Фан Клуб: Вардар

  • Креатор на темата Креатор на темата gerard
  • Време на започнување Време на започнување
Коки и Камчев, нов тандем за пролетен Вардар!?
* Групацијата "Гофи" на фамилијата Костовски, низ една нова редефинирана финансиско-раководствена форма и натаму, според последните наши информации останува финансиер на "црвено-црните"


Во текот на денешниот ден, но и претстојните празнични денови, до крајот на оваа недела и дефинитивно ќе падне одлуката околу идното организациско лице на нашиот најтрофеен клуб. Сепак, според последните наши информации, иако с$ уште официјално непотврдени се очекува групацијата "Гофи" на фамилијата Костовски, овој пат низ една засилена соработка со бизнисменот Орце Камчев, кој и претходно беше главната "алка" за нивниот влез во Вардар, и натаму да остане финансиер на "црвено-црните".
Како што дознавме, актуелниот потпретседател Коста Костовски, на задоволство на работната заедница на клубот, на задоволство на играчкиот кадар, но и на искрените навивачи кои и по новогодишните празници на разни начини се убедуваа да ја сменат првичната одлука на фамилијата Костовски за дефинитивно заминување од "Градски", преку нова редефинирана финансиско-раководствена форма и натаму треба да го носи водечкиот збор околу финансиско-организациското работење на клубот до крајот на оваа сезона. Се спомнува влез на уште неколку домашни компании кои ќе треба заедно со "Гофи" да ја заокружат финансиската рамка за повеќе од сериозно продолжување на шампионатот и во пролетниот дел, како начин и за засилувања во играчкиот кадар, и, без разлика на с$, активно продолжување на шампионската трка.
Низ целокупниот нов изглед на Вардар засилена улога овој пат треба да добие и Орце Камчев, кој се очекува да внесе дополнителен мир во клубот, во релациите меѓу актуелните финансиери од една и навивачите од друга страна, со што во иднина, сепак, секој и тоа како би си ги знаел пооделно своето место, права и обврски во и за клубот, без да се дозволи случувања во иднина како од финишот од есенскиот дел од шампионатот.


Останувањето на Костовски во Вардар го очекуваа и очекуваат и буквално сите актуелни фудбалери...
"Ние искрено се надеваме дека и официјално деновиве ќе добиеме информации дека во Вардар се продолжува со претходно почнатата активност за стабилизирање на клубот. Доколку Коста Костовски остане во Вардар тогаш сигурно и ние остануваме со желба да потврдиме дека имаме далеку поголем квалитет во однос на претходно демонстрираното", велат вардаровите фудбалери, во очекување на официјалните реакции од клубот.
Деновиве актуелниот потпретседател Коста Костовски и Орце Камчев се очекува и официјално да се произнесат околу евентуалната нова соработка, во пресрет на стартот на зимските подготовки со оглед на тоа што времето одминува, а тимот го очекува и ново преструктурирање во стручниот штаб и во изборот на нови засилувања.
В.Булатовиќ

СМЕНА И ВО СТРУЧНИОТ ШТАБ
Никола Илиевски - Џиџи, прв кандидат за нов тренер!
Без разлика на комплетната идна раководствена разврска меѓу "црвено-црните" сосема е извесно дека пред стартот на зимските подготовки ќе следи и нова смена во стручниот штаб.
С$ појасно е дека македонската фудбалска легенда Милко Ѓуровски, кој последните седум кола од есенскиот шампионат без успех ги водеше "вардарците", најверојатно, заминува од клубот, а најгласно спомнуваното име како негов наследник веќе се истакнува поранешниот наш селектор, Никола Илиевски - Џиџи.
Илиевски е прв кандидат за нов шеф на стручниот штаб, иако според пооделни размислувања можна е и повторно варијанта со тренер од странство.
Вардар претходно, низ есенскиот дел од сезоната 2008/ 2009, промени дури тројца тренери на својата клупа, Србинот Ратко Достаниќ, Жикица Тасевски и Милко Ѓуровски.
[URL="http://sport.com.mk/?ItemID=24851DFB7C39CF4D9CEBD3C8FA0F2EBE"]извор
[/URL]
 
Само засилувања, и мотивација на играчите со премии и сл. работи.
Искрено ко ќе го слушнам името Орце и презимето Камчев некако ме асоцира на малверзации и сопствен бизнис кој си го тераат буџите ко него.
 
Мислиш дека некој има поинаков? Сите си тераат свои сметки. Само некои умешно и успешно, некои баш и не толку...
 
Ај да се уклучам и јас..

Целава работа ми смрди ептен, не може преку ноќ Трифун да не сака да биде спонзор. Не знам зашо не признае што е работата, или нема повеќе средства да води голем клуб или има некојпозадина во сево ова
 
Се чека средба со Камчев и Костовски
* "Јасно е дека на заедничка маса мора да следи одговорот меѓу трите страни. Сега очекуваме најдоцна до сабота да има средба пред конечната одлука", велат од ИО, додека од страна на фамилијата Костовски с$ уште важи официјалниот став за напуштање на клубот
C2DC4ED9384A9F49B9F739BEBD9854CB.JPG

Од Иницијативниот одбор за спас на клубот, главно составен од членови на навивачката група "Комити", и во текот на вчерашниот ден потенцираа дека с$ уште го очекуваат заедничкиот состанок со другите две страни вклучени во Собранието на Вардар, Трифун Костовски и Орце Камчев, околу конечната разрешница на "замката" во која повторно се најде нашиот најтрофеен клуб.
"И нам ни беше најавено дека ќе има, и покрај некои веќе одржани пооделни средби, заеднички состанок на кој дефинитивно ќе ја разгледаме целокупната ситуација во клубот. Јасно е дека на заедничка маса мора да следи одговорот меѓу трите страни", велат од Иницијативниот одбор кој има свое влијание во Собранието на "црвено-црните"...
"Сега очекуваме најдоцна до сабота да има средба пред конечната одлука, затоа што не може веќе уште долго да се одолговлекува", велат од ИО, кои нагласуваат дека с$ уште трае обидот за задржување на актуелните финансиери.
"Ние имаме договор со финансиерите на кои се согласивме на почетокот од оваа сезона, па сега сме во очекување на официјалната разврска".
Од страна, пак, на фамилијата Костовски, која ги финансираше "вардарци" во изминатите шест месеци, с$ уште единствена важечка официјално изнесена е одлуката од 15 декември за дефинитивно повлекување од најтрофејниот македонски клуб и домашниот спорт воопшто.
Изминативе денови, пак, по новогодишните празници, како една од варијантите за натамошното финансиско живеење на Вардар опстојува информацијата дека актуелниот потпретседател Коста Костовски и натаму со свое влијание, во нешто изменета форма, ќе остане во раководните структури на клубот.
Се очекува дополнување на финансиската конструкција со уште неколку домашни компании, меѓутоа сето тоа е во рамките на шпекулациите до моментот на официјалниот почеток на "живеење" на Вардар во 2009 година кој с$ уште е во "зимски сон".
В.Булатовиќ

Стартуваат разговори со фудбалерите
Во текот на денешниот ден треба да стартуваат и, претходно најавените, пооделни разговори на с$ уште актуелното раководство на Вардар со дел од фудбалерите.
На поединечните средби се очекува да биде разгледан идниот статус на сите играчи во клубот, со разгледување на пооделните можности за заминување или останување на "Градски". Не е тајна дека по најавата за заминување на Трифун Костовски и поголемиот дел играчи побараа ослободување од обврските. Досега клубот го напуштија Немања Милисављевиќ, Жељко Ковачевиќ, Лазар Станишиќ, Драган Љубисављевиќ, Муса Али, Иван Јовановиќ и младиот Дино Најдоски, кој доби раскин на стипендискиот договор, а пред продолжување на кариерата во албанскиот Елбасан е и Тони Мегленски.

Сe е непознато!
Кога ќе се побара официјален став од ФК Вардар секој крева раменици, поради што с$ уште владеат на сцена калкулациите, варијантите, шпекулациите за новиот изглед.
Ваквата неизвесност ги води фудбалерите кон нови барања за добивање исписници од клубот. Изминативе денови поголемиот дел од играчите повторно барале добивање дозвола, при една с$ уште активна неизвесна ситуација, да може да ги напуштат црвено-црните редови. Меѓутоа, пред донесувањето на одлуката околу иднината на клубот с$ уште никој од нив нема добиено слободни документи.
И додека останатите клубови веќе ги почнуваат зимските подготовки, во Вардар малку кој знае покрај тоа со кое раководство, и со кој играчки кадар и со кој стручен штаб ќе се почнат подготовки. Датумот на старт, пак, с$ уште се чини е премногу далеку... Претходно Вардар имаше резервирано подготовки во февруари во турскиот туристички центар Анталија, меѓутоа засега и тоа е неизвесно.

Во потрага по тренер
Без разлика на начинот на кој натаму ќе функционира најтрофејниот македонски клуб, веќе е навестено дека ќе има и промена во стручниот штаб.
Меѓу кандидатите за нов тренер на Вардар веќе се спомнуваат поранешниот македонски селектор Никола Илиевски - Џиџи, тренерот на софиска Славија, Стевица Кузмановски, но некои тренерски имиња од соседството. Сепак, и името на новиот тренер на клупата на Вардар ќе зависи од тоа кој и како ќе го води тимот од "Градски" во пролетниот дел од сезоната.
извор
 
кој к*р им е на овие бе шо се понашаат,кај има тим без навивачи?
"Комитите" мора да заминат од Вардар!
20447648401A7948A70527FD6178D9E9.jpg

По маратонските вчерашни состаноци меѓу Коста Костовски, Орце Камчев и Иницијативниот одбор за спас на клубот претставен во суштина преку "Комитите", последната информација од ФК Вардар е дека од страна на Орце Камчев, кој има 7 делегати во Собранието на клубот, и фамилијата Костовски, која располага со 15 делегати (преку групацијата "Гофи") е даден краен ултиматум до "Комитите" до недела, 15 часот, и дефинитивно да се повлечат од сите раководни структури во клубот и да ги отстапат своите седум делегатски места во Собранието на ФК Вардар.
Во спротивно доколку не се случи тоа, од понеделник (12 јануари) фамилијата Костовски преку групацијата "Гофи" како и Орце Камчев преку фирмата "Мода М" ќе се повлечат од ФК Вардар и ќе ги отстапат своите делегатски места на спорското друштво "Вардар" кое понатаму со "Комитите" ќе треба да го води клубот.
Тоа ќе значи дека "Комитите", според генералниот буџет на клубот, за пролетната сезона ќе мора да издвојат вкупно 350.000 евра за нормален тек на натпреварувачката активност.
Доколку, пак, "Комитите" не се повлечат од актуелното раководство истакнуваат дека сите обврски кон фудбалерите и клубот до 1. 1. 2009 ќе бидат комплетно подмирени, и на нив ќе им го препуштат натамошното раководење. Според Статутот во тој случај ќе мора одржување на Собрание во рок од 45 дена, што ќе значи пролонгирање на стартот на подготовките, неизвесен старт на шампионатот и нова генереална неизвесност за текот на целата година...
ИАКО ВО ТЕКОТ НА ВЧЕРАШНИОТ ДЕН СЕ ОЧЕКУВАШЕ СРЕДБА НА КОСТОВСКИ И КАМЧЕВ СО ФУДБАЛЕРИТЕ...

В понеделник се одлучува "судбината" на Вардар!

Нема крај на неизвесноста низ која моментално живее најтрофејниот македонски клуб, и покрај неколкуте варијанти кои реално деновиве опстојуваат како начин за негово идно функционирање.
И покрај тоа што во текот на вчерашниот ден беше најавена официјалната средба на инволвираните страни во раководството на Вардар, с$ уште актуелниот финансиер во оставка, потпретседателот Коста Костовски и бизнисменот Орце Камчев со фудбалерите на тимот од "Градски", сепак, како што дознавме истата е одложена за почетокот од следната недела.
Побарано е трпение од фудбалерите до понеделник кога и дефинитивно ќе се знае натамошниот раководствен изглед на клубот.
"Иако претходно бевме повикани, во последен момент ни беше кажано дека состанокот е одложен за понеделник кога прецизно ќе бидеме информирани за тоа што ќе следи понатаму", ни изјавија дел од вардаровите фудбалерите кои вчера го очекуваа состанокот со раководството, кое пак ја одложи средбата со нив поради интерните состаноци меѓу Костовски, Камчев и Иницијативниот одбор за спас, односно "Комитите".
На состанокот со фудбалерите, според нашите информации, уште вчера требаше да биде презентиран начинот на идно функционирање на "црвено-црните", но со оглед на фактот дека с$ уште нема дефинитивен договор средбата со фудбалерите е одложена. С$ уште актуелните финансиери, фамилијата Костовски, опстојуваат на својот став за повлекување од клубот, поради нападот од страна на навивачите во финишот од есенскиот дел.
"Не може да има соработка со т.н навивачи кои од една страна се дел од раководството, а од друга страна физички ги напаѓаат сопствените фудбалери", велат од с$ уште актуелното раководство на Вардар кои притоа дополнуваат дека деновиве се докомплетира документацијата за целосно подмирување на сите финансиски досегашни обврски кон играчите.
В.Булатовиќ

Нема старт пред 15 јануари
Нема старт на подготовките на "црвено-црните" пред 15 јануари. С$ уште е неизвесно кога и под чие водство ќе стартуваат зимските подготовки, меѓутоа јасно е дека тешко дека ќе почнат пред крајот на следната недела.
Најверојатниот старт се предвидува за 17 јануари, со цел до тогаш комплетно да биде разрешена дилемата околу новиот организациско-финансиски изглед.
 
Јебига, до негде се у право ама не треба така, со тоа сакаат стара слика да напраат у клубот да можат на раат да крадат. И не се согласувам, поготово кога е Орце Камчев во прашање.
 
Не знам како не разбирате дека заминувањето на Трифун нема врска со нападот на Комитите, тоа му дојде како кец на десетка...за изговор секако
 
Море море :) Си ојде Трифун, вардар сега.. :) ке се бори за опстанок :) играчите полека ама сигурно почнаја по пари во странство :) ај ке ве споредваме сега вас со металург, цементарница, победа :)
 
"Комитите" не си одат, Трифун си оди, Вардар во "кома"
* "Нема да го напуштиме Собранието во кое и онака имаме симболично учество. Ние не сме тие што го водевме и доведовме клубот до ова. Трифун има договор со Вардар до 2012 година, а досега нас никој официјално не н$ известил дека тој го напушта клубот", велат од Иницијативниот одбор
Најтрофејниот македонски клуб очигледно и деновиве ќе живее во стилот на најефтините филмски приказни, под постојана неизвесност во очекување на почетокот на зимските подготовки.
Во петокот, по меѓусебните состаноци, двата колективни члена во Собранието на клубот, Орце Камчев и Трифун Костовски се појавија со ултиматиум до третиот сујбект во највисокиот орган на клубот, Иницијативниот одбор за спас (ИО), односно "Комитите", да го напуштат раководството на клубот доколку се сака Вардар и натаму да биде воден како во изминатите шест месеци. Во текот на вчерашниот ден, пак, од фамилијата Костовски повторен ставот дека во секој случај го напуштаат "Градски", а од Иницијативниот одбор за спас, пак, како одговор на ултиматумот со јасна порака дека воопшто не планираат да заминат од Вардар.
DD09B02D73FB8A4884BF2FD0646FD5B1.jpg
"Ние нема во никој случај да го напуштиме Собранието на клубот. Деновиве чекаме официјален состанок меѓу трите страни па да видиме што ќе биде", велат од Иницијативниот одбор.
Изминатиов викенд и сите навивачки групи на клубот кои имаат членови во ИО одржаа состаноци на кои се согласија со овој став.
"Управниот одбор на 'Стара гарда комити' одржа состанок на кој едногласно е одлучено да не се прифати ултиматумот од страна на Камчев и Костовски за наше напуштање на Собранието на клубот", вели претседателот на "Стара гарда комити", Љупчо Трпезановски, кој е и член на Иницијативниот одбор за спас на клубот, притоа дополнувајќи:
"Вистинскиот проблем е во тоа што Иницијативниот одбор за спас никогаш низ целиот овој период немал официјален состанок, не сметаме средби со поединци во затворени канцеларии или кафе барови, со останатите два субјекти во Собранието, Трифун Костовски и Орце Камчев. Ние с$ уште ја чекаме таа средба на која трите страни ќе разгледаат како понатаму ќе функционира клубот. Нека седнат на заедничка маса, па нека соопштат кои се причините поради кои мора ние да го напуштиме Собранието, да ја разгледаме ситуацијата па да одлучиме. А, од друга страна, па кој одлучувачки фактор сме ние во Вардар? Кое е влијанието на нашите седум делегати во однос на нивните 22? Во што ние одлучувавме изминатите шест месеци за начинот на работа во Вардар".
Според членовите на Иницијативниот одбор моменталниот голем проблем на Вардар е поради тоа што живее само под шпекулации.
"За нас шпекулации е и тоа дека Трифун Костовски ќе го напуштел клубот. Ние тоа го читавме и го читаме само од медиумите. Досега Костовски не го известил со писмен документ Иницијативниот одбор, Управниот одбор на клубот, што значи постојано с$ е во сферата на нагаѓања. Замислете, ете информација за повлекување на Костовски од Вардар немало ниту има ни на официјалната страница на клубот", вели Трпезановски, за кого постои и еден момент кој малку се потенцира во јавноста а кој, според него, и тоа како е значаен:
"Трифун Костовски има договор со Вардар до 2012 година. И тоа е ситуација за разгледување. Кој, како и зошто ги почитува или не договорите. Тоа треба да се разгледа на состанок со Костовски и Камчев."
Инаку, од Иницијативниот одбор за спас на клубот потенцираат дека деновиве, како и да е, очекуваат конечно официјален состанок со Трифун Костовски или претставник на групацијата "Гофи" и Орце Камчев.
"Доколку се случи Трифун Костовски да го напушти Вардар, тогаш во секој случај ќе бараме ново решение за клубот. Ние сигурно нема да го напуштиме Собранието на клубот затоа што и онака нашето учество е симболично", истакнуваат од Иницијативниот одбор.
В.Булатовиќ

Да се врати состојбата во клубот од јуни 2008
"Доколку се случи Трифун Костовски да го напушти Вардар тогаш треба да го врати клубот онака како што го затекна во јуни 2008. Што значи да ги врати фудбалерите кои ги ослободи без пари да минат во конкурентскиот клуб, и по само една недела откако ги ослободи да н$ посрамотат на 'Градски'. Никој од нас нема никаков удел и увид во сите тие договори кои ги работеа изминатите месеци. Никој од нас во ништо не се мешаше, ни во избор на тренери, ни во играчи, а сега сме главни виновници!? А, од друга страна сега се повторува приказната со ослободување и на овие фудбалери кои се во моментов во клубот. Оној Вардар кој го доби Трифун не беше суспендиран, а сега е пред суспензија од ФФМ. Ние имавме договор со Трифун Костовски дека од Вардар ќе направи европски клуб. Негови беа зборовите дека клубот резултатски ќе си поигрува со противниците низ шампионатот. Трифун добро нека размисли дали самиот, или кој и како ги изневерил неговите очекувања. Сигурно тоа не се 'Комитите', иако и ние признаваме наши грешки. Зарем Трифун Костовски кога го преземаше Вардар мислеше дека ќе го води Работнички? Верувам дека добро знае дека во Вардар не смее да има импровизации", вели членот на Иницијативниот одбор за спас на клубот, Љупчо Трпезановски.

СПОРЕД "КОМИТИТЕ" НАПАДОТ НЕ Е ПРИЧИНАТА ЗА ЗАМИНУВАЊЕТО НА КОСТОВСКИ
Цел месец се извинувавме за некоректната постапка
Поголемиот дел од "Комитите" се свесни за неоправданоста на потегот со нападот на фудбалерите по дуелот со кичевски Напредок. Јасно е дека таквата постапка, без никакво размислувања, е за крајна осуда. Но од Иницијативниот одбор не се убедени дека тоа е главната причина за заминувањето на Костовски.
"Па ние безмалку цел месец се извинувавме и преку медиумите за неоправданиот чин. Првпат во историјата на клубот се случува да ја преземеме одговорноста, да се оградиме од постапката со ветувања дека тоа не смее да се повтори. Но, и тоа не беше доволно за Костовски, што јасно доведува до заклучок дека сепак нападот не е причината за повлекувањето. Нападот е само добредојден изговор, затоа што и на Трифун Костовски му е јасно дека 'Комити' имаат 3000 до 4000 членови. Тешко дека може сите да се контролираат како што Трифун ги контролираше оние 9 навивачи на Работнички", вели Љупчо Трпезановски.
извор
 
Море море :) Си ојде Трифун, вардар сега.. :) ке се бори за опстанок :) играчите полека ама сигурно почнаја по пари во странство :) ај ке ве споредваме сега вас со металург, цементарница, победа :)

Исто како ние што ве споредуваме вас последниве 20 години, додуша и ве жалиме затоа што немате титула ама нема врска.

П.С. Заборавив дека Пелистер е на врвот на табелата:pos2::pos2::pos2::pos2::pos2:
 
Море море :) Си ојде Трифун, вардар сега.. :) ке се бори за опстанок :) играчите полека ама сигурно почнаја по пари во странство :) ај ке ве споредваме сега вас со металург, цементарница, победа :)

Хахахахахахахахаха, дури и да испаднеме во втора лига како што вие искомплексираните сељаци посакувате, Вардар и понатаму ќе биде првото име на македонскиот фудбал.

Меѓутоа издржавме многу работи низ историјата ќе го издржиме и ова!

ЕДЕН И ВЕЧЕН, ГОЛЕМ, А СЕПАК МАЛ ЗА ВО СРЦЕ ДА СЕ НОСИ!!! ТОА Е ВАРДАР
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom