Фан Клуб: Вардар

  • Креатор на темата Креатор на темата gerard
  • Време на започнување Време на започнување
Тоа да, на пример тие што си навиваат за клубот би дале и повеќе, ама што правиме со оние обични гледачи кој треба да се вратат на стадион. Како да се привлечат, затоа што обичниот гледач не го интересира состојбата во Вардар и дали Комити го платиле автобусот итн. туку е дојден да гледа убав фудбал. Значи не зборам за оние навивачи (во кој спаѓам и јас) кои се задоволни и со Вардар да игра лошо, само да победи бидејќи на крај краева тоа е и најбитното. Сепак останувам на тоа дека 150 денари е премногу за една карта во македонското првенство.
Се согласувам. Тоа беше само привремено
 
Денеска од 17.30, пријателска со Маџари на „Борис Трајковски“
 
Нема скапа карта за Вардар...посебно ако е 50 денари,сепак лани имаше многу турбуленции така да не сакав да гледам како некој се иживува брз нашата гордост ама оваа сезона не пропуштам меч на Градски посебно сега кога се во сабота мечевите :vozbud:
 
Сабота или недела не е проблем, Вардар е име и ако се продолжи во ваков ритам публика ќе почне да му доаѓа и на тренинзи, само потребна е добра маркетинг кампања пред натпреварите. Што се однесува до цената на влезниците,на дерби натпреаврите се јаде и 100тка а на утакмиците со екипи како металург ренова турново напредок итн итн треба да биде без пари влезот
 
Ако биде 50 ден.за на Јужна супер е,ама да не претеруваат 150 ден за со натпревари со послаби екипи,секако дека се иде да се гледа ВАРДАР,ама некој неможе да си дозволи секоја недела да дава по 150,ама сепак мислам најубаво ќе биде како со победа влез слободен и 3000 публика и одлично навивање.
НАПРЕД ВАРДАР ВО СРЦЕ ТЕ НОСАМ!!!!!!!!
 
:oftopic:Не сакав да отворам тема за турнир кој трае една недела, но сакам да ги известам навивачите на Вардар, дека ракометниот клуб игра во силен турнир во Добој и сите натпревари на Вардар, ќе се пренесуваат на Еуроспорт2. Еве ви повеќе информации
http://www.tvturnirdoboj.com/index_ser.html
 
Знае ли колку е карта за во сабота? Дали беше сигурна информацијата дека за цела сезона ќе биде 50 денари влезот?
 
јас ке одам на јужна

ај ако некој знае колку е карта нека пише
 
Картата ќе биде 60 денари, а плус се добива знаменце и освежувач за кола. Мислам дека е доста коректна цената на картата.
 
хеехехе ко на топ шоп

се зезам / ок ако е толку си мислев само да не е поскапа од 150

ок ок супер
а ти гоксо на запад идеш
 
Картата ќе биде 60 денари, а плус се добива знаменце и освежувач за кола. Мислам дека е доста коректна цената на картата.
Супер! Но, сакам да те прашам од кога би се продавале картите и каде ќе се продаваат?
 
Супер! Но, сакам да те прашам од кога би се продавале картите и каде ќе се продаваат?

И јас сега прочитав дека картата е 60 денари + знаменце како реквизит + освежувач за во кола. Прав потег на управата на Вардар, БРАВО во секој случај. Да ти одговорам на прашањето, ќе се продаваат стандард пред Градски или евентуално ако биде отворена билетарата што ми е пологично. Инаку најверојатно ќе доаѓаа и Чкембари па по подолго време мислам дека ќе гледаме ДОБАР фудбал во Македонија односно право дерби.
 
Ејјј супер цена браво до управата и до гестот со знаменцата и со освежувачот,е сега на ред се Скопјани чија крв е црвено-црна и да дојдат со пелистер,и на другите натпревари,и да го бодрат ВАРДАР!!!
Ама штета за со пелистер чкембари може немале да доаѓаат оти биле разочарани од управата и од ситуацијата во клубот за џабе ќе доаѓале знаеле дека ќе изгубат...

 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom