Фан Клуб: Вардар

  • Креатор на темата Креатор на темата gerard
  • Време на започнување Време на започнување
Најинтересни се овие...не навивам за никој ама ја да си покакам нели :tapp: одете занимавајте се со нешто бе! Инаку да Вардар беше слаб но се милсам дека тоа беше само лош ден...следен е Маталург еве шанса за подобра гол разлика :vozbud:
 
бившите играчи на вардар сега играат за работнички а бившите на работнички сег аиграат за вардар
mir16.gif
па така да кој и да игра за рабтнички веќе вардар доби комплекс од тој тим и не може да го победи веќе неколку сезони.

еве неколку лсики од таа средба

33p7wqf.jpg

2hn2rh3.jpg

ако со ова темпо се продолжи изградбата на северна јас се надевам дека до есен ќе биде готова таман за решавачките натпревари на мкд репрезентацијата или за вардар кога ќе игра во лига на шампиони :wink:

r7m7fr.jpg

Навијачите на работнички иако 5 души нивниот тим победи. ајд есега кажи дека битна е подршката од навијачите
mir16.gif

r7osit.jpg

2upd441.jpg

102o8w4.jpg

28bcv8w.jpg

1zyknkx.jpg

24fn3t4.jpg

Комити

538xf5.jpg

29apoa9.jpg
 
Druze tie igraci so igrale za rabotnicki porano poveketo se od skola na vardar taka da samo si se vratija a so si otisle ovie istite se rezultat od so porano vardar imal "dobra"uprava za minimalna cena begale najtalentiranite igraci na vardar ama sea se nadevam deka nema da ja pravat istata greska kao porano poso sea kade kade imame bolje uprava valjda trifun nema da usere pozz.
 
На тој џими игор му порачувам да си го праша татко му за кого навивал и што значел Вардар за него и за Македонија.

Кризата е последица на повеќе причини:
  1. Прво и основно мислам дека фудбалерите играњето во вардаровиот дрес го сваќаат како привилегија а не како одговрност. Старо непишано правило е дека во Вардар може да играат само најдобрите,ама играчиве изгледа тоа го сваќаат во стилот дека ако играат во Вардар тие се и по логика на нештата најдобри,забораваат дека епитетот "најдобар" треба да се заслужи и оправда на теренот.
  2. Фуриозната серија во почетните кола исто така си го створи своето,играчите а и сите ние летнавме во облаци, почнавме да размислуваме за лигата на шампионите т.е. на нероден Петко капа да му кроиме. Факт е дека Вардар е жртва на сопственото почетно убиствено темпо.
  3. Секако и повредите имаат свој удел во целата оваа неповолна ситуација. Да ги имавме Ковачевиќ во одбраната и Бајо во нападот, работнички ќе ни се фатеше за...
Дуелите со Македонија Ѓ.П. и Работнички се минато,заслужено бевме победени но тоа треба да се заборави.
Еве веќе денес Вардар има нова прилика за поправање на впечатокот во 1/8финалето од купот против респектабилната и секогаш незгодна Ренова (меч кој ќе биде убава можност да се направи споредба меѓу оној летниот Вардар кој ја преслуша ренова со 3:1 и овој актуелниов).
Дуелот со Металург истотака ќе биде сериозен испит,но секако и можност за враќање на врвот на табелата со оглед на тоа што ѓорчепетровци гостуваат во наредното коло.

Беше што беше,одиме понатаму, НАПРЕД ВАРДАР ВО СРЦЕ ТЕ НОСАМ!!!
 
Нажалост кризата продолжува, незнам само зашто го копираат брацо и седат со скрстени раце без тренер, му пуштаат на помошникот да ја води екипата како некоја треторазреден тим.
Не е само до тренерот, незнам дали видовте каква идиотска грешка направи капитенот Вајс во 6-та минута кога го примивме голот. Уште една потврда дека оние од коишто најмногу се очекуваше и требаше да бидат столб на вардаровата игра си играат да не кажам што. Меѓутоа во Вардар не ни требаат имиња туку гладиатори.
П.С. Меч кој потврди дека на помладите вардарци треба да им се даде поголема шанса, токму Пеев беше човекот што не спаси од комплетна брука
 
Раководството му даде доверба на помошникот да ја води екипата, само не знам колку беше тоа паметен потег. Не му оди баш најдобро. Мое мислење дека за промена овојпат треба да се побара тренер од хрватското подрачје, особено што има 2 многу квалитетни слободни трнери во моментов: Зоран Вулиќ и Златко Крањчар.
Вајс, и дефинитивно треба да се пресели на клупа, со Муса Али заедво пакет. Втор натпревар по ред, прави почетнички грешки и да е некој авторитетен тренер Жикица, уште наредна утакмица ќе го седне на клупа. Капитенот и никогаш не сум го обожавал многу. Еве го начука скоро 30 години, а најголем успех во кариерата му беше седењето во ложа на Пољуд и играњето во подпросечен израелски прволигаш. Сме гледале ние многу добри стопери во Вардар, да ве потсетам само на некои од нив во последните десетина години: Калц, Гигец, Тетовка, Марковски, Таневски, итн, па и не можам да се задоволам со вакви изданија,особено што е капитен.
 
Абе ќе ги тепате во реваншот, едноставно мора...покажите им на Албанците!

btw, налетав на едно интересно сликиче на нетов

2z8u4x4.jpg

Во сабота се прославува 20 год Војводи на дуелот против Кожув, па кој сака да дојде е добредојден :)
 
Раководството му даде доверба на помошникот да ја води екипата, само не знам колку беше тоа паметен потег. Не му оди баш најдобро. Мое мислење дека за промена овојпат треба да се побара тренер од хрватското подрачје, особено што има 2 многу квалитетни слободни трнери во моментов: Зоран Вулиќ и Златко Крањчар.
Вајс, и дефинитивно треба да се пресели на клупа, со Муса Али заедво пакет. Втор натпревар по ред, прави почетнички грешки и да е некој авторитетен тренер Жикица, уште наредна утакмица ќе го седне на клупа. Капитенот и никогаш не сум го обожавал многу. Еве го начука скоро 30 години, а најголем успех во кариерата му беше седењето во ложа на Пољуд и играњето во подпросечен израелски прволигаш. Сме гледале ние многу добри стопери во Вардар, да ве потсетам само на некои од нив во последните десетина години: Калц, Гигец, Тетовка, Марковски, Таневски, итн, па и не можам да се задоволам со вакви изданија,особено што е капитен.
Се сложувам со тебе за Вајс и во Работнички правеше киксови , но тука беа Станишич играч кој стварно го ценам секогаш да расчисти.
се виде колку ви недостасуваше на овие неколку натпревари
 
Сме гледале ние многу добри стопери во Вардар, да ве потсетам само на некои од нив во последните десетина години: Калц, Гигец, Тетовка, Марковски, Таневски, итн.

Немој само нив двајца да ги кажуваш брат, киксери невидени.

Ги испушти Блесинг, Пикси, Јанев, Неџко...
 
Немој само нив двајца да ги кажуваш брат, киксери невидени.

Ги испушти Блесинг, Пикси, Јанев, Неџко...
Киксер невиден викаш, ама човекот е стандарден во тим што се бори за титула во полското првенство (за 3 класи подобро од нашето) и што настапува во групите од Купот на УЕФА. Па сеа, ти види, што е како е.
П.С Блесинг и Јанев ненамерно ги испуштив, инаку планирав да ги пишам, а Нечко и Пикси и не знам каде би ги сместил пошто тие знаеле и во средината да играат.
 
Јас ти зборам кога играа кај нас. За Таневски знам дека е во добра форма во клубот од Полска, Марковски бтв е резерва моментално нема голема минутажа
 
Се сложувам со ФА997 дека Таневски додека играше во Вардар беше лигле, не се залагаше доволно,а денес во Лех е ѕверка,незнам само зашто среќко шпонот не го зема во репрезентација.
За Марковски нема да коментирам, уште неможам да му го простам мизерниот пенал против Работнички што му го одбрани Пачовски, а и сега има променлива минутажа во ОФК Бгд.
Инаку замене тројцата најдобри стопери што го носеле вардаровиот дрес во историјата се Најдовски, Васовски, и Раденко Бојовиќ (последниов навистина незнам зашто е резервист во тимот на Бабунски). Почит и за Блесинг, Неџко, Јанев, Бранковиќ, Калц итн итн итн меѓутоа моето идеално трио е претходно споменатото
 
Мала исправка Таневски го промаши пеналот,а Бојович против Вардар беше прва постава и стварно е квалитетен играч и се надевам ке продолжи да биде прва постава во тандем со Крстевски,бидејки Перендија некако не ми изгледа толку сигурно
 
Точно, Таневски го промаши пеналот со Работнички. Инаку за Марковски, не се согласувам дека беше лош во Вардар. Напротив момакот стигна и до капитенската лента едно време. Јас и двете раце би ги дигнал за негово враќање во Вардар, иако моментално не е баш најстандарден во ОФК.
Гигец, не го заборавајте луѓе. Поинтелегентен и потехнички спремен играч сме немало од него во одбраната, барем во поблиското минато. Сеуште не ми е јасно зашто не направи поуспешна кариера.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom