Фан Клуб: Вардар

  • Креатор на темата Креатор на темата gerard
  • Време на започнување Време на започнување
Cestito pobeda, sosema zasluzeno. Fer natprevar od dvete strani (na Taleski ne mu trebase toa glumenje na krajot, osobeno sto bil nas igrac i omilen kaj publikata).
Sudenjeto isto taka odlicno, znaci mozete i bez sudii, nema potreba da ja izvalkate sezonata so takvo sudenje i nekolku penali kako sto vi dadoa na nekoi natprevari
 
И тоа да доживеам да прочитам честитка и нормални коментари од таа страна после пораз. Евидентно е дека Шкендија не може на два фронта и тек ќе има проблеми со тоа, од друга страна одамна Вардар не одиграл вака зрело и натпреварувачки, да не дозволи речиси ниту една шанса на јак противник, за што најголема заслуга има Филип Најдовски, донесен со посредство и заслуга на неколку луѓе од претходната гарнитура во клубот. Заедно со Мато,и голманот, убедливо најголеми засилувања...
 
Шкендија поштено неутрализирана и издоминирана во поглед на посед на топка и контрола на игра. Освен мешаницата пред гол по слободниот удар, ништо друго не покажаа. Дали беа тактички надмудрени или имаат влијание и настапите во Европа, не знам, веројатно и двете. Да имаше Вардар посолиден напаѓач, веројатно и полошо ќе поминеа (шансата на Азер со глава во прво).

Олаосебикан сосема солиден, одличен играч за ротација и како замена за Донгмо, имаше доста удел во неутрализацијата на нападите на Шкендија, доби доста дуели, имаше добри пасови. Најдовски исто добар.

Да се добие Силекс во петок, потоа следи полесен период каде мора да се набилда разлика на табела. Струга добро почнаа, но чим дома примија четири од Брера, не биле толку недопирливи, ќе имаат уште киксови.
 
Заслужена победа, буквално ги неутрализиравме на секое можно поле. Не можат да го издржат темпото, реално Шкендија нема толку широк ростер да може да истера без проблеми на два фронта, не за џабе неколку пати тотално нов тим вадат во македонско првенство. Штета ќе беше да не победиме денеска, така да редно е да се пофалат играчите и тренерот. Сега со сите сили против Силекс, кикс против нив пак не враќа неколку чекори назад.
 
Дали викендов што доаѓа пак ќе нема македонски фудбал?Која е причината? Нормални ли се овие од ффм со ваква организација на мечеви,додека цел свет игра за викенд кај нас ударни термини се понеделник и петок.
 
Ако сакаат газдата на Трим и Лум да е градоначалник на Струга ќе мора да губи бодови. Од Брера 4 комада, на кој ние му дадовме бод, очигледно треба да се спасат. :D

П.С. Честито победа нека ни е. Само да се продолжи вака и не е лошо "засилувањата" и другари на Мато да ги видиме на дело, исто и оној од лига петица.
 
Лига петица влезе денес и од тоа малку што изигра мислам дека е можда и физички најсилен играч во лигата, само кузнае колку е закрпен од повреди чим година дена немал клуб и досега добива минутажа на тацна. Еден од најсомнителни играчи ако постојат менаџерски шеми во позадина.
 
Евидентно е дека Шкендија не може на два фронта и тек ќе има проблеми со тоа.
Може грешам, може имам нешто испуштено ама колку што ме држи паметот било која екипа од нашава лига што барем малку продолжила во европа, секогаш имала проблем во домашната лига или поточно како што и сам напиша имала проблем со играње на два фронта.
 
Од Брера 4 комада, на кој ние му дадовме бод
Нема врска муабетот дека сме им дале бод, со сите сили игравме да ја тепаме Брера.
9 минути продолжение станаа 11, пошто нивните играчи секоја минута лежаа по три на терен, симулирајќи повреди само за да трошат време.
 
Може грешам, може имам нешто испуштено ама колку што ме држи паметот било која екипа од нашава лига што барем малку продолжила во европа, секогаш имала проблем во домашната лига или поточно како што и сам напиша имала проблем со играње на два фронта.
Таа сезона кога Вардар играше Лига Европа, Шкендија заврши со 35 бодови предност. Заклучокот е јасен
 
Таа сезона кога Вардар играше Лига Европа, Шкендија заврши со 35 бодови предност. Заклучокот е јасен
Да но на полусезоната речиси целиот тим беше сменет, со нов стручен штаб предводен од Васоски кој имаше само една петтина од буџетот на претходниот.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom