Скопје ваков таков и тивок, и кога не се очекува од нив си влегуваат во прва лига. Дури и мислам дека оваа ќе им биде најдобра сезона што следува. Ете може и Омерагиќ за нив ќе игра сега. Па ние ќе бидеме со играч плус.
Штета за Пелистер. Кој би рекол дека овие другиве ќе играат во прва лига.

Само што мислам дека нема да траат долго и дека ќе ги избркаат уште на сред сезона. Ќе направат зврчка со Вардар дома дури Вардар им води на гости и готово толку од нив. Башка и немаат поддршка.
Воопшто не е изненадување влезот на Шкендија Арачиново.
Јас уште пред 4-5 години кога се реактивираа реков дека веднаш ќе дојдат до прва лига. Истото знаев дека ќе се случи со Башкими.
Единствено промашив дека Студеничани ќе го следи истиот пат. Нешто запна работата кај нив.
Албанците имаат села со многу млади и базата на помлади фудбалери за пониските лиги им е поголема. Затоа се случува екипи како Дрита, Беса, Вардар Форино, Врапчиште, Долна Бањица или Камењане да ги газат лесно нашите екипи кои се градски општински во баражи.
Пишав и во темата на Пелистер, овие млади албански фудбалери во Шкендија Арачиново иако за нас се непознаница, комотно може да играат во екипи од средина на табела во прва лига. Плус голманот Столевски кој имаше одлична сезона и еден куп играчи со прволигашко/второлигашко искуство.
Практично како единствен албански клуб се прошетаа во втора лига. И тоа без свој терен, а да играат во Арачиново ќе биде дамбетер. ФФМ даде се' од себе за Шкендија Арачиново да не влезе во прва лига, инаку беа најдобри во лигата. ФФМ ја помогна судиски Брегалница, а некои посилни екипи изиграа контра Шкендија, во корист на штипјани. Осогово им скина бод во 90+ минута, инаку ќе влезеа директно.
Они се комбинација на искуство и младост и многу пари. Дел од македонските клубови им ги шитнаа последните утакмици за пари (како Кожуф и Саса), а да им изиграа мотивирано, можеби ни бараж немаше да фатат.
Во купот лагано ги елиминираа Пелистер и Работнички и после им ја дадоа на Шкендија Тетово. И они местат исто ко другите второлигаши, ама имаа и амбиции за прва лига.
Тешка црна пара се пере таму од повеќе фамилии нарко дилери од Арачиново, како оној што дрифташе со голфот под елката на плоштад и после Силјановска го амнестираше за тешки дела.
Нема да траат долго можеби, но ќе извадат добри резултати наредна година. Без проблем вадат поголем буџет од нашоте општински клубови.
Од општинска лига влегоа во трета со победа над Академија Кул во бараж на пенали. Во трета лига првата година ги поеба Куманово во кој исто се фелаше многу пара, ама наредна година се прошетаа лесно и го победија Осогово во бараж. Уште со тимот од трета лига можеа комотно да бидат на врвот од втора лига.
90% од екипите во втора лига немаат никакви амбиции за прва лига. Држат ниво во втора лига за да местат за кладилници и да лапаат пари. И секако ги имаш некои општински клубови што ради политички причини ги одржуваат клубовите во втора лига и немаат никакви амбиции за погоре. Сега со кратење на лигите ќе си паднат во трета и тоа е тоа.