Фан Клуб: Вардар

  • Креатор на темата Креатор на темата gerard
  • Време на започнување Време на започнување
Прочитав пред два дена, незнам каде. Работнички ќе игра у Чаир и мислим дека пишуеше дека е официјално тоа.
 
Вардар нема да игра у Чаир ( за да не има инциденти ) со ....
 
Христов: Вардар е Барселона, а Металург е Еспањол


Македонскиот фудбалски ас Ѓорѓи Христов утре ќе дебитира како тренер во Првата македонска фудбалска лига на клупата на Металург, а има интересна најава за дербито.

„Вардар е Барселона, а Металург е Еспањол во македонскиот фудбал“, вели тој. „Или ако сакате споредба со клубовите од Мадрид...Вардар е Реал Мадрид, а Металург е Рајо Валјекано кога се во прашање клупските традиции. Тука нема што да се крие, Вардар е традиција, квалитет, а оваа сезона повторно го врати и својот стар сјај. Тие се фаворити, но Металург исто така има екипа со шампионски квалитет и мојата задача и обврска е да продолжам да го водам тимот кон зацртаните цели, а тоа е самиот врв на македонскиот фудбал“, истакнува Ѓорѓи Христов.

Интересно е дека Христов имаше огромна желба во текот на својата активна кариера да игра во Вардар. Се сеќаваме дека дури и потпиша договор, беше промовиран како засилување, но поради познатите хаотични состојби што се случуваа во клубот во тој период, никогаш не излезе на теренот за да ги предводи „црвено-црните“ во навалната линија. Сега како судбина, Вардар му доаѓа на дебито како тренер на Металург во прволигашка конкуренција.

„Ме прашувате како се чувствувам?! Нормално. Нема трема, за некој страв не правам ниту муабет. Па, имам јас многу искуство во фудбалот. Некогаш мора да се дебитира, а јас како фудбалер дебитирав во поранешната југословенска лига на свои 16 години против Раднички. Убаво е што е Вардар, се радувам што ќе биде полн стадионот и се надевам на квалитетен натпревар“, заврши Гоце Христов.

Христов дојде на клупата на сениорскиот тим на Металург откако раководството се раздели со Жикица Тасевски. Тој имаше десетина денови за да работи со екипата во оваа пауза, а утре ќе има „огнено крштевање“ на клупата.
http://ekipa.mk/News.aspx?newsId=1546
 
На „Железарница“: Меч од висок ризик, доаѓаат 300 Комити
Спортскиот директор на Металург, Никола Ѓошевски, информира дека најавено е присуство на околу 300 членови на навивачката група „Комити“ на утрешното дерби меѓу Металург и Вардар, кои ќе бидат сместени на посебно место на трибината на стадионот „Железарница“. Сепак, не очекува никакви проблеми при организацијата, а задоволен е што по подолго време стадионот ќе се наполни.

„Вардар е магнет за публиката, дербито ќе привлече голем интерес, но нема проблеми со организацијата. ФФМ го прогласи мечот од висок ризик, а најавено е присуство на 300 Комити, кои, интересно, не ги носи ФК Вардар како клуб“, вели Ѓошевски.

Што се однесува до организацијата, според најавите од Никола Ѓошевски, дербито може да почне. Ќе биде интересно, затоа што тоа е дуел кој ќе разреши многу работи на врвот на табелата. Дали Вардар повторно ќе биде сопрен на „Железарница“ или ќе продолжи со победничката серија и по паузата, останува да видиме...Металург, од друга страна, има нов тренер, Ѓорѓи Христов, со кого сака да ја продолжи трката за шампионската титула. Доволна покана за љубителите на фудбалот утре во 14 часот да дојдат на стадионот „Железарница“.


НЕКА СЕ ПЛАШАТ!!!

П.С 500+
 
Мислам дека утре ќе биде сончево посабајлечки...
Како и сите денови претходно, преку ден сонце, после тоа ладно со можни врнежи...
Него мене друго ме плаши, дел од изјавата на Ѓошевски...
ФФМ го прогласи мечот од висок ризик, а најавено е присуство на 300 Комити, кои, интересно, не ги носи ФК Вардар како клуб, вели Ѓошевски.
Вардар не не носи како клуб т.е. доаѓаме на своја организација па може комотно да ни кажат дека ќе пуштат само 150 луѓе, а знаеме какви инциденти настануваат тогаш...
Незнам, не ми мириса на добро:)
 
Мислам дека утре ќе биде сончево посабајлечки...
Како и сите денови претходно, преку ден сонце, после тоа ладно со можни врнежи...
Него мене друго ме плаши, дел од изјавата на Ѓошевски...

Вардар не не носи како клуб т.е. доаѓаме на своја организација па може комотно да ни кажат дека ќе пуштат само 150 луѓе, а знаеме какви инциденти настануваат тогаш...
Незнам, не ми мириса на добро:)
Чим сме најавени 300 души,мора да не пуштат:) !
 
Да се собереме ние толку па ќе најдеме начин да влеземе. Чим на цистерни навивавме со Лисиче, не е проблем 500 души да се пикнеме у тоа ќошот у железара... :)
 
Неверојатно,хах.Само времево да не заебе многу,а по малку дожд може,зошто да не ?:icon_lol:
Не дај Боже дожд, не за друго, него кога врне уште толку се упропастува тоа нивата нивна што ја нарекуваат тревник!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom