Еве јас ке ти кажам и на тебе и на други што можеби првпат слушаат за оваа компанија па да биде појасно (затоа е форумот).
Новоматик е австриска компанија која држи ланец на казина низ цела Европа и делови од цел свет , во Македонија доаѓа некаде 2007-2008 година ..
Во Македонија најпознати под овој австриски бренд Новоматик се казината Адмирал,Астра и Фламинго , верувам сите знаете за казиното Фламинго во Гевгелија пред грчка граница, кое веројатно е најпознато казино во Мкд .
Пред неколку години следеше отварање на Фламинго во центарот на Скопје во склоп на хотел Мериот .
Дај боже да влезат Новоматик во Вардар небитно е веќе дали оваа власт го помага овој процес или не , најклучно за нас е дека ке имаме огромен буџет и заедно со Гостивар и Струга да се бориме за титула .
Огромни пари се вртат во овој бизнис и полни се како брод , човекот никогаш неможе да ја победи таа машина/апарат во казино (ова е докажано )
Се надевам Миленко ке биде во аут бидејки очигледно во Комити никој не го сака , овој спонзор мора да го искористиме бидејки навистина се работи за богата компанија која ја има низ целиот свет , уверен сум дека овој е тој" бомба " спонзор кои го чекаме со години , и можеби најбитно Орце Камчев најверојатно нема никаква врска со оваа компанија бидејки неговото име никаде не се споменува
Да оставиме дечките од Комити што ги водат преговорите да се договорат со нив , ете сме дале наши услови и сега све од тие 4-5 луѓе зависи , да почекаме
Ке се обидам утре или задутре да дознаам од некои битни луѓе од каде баш идејата Новоматик да финасираат во Вардар и дали е власта клучниот играч , иако реално овие работи се и тајни и доверливи ..
Од мене добра ноќ , ке почекам да биде ова официјално и конечно да заврши оваа сапуница околу Вардар па се враќам на темава , мислам дека ова ни е последна и историска шанса со овој голем спонзор да направиме нешто големо , поздрав