таа слика ја има во нашата галерија и не го негираме тоа.
Најбитно е тоа што за во иднина имаме донесено дефинитивен став како група да не бидеме војници на ниту една партија, затоа што факт е дека и двете најголеми партии во државаа не направија ништо за доброто на граѓаните, си гледаат само за своите интереси !
Така да немаме намера да застанеме како група во сојуз со ниту една политичка партија, нашата партија е само нашиот клуб.
Додека ако се зборува за патриотизам, или за покажување докази кон државата со дела, докажавме дека за време на војната во 2001 многу наши членови беа на борбена линија, најголем доказ за тоа е што нашиот поранешен водач Јохан Тарчуловски кој моментало за жал се наоѓа во хаг, поради тоа што ја бранеше татковината.
За нас најсвети работи се Вардар и Македонија, се што е во наша можност сpемни сме да помогнеме кога е најпотребно за овие наши идеали.