Шкендија поштено неутрализирана и издоминирана во поглед на посед на топка и контрола на игра. Освен мешаницата пред гол по слободниот удар, ништо друго не покажаа. Дали беа тактички надмудрени или имаат влијание и настапите во Европа, не знам, веројатно и двете. Да имаше Вардар посолиден напаѓач, веројатно и полошо ќе поминеа (шансата на Азер со глава во прво).
Олаосебикан сосема солиден, одличен играч за ротација и како замена за Донгмо, имаше доста удел во неутрализацијата на нападите на Шкендија, доби доста дуели, имаше добри пасови. Најдовски исто добар.
Да се добие Силекс во петок, потоа следи полесен период каде мора да се набилда разлика на табела. Струга добро почнаа, но чим дома примија четири од Брера, не биле толку недопирливи, ќе имаат уште киксови.