Додека ретардов свински е во Вардар, клубот никогаш нема да биде нормален, градски, фраерски клуб, макар освоил и триесет титули по ред. Колкава ропачина треба да си да постираш онакви видеа, а притоа да си извршен директор на клубот? Тешко сељаштво и неизживеаност.
Па и самото пеење на песните со Каролина Гочева е спорно и глупо, ко да е она некаков симбол на Битола или да има врска со Пелистер. Повеќе е во Скопје отколку што била во Битола... Веќе ми се вишок тие песни и кога доаѓаат на дерби од трибина. Нормално е дека ривалските клубови ќе ја искористат оваа пенал-ситуација и ќе нè прозиваат. Настрана нивните мотиви, кур ме боли за нив, едноставно секој нормален навивач на Вардар би се згадил од сељачизмот на свињата. Ни во најлош кошмар лице на клубот не смее да биде таков дегенерик.
На кого му е до славење ваква титула, слободно нека ја слави. Јас на ова не можам да се радувам. Сезона во која беше нормализирано капитенството на еден од најголемите камења што некогаш играл за Вардар, во замена за заштита и помош од таткото-претседател на ФФМ. Па уште ќе му аплаудираме за стоти настап и ќе правиме некаква клубска легенда од него. Бљак! Сезона во која до титула нè води „сертифицираниот шверцер“ Гоце Седлоски. Сезона во која Вардар добиваше ветер во грб од судии и федерација. Сезона во која беше избркана и онаа малку публика што е доволно луда да следи клуб во утепана лига како македонската... Да не редам уште.
Знам дека групата не сака да си дава автогол со бојкотирање, дека креативците во неа заслужуваат да приредат спектакли, ама не ми држи вода претставувањето на титулава како некаква круна или голема победа по повеќегодишната борба. Ваква титула не е никаков триумф, туку обична нискост. Не ќе да беше борбата за ваква титула и ваков Вардар... Не ми е утеха тоа што и албанските тимови освојувале трофеи со помош од ФФМ и политика, па еве сега ќе ликувам дека дошол нашиот ред. Ако тоа било срање, зошто нашево срање помалку да ме иритира?
Свесен сум за змија или магаре ситуацијата, не викам дека беше идилично кога Вардар играше по ниви без ќорав денар и дека засекогаш требаше да остане така, но аурата на клубот тогаш и сега е неспоредлива. Убеден сум дека срањево што се прави денес, колку и да изгледа како некаков триумф, на среден/долг рок ќе се покаже како штетно.
П.С. Го гледам сега „извинувањето“ на козарот, во кое ничим изазван спомнува рандом друга жена од Битола. Доказ дека нема дно што дегенов не може да го пробие. Полесно ми е да го симпатизирам ФК Росоман 83 отколку ваков Вардар. Роналдо Фазлиов > од Азер Омерагиќ!