Фан Клуб: Вардар

  • Креатор на темата Креатор на темата gerard
  • Време на започнување Време на започнување
1712579844662.png
Сите наредни ни се од долен дел на табела и директни ривали за опстанок, но ние со победава сме во пол позиција и сега останатите ќе треба да бркаат бод плус за да опстанат. само мирно и паметно и опстанокот ќе биде обезбеден. со победа у недела 95% опстануваме
 
Таман на 8 мај се менува власта и Силекс и Тиквеш сакале неќеле, ќе си ја дадат :P

тоа сакаав и ја да искоментирам.
Со огромен простор за “договор” у последните две кола. :D
 
Таман на 8 мај се менува власта и Силекс и Тиквеш сакале неќеле, ќе си ја дадат :P
Нема потреба да ја дадат ,со Тиквеш дома ја добиваме,ама до тогаш се ќе биде решено ќе имаме опстанок и тоа ќе биде небитен натпревар.
Штета што неме некое појако гостување во овој дел од сезоната.
 
Нема потреба да ја дадат ,со Тиквеш дома ја добиваме,ама до тогаш се ќе биде решено ќе имаме опстанок и тоа ќе биде небитен натпревар.
Штета што неме некое појако гостување во овој дел од сезоната.
Па Кратово според може да биде најако гостување оваа сезона , тоа е последно гостување и без разлика дали ке ни треба бодови или не очекувам бројка од 250-300 луѓе :)

Во Штип со Брегалница паѓа 1 мај ама таму е една трибина во функција и ке стават сигурно забрана , еве и да влеземе со забрана пак ке биде тоа помала бројка од организирано идење во Кратово , така да очекувам да го преплавиме градот на Зинго ..
 
Дали денес донесовте еден човек за во неделааааа :vozbud:
Имате уште 5 дена, список од 5 лица да доставите на шанкот за пиво :cujte:
Женско се важи ли :) :LOL:
Другарка сака да иде , воодушевана била од атмсоферата во Маџари :cool:
 
Женско се важи ли :) :LOL:
Другарка сака да иде , воодушевана била од атмсоферата во Маџари :cool:
Маџари е романтика тешка :pos: Градски и нас ќе не пресече нагло некако :D
 
FB_IMG_1712737164379.jpg

До сега за Работнички - Вардар се продале 1.000 билети за запад ...еуфорија има како да играме со Реал Мадрид браво Комити :cuc:

Да додадам дека и вчера ни се погоди дербито на ракомет со Пелистер па многу луѓе ја видоа пораката во сала , тоа е моментот кога заслужено и коцките ке ти се поклопат после сите страдања овие изминати години , да живее Вардар
 
Последно уредено:
До сега за Работнички - Вардар се продале 1.000 билети за запад ...еуфорија има како да играме со Реал Мадрид браво Комити :cuc:

*еуфорија има како Вардар да е Реал Мадрид.
 
Најважно од се е сите да се вклучиме во мобилизацијата. Апелирајте кај луѓето навремено да купат карти, нека не чекаат недела. Секако ќе се продаваат карти и пред стадион, ама многу е важно однапред да се направат проценки за бројката како би имале подобра организација.

Продажни места:
Кафуле ,,Хелиум" - Н.Лисиче,
Кафуле ,,Брејк" - Аеродром,
,,Каша бар" - Лептокарија,
Кафуле ,,Рузвелт" - Карпош,
,,Спортска меана" - Н. Лисиче
Кафуле ,,Бокс" - Порта Влае
Кафуле ,,Блу" - Драчево
Берберница ,,Кај Цимер" - Капиштец
Кафуле ,,УМ" - Кисела Вода
,,Паладиум" - Центар
,,Zion bar” - Аеродром
,,Бамал тобако” - Градски парк

Цената на билетот изнесува симболични 100 денари.

Се гледаме на Градски!⚫️
 
Да се вратиме во едни убави времиња!

Недела е, преполн градски парк, се слуша од време на време песна за Вардар од сите страни, како одминува времето до натпреварот песната е се погласна, а и реки од народ се повеќе се сливаат кон Градски стадион.

Дечиња во парк играат фудбал, и се слушаат имиња на сегашните фудбалери, децата во нив гледаат идоли, во Вардар гордост и мотивација, татковците на страна пак со анализа за клубот, ситуацијата, како ќе биде конечниот резултат денеска и дали ќе биде полн Запад.
Се тоа е многу важно за нас, вардарците.

Се е во духот на еден свет клуб за Скопје и за Македонија.

Вардар сплотува, радува и потсеќа на едно време кога беше убаво да си Македонец, когa Македонецот беше горд, и што е најважно, тој клуб и Комити и сега го враќаат тоа време!

Затоа, приклучи се на повикот за полн Запад!
Нека грмне парк и градски стадион како никогаш до сега!
Време е ние Македонците да покажеме што сме и кои сме.

Нека грми песна Комитиска за Вардар и за Македонија!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom